- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
Прашањево оригинално потекнува од времето на робовите.Кој ќе одговори погрешно станува "жена" или потчинет ,а кој точно е примен во групата.
И јас би ти одговорила како Crazy in Love, не гледам што е погрешно во тој пристап. Напротив, мислам дека е најкоректниот можен.
Ја сфаќам поентата, но мислам дека во овој контекст е тотално промашена, бидејќи:
- Ако јас ти понудам чадор, тоа е знак на мојата солидарност и не е никаков знак на слабост да го прифатиш. Истото и ти би го сторил да беше обратно, нели?
Но! Да го отфрлам чадорот за да му удоволам на твоето его, кое не го сфаќа како помош моето постапување, туку како акт на доминација/субмисивност, ми е тотално ирационално, бидејќи на крајот обајцата ќе умреме од пнеумонија од дождот.
Тоа е како да имаме прибор за лов, со кој треба да се прехраниме, арно ама, ти ќе го сфатиш ова како желба за доминација од моја страна, нема да прифатиш и што? Јас треба да го фрлам приборот и да гладувам со тебе, дур не цркнеме од глад, за да ти не се осетиш понизено? Нема смисла!
И те молам не го поистоветувај поимот жена со потчинетост. Потчинетоста е карактерна особина која ја имаат и мажи и жени, не е женски ексклузивитет.