ANDROID (OS и телефони) vs APPLE (iOS и iPhone)

Кој (според вас) е подобар?

  • Android

    Гласови: 154 78,2%
  • Apple iPhone

    Гласови: 43 21,8%

  • Вкупно гласачи
    197

ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Ај вака да си кажам сеа јас :D

Имам ајфон некои добри 2 месеци, а за несреќа уште нема џеилбрејк за 4S-от. Телефонот е топ, лежи на рука и се осеќа квалитетот на изработка, има убава резолуција, држи батерија, али се осеќам уназадено со тоа шо цело време морам да ја гледам позадината која е уствари МЕНИТО, телефонот нема она, како би му дошло, на некој начин десктоп. Нема виџети, морам да пуштам апликации за да проверам нешо, не можам да си ги повлечам на десктоп зашо нели нема...
Телефонот воопшто немал софтверски проблем до сеа, камерата си е топ, али за една обична песна да префрлам треба да го поврзувам со компјутер, а и еве веќе 2 месеци чекам џеилбрејк за да можам да ги искусам кракнатите игри, се убив од трчање на Temple Run и еве сега Temple Run 2 :pos:

Се на се, задоволен сум од телефонот но мислам дека Андроид повеќе би ми одговарало, пред се поради флексибилноста и кастомизацијата од самиот корисник.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
А извини не треба да ги пачираш и да рутираш за Андроид?

Штета што не го правеле iOS овие од Apple лесен за кракирање...забелешкиве воопшто не ти се на место.
Забелешките на дечкото се сосема на место, твоите не се.

Не, не треба да ги пачираш, ретки се тие што тражат пач. Еве моментално немам ниедна што бара пач, само симнеш и инсталираш.
А оние што треба да ги пачираш се пачираат за помалку од 10 секунди.

И не, дефинитивно не треба да рутираш за да инсталираш пиратска (или легална не од плеј стор) апликација.

Sent from my Nexus
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Magic butt.

Треба да ја пачираш со Lucky Patcher, за тоа треба рут иначе не проаѓа.

Иначе ми се допаѓа што викаш дека забелешките му се на место, значи и ти не знаеш да разликуваш помеѓу "синхронизација" и "инсталирање" преку iTunes.
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Како што кажа членот погоре, ретко која апликација бара пач. Од 200 апликации на телефонов само една (титаниум бекап) ми е на пач.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
А извини не треба да ги пачираш и да рутираш за Андроид?

Штета што не го правеле iOS овие од Apple лесен за кракирање...забелешкиве воопшто не ти се на место.
за некои апликации, за повеќето немора рут или ...пач.. (wtf пач?)..
И плус, десктопот што го има на Android е прајслес во споредба со менито на iOS...иако iOS е попрост, барем кога ќе го одклучам телефонот одма тука на десктоп ми стојат важните состаноци, to-do задачи и сл. Вака треба да кликам по иконки на iPhone
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Magic butt.

Треба да ја пачираш со Lucky Patcher, за тоа треба рут иначе не проаѓа.

Иначе ми се допаѓа што викаш дека забелешките му се на место, значи и ти не знаеш да разликуваш помеѓу "синхронизација" и "инсталирање" преку iTunes.
Па ти кажав, има некои кoи бараат пач како оваа твојава апликација со газови, но ретки се тие. Во главно се се сведува на симни-инсталирај.
Имам околу 40 апликации во телефонот од кои половината не се бесплатни, т.ест се пиратски и ниедна од нив не треба да се пачира.
Знам јас која е разликата меѓу синхронизација и инсталирање, а исто така знам и дека на андроид за да инсталирам пиратска апликација ниту ми треба рут, ниту ми треба ајтјунс, ниту ми треба компјутер воопшто, симни-инсталирај - simple as that.
 
Ако збориме за пиратски апликации, не е главен фактор itunes или што било друго. Златен Installous, сега ќе видиме замената која ќе биде, дали vShare или нешто друго...

Кога ќе имате такво нешто ШТО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА на Андроид, тогаш ќе правиме муабет кој е подобар за пиратски апликации.
 
Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960

Јас користам BlackMart Alpha,нема што нема во неа,башка не треба да ти е рутнат телефонот,само ја симињаш од гугл.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ако збориме за пиратски апликации, не е главен фактор itunes или што било друго. Златен Installous, сега ќе видиме замената која ќе биде, дали vShare или нешто друго...
дса
Кога ќе имате такво нешто ШТО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА на Андроид, тогаш ќе правиме муабет кој е подобар за пиратски апликации.
Инсталус ви го сјебаа.
Иако не гледам потреба зошто да имаме такво нешто, а ОДАМНА ИМАМЕ ШТО ФУНКЦИОНИРА, кога на повеќето ни е полесно СИМНИ-ИНСТАЛИРАЈ.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас користам BlackMart Alpha,нема што нема во неа,башка не треба да ти е рутнат телефонот,само ја симињаш од гугл.
Не ги знам новиве, порано имаше неколку од кои работеа/не работеа од време на време.

Иначе не зборам само за на телефон, преку apptrack.us се симнуваше се и сешто директ на компјутер, па го инсталираш бежично и средена работа.
Плус збориме за релативни работи - скоро секој телефонот си го џејлбрејкува или снима custom rom, така да што можело на stock е небитно. Не може да збориме пола практично (пиратски), а пола нереално (демек на stock), кога се знае дека за нашите потреби сите си менуваме фирмвер/праиме џејлбрејк.

Ако има на Андроид сега нешто што функционира на ниво на Installous/apptrack како iOS, тогаш платформите конечно се изедначија од тој аспект.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
И те како е битно што може да се направи на сток. Многу луге не ги рутираат или џејлбрејкуваат телефоните.
 
Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Не ги знам новиве, порано имаше неколку од кои работеа/не работеа од време на време.

Иначе не зборам само за на телефон, преку apptrack.us се симнуваше се и сешто директ на компјутер, па го инсталираш бежично и средена работа.
Плус збориме за релативни работи - скоро секој телефонот си го џејлбрејкува или снима custom rom, така да што можело на stock е небитно. Не може да збориме пола практично (пиратски), а пола нереално (демек на stock), кога се знае дека за нашите потреби сите си менуваме фирмвер/праиме џејлбрејк.

Ако има на Андроид сега нешто што функционира на ниво на Installous/apptrack како iOS, тогаш платформите конечно се изедначија од тој аспект.
Батка јас во последните 3 години користам Андроид,и од секогаш имало или Apptoide или BlackMart и сл. апликации за пиратерија,не е тоа нешто ново.Во врска со рутот кај Андроидот,рутот е бенефиција и во ниеден случај не е нужност.Затоа не се согласувам со тебе дека не е битно што може на Stock,и те како е битно.Обичниот корисник нема време да се замара со рутови,кастом ромови,џеилбрејкувања.Ако сакам Titanium BackUp,DSP Manager,оверклокување,CPU Контрола,свеж и напреден оперативен систем,подобра батерија итн...,да тогаш ќе го рутнам.Апликациите на Андроид што бараат SuperUser,се многу малку,да речeмe 5% од PlayStore.Скоро сите апликации што се во Play Store,се кракнати,доволно е да ја уклучам апликацијата за превземање и да стиснам инстал,исто ко од Play Store,по ботски амин,и ова е веќе со години.
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Шо се напнавте со тој Installous или како и да се вика... 2+ месеци чекам џеилбрејк за 4Ѕ и уште ништо нема, се правдаат по форуми дека iOS 6ката бил тежок за пробивање.
Немам ниту една кракната апликација на телефонов, а да имав андроид до сеа ќе беше фул со све и свашта :)
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 03:08 ---

Even the magazine is twice the price :pos:
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Доста карање има околу сингронизацијата на музиката гледам

Кога имав андроид телефон од што ме мрзеше да ја средувам песната во албумм, и во категорија и што ли не јас само ја префрлав на сд картица. И кога ќе ми се собереа 400+ песни БЕШЕ ХАОС.

Сега на windows phone моментално користам Zune, исто лајно кај iTunes но кога ги редам песните ми се барем средени. Знам која каде ја ставам, во кој категорија да си ја најдам и слично.

Истото важи и за ајфонот кога ќе го свртеш со cover flow да ти е милина да листаш.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Батка јас во последните 3 години користам Андроид,и од секогаш имало или Apptoide или BlackMart и сл. апликации за пиратерија,не е тоа нешто ново.Во врска со рутот кај Андроидот,рутот е бенефиција и во ниеден случај не е нужност.Затоа не се согласувам со тебе дека не е битно што може на Stock,и те како е битно.Обичниот корисник нема време да се замара со рутови,кастом ромови,џеилбрејкувања.Ако сакам Titanium BackUp,DSP Manager,оверклокување,CPU Контрола,свеж и напреден оперативен систем,подобра батерија итн...,да тогаш ќе го рутнам.Апликациите на Андроид што бараат SuperUser,се многу малку,да речeмe 5% од PlayStore.Скоро сите апликации што се во Play Store,се кракнати,доволно е да ја уклучам апликацијата за превземање и да стиснам инстал,исто ко од Play Store,по ботски амин,и ова е веќе со години.
Добро, јас ти признав за сега дека е средено, чим ти викаш така. Не мора да ме учиш за тоа како било пред 3 години дека било.

Еве ти чист пример - HTC Desire. Телефонот на сток ром беше заглавен да ги снима апликациите директ на интерна меморија, таа беше мала, дури и со app2sd не можеше се да се префрли. Потребно беше рут да се прави. Значи добиваш сток ром, не го бива за кур, мора нешто да менуваш. Сега фала богу дека не е така.

Друга работа, BlackMart и сличните... Сум ги користел, сум пробувал да инсталирам преку нив. Од сите денови во неделата, BlackMart ако ги пуштеа серверите во вторник, иначе бел екран гледаш.

На времето и Принц го прашував дали има асална десктоп страна за Андроид апликации (налик на apptrack), он ми даде линк од тема од форум, таму ги аплоадирале.

П.с. Смешно ми е како за подобра батерија ги рутирате телефоните...отсекогаш ми било смешно кога некој ќе го каже тоа. Само што не верувам дека ќе го сфатиш правилниот аспект на тоа зашто е смешно. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom