Нема во Македонија поштени женски, со исклучок на мајките на мажите што пишале тука, се` друго се курвештии и дрољи. Тоа е веќе одамна утврдено, на милијарда други теми. Али од непознати причини никој ни да зуцне за моралот на македонските мажи. Затоа јас ќе кажам збор-два на таа тема.
Македонските мажи, со чесни исклучоци, би легнале се` што мрда и има минимум две нозе и вагина.
Главно животно мото им се мудрости од типот "Јебо не јебо, време курцу пролази", "Oд бирача нема јебача и слично."
Кога и да се појави тема за некоја изротка на форумов, неизбежни се репликите од типот I'd still tap that, Hehe brad i ja bi ja plesnal ke i staam kesa na glaa me boli kur so e grda со кои мажите се обидуваат да ја докажат својата машкост. Имам една новост за вас: Фактот што би ја легнале Вале Гулабица не ве прави фраери, напротив, ве прави очајни и патетични.
Мажите наши сакаат да изебат се живо и диво, да имаат секс без обавези пошо за врска повеќето од нив се и онака неспособни, да имаат секс на прво излегување, уствари сакаат да имаат секс без и да излезат со некоја, онака додека одат по улица сакаат жени да им скокаат на курот, сакаат да испробаат тројки, четворки, петки и секаков вид на групњаци, се фалат дека преферираат странкињи затоа што со нив полесно стигнуваат до секс, сакаат да испробаат се што виделе на порничи , да нанижат троцифрен број рецки на списокот, да го снимаат скришно сексот, па после да ја уценуваат девојката, или во најмала рака да се пофалат пред другарите...
За нивната верност ич да не почнувам, веруваат дека нивно право и должност е да ја искористат секоја можност да бидат неверни, во спротивно ќе искочат мекуши и другарите ќе ги заебаваат дека се папучари. Peer4e trebase da ja plesnes onaa be, so ima veze so zena ti se porodi pred tri dena, gajle ti e, ednas se zivee. Buljas so ne i se pustis na konobarkata be, i onaka si sto godini so zenska ti, ne bidi glup, sekoj den grav ne se jade. Јас на пример, се имам откажано од идејата дека дечко ми или маж ми ќе ми биде верен, единствено очекувам барем да ја крие швалерката, ама мислам дека и тоа е премногу да се бара.
И кога таквите мажи ќе начукаат 30+ години и ќе решат да се женат, почнуваат да кукаат како во земјава немало поштени девојки затоа што они, замисли не можеле да најдат невина девојка на тие години. Почнуваат да ламентираат за времето на нивните баби и дедовци, кога жените ја губеле невиноста на првата брачна ноќ. Само, забораваат една работа, и мажите ја губеле невиноста на првата брачна ноќ. Логично нели, ако жените се чуваат до брак, и мажите, сакале-нејќеле ќе си седат невини. Ама не, они сакаат ем да се шинат од ебење, ем да земат невина жена и гордо да го оптегнат крвавиот чаршаф на чардак.
Тоа е главниот проблем на нашите мажи, пропагираат некои морални норми, а не им паѓа на памет да ги почитуваат истите. Лицемерие до коска. Уште еднаш ќе кажам, секоја чест на исклучоците, а на оние другите би им порачала да престанат да оговараат како бабетини по темиве и да почнат веќе еднаш да живеат според нормите кои ги проповедаат.