Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
11 дена пред во плус.
Интересно кога расте расте кога паѓа паѓа кога е рамна е рамна.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
На Сител (економски вести) слушнав нешто како: ЕБРД предвидува крај на рецесијата во ЕУ зона те постепен излез од криза во 13 и 14.... но ништо од тоа неможам да најдам на нет. Да не булазнат нешто овие од Сител или мене така ми се (сони) слушна!?
Ако е така, ќе продолжи растот на берзата!?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
На Сител (економски вести) слушнав нешто како: ЕБРД предвидува крај на рецесијата во ЕУ зона те постепен излез од криза во 13 и 14.... но ништо од тоа неможам да најдам на нет. Да не булазнат нешто овие од Сител или мене така ми се (сони) слушна!?
Ако е така, ќе продолжи растот на берзата!?
Многу организации го велат истото веќе со месеци...така да би требало...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
На Сител (економски вести) слушнав нешто како: ЕБРД предвидува крај на рецесијата во ЕУ зона те постепен излез од криза во 13 и 14.... но ништо од тоа неможам да најдам на нет. Да не булазнат нешто овие од Сител или мене така ми се (сони) слушна!?
Ако е така, ќе продолжи растот на берзата!?
Не е се' така розево. Еве што викаат од Светска Банка
Светска банка: Годинава 1% раст на македонската економија

Економскиот ратс годинава нема да биде поголем од 1%, објави во последниот извештај на Светска банка.

Инаку, банката ја ревидираше проекцијата од 2% на 1% како резултат на зголемите ризици за намалување на извозот поради европската криза и одложувањето на дел од најавените странски инвестиции.

Еве што стои во извештајот на Светска банка. Годинава прогнозата за раст е 1%, во 2014 Светска банка проектира пораст на економијата од 2,5%, додека во 2015 година растот се очекува да биде 3,5%
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Не е се' така розево. Еве што викаат од Светска Банка
Светска банка: Годинава 1% раст на македонската економија

Економскиот ратс годинава нема да биде поголем од 1%, објави во последниот извештај на Светска банка.

Инаку, банката ја ревидираше проекцијата од 2% на 1% како резултат на зголемите ризици за намалување на извозот поради европската криза и одложувањето на дел од најавените странски инвестиции.

Еве што стои во извештајот на Светска банка. Годинава прогнозата за раст е 1%, во 2014 Светска банка проектира пораст на економијата од 2,5%, додека во 2015 година растот се очекува да биде 3,5%
Позната шема дури во 2015 асален раст може и 2016 и најверојатно ќе пукне некоја инфлација па ќе мораат да креваат каматни стапки и чуда да се борат против неа и економија пак во аут или некое друго чудо ќе се деси и пак рецесија и се од почеток :LOL: Забавно нели :LOL: Абе Ја знам песнаат сто пати чуена. Кога е рецесија ќе пекаат дека нема работа и пари кога е експанзија ќе плачат поради инфлација. Никако да им се угоди:LOL:... Заеби тоа розево не розево се е исто срање или убавина зависно од перспективата:LOL:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Пред 2 години може и повеќе цената на една акција беше околу 27 000 денари. Сега немам претстава што се случува ама тешко дека ке се поправат.
Ќе ги опраи ‘‘Пуцко петрол‘‘ :pos: .... ОКТА највредната македонска компанија!
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Што е работа со пуцко петрол ај осветли ме не сум во тек баш последно време
Утре ќе купат пристоен % акции од ОКТА.... ова од инсајдерски информации!:pos: Се зезам... СИТЕЛ објави:
Домашната „Пуцко Петрол“ е новиот акционер на „Окта“
Домашната компанија Пуцко Компани е купувачот на акциите на ПИОМ во ОКТА, дознава Сител.
Во двете транскации минатата недела компанијата купи над 90 илјади акции од скопската рафинерија за вкупно 625 илјади евра.
Новиот акционер сега поседува близу 11% од капиталот на ОКТА.
Грчкиот сопственик Хеленик Петролеум со тоа поседува 82% од акциите, а влезот на домашна компанија во сопственичката структура познавачите ја толкуваат како позитивен чекор за македонското стопанство. http://sitel.com.mk/domashnata-pucko-petrol-e-noviot-akcioner-na-okta
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
182
Поени од реакции
38
Има ли некој акции во ТПЛФ ?
Имате нешто начуено ?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мала споредба на АЛК и РЕПЛ од дивиденден аспект. АЛК има дивиденда од 4% РЕПЛ има 8% но АЛК има многу постаблен и континуран раст на дивидендата 5-10% годишно и исплаќа 40% од добивка како дивиденда додека РЕПЛ има понестабилна дивиденда и исплаќа 80% од добивката како дивиденда. Во последните 9 месеци АЛК има речиси иста добивка како 2011 значи дивидендата би била слична како 2012 во 2013 додека РЕПЛ има раст на добивка од 30% значи може да ја зголеми дивидендата но РЕПЛ е многу поризична акција од дивиденден аспект многу лесно таа може да падне а најверојатно тоа би резултирало и со пад на капиталната добивка од акција нешто што потешко ќе се случи со АЛК. Згора на тоа слични фирми се од ист сектор. Но РЕПЛ е поризична акција од АЛК. Најверојатно РЕПЛ на краток рок ќе оди подобро од АЛК ама треба многу внимателно со таа акција. Нема да биде чудо ако тресна после исплата на дивиденда или ако има малку полоши финансиски извештаи.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Што мислиш Stefus Corp. ќе продолжи ли растечкиот тренд на берзата? Никој незнае додуша ама што прогнозираш?
Денес поприлично рипнал индексот..... УНИ и мене омилената ОКТА збеснале! :) Или толку беше... фатива позиции за дивиденди и сега за недела-две пак у летаргија!?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Јас почнувам да мислам дека можеби ќе се реши прашањето за името, ако е така тогаш очекувајте за краток период од 6 до 18 месеци раст на МБИ10 од 3,5 до 4 ооо индексни поени или x2 од сега. Можеби некој фаќа позиции со време. Можеби грешам ама има две нешта што ми се сомнителни. Сите вложувачи се мали приватни (расцепкани) не се тоа фондови или др иснтитуцинални вложувачи, а се купува се дури и акции што не делат или имаат мали дивиденди! Лани беше чиста позицијата растеа само акциите што имаат солидна дивиденда (кмб, рпл, алк и сл) и во истиот овој период имаше раст. Сега ресте стил и макпетрол што не дела дивиденди и кои многу паднаа лани тоа е интересно.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
Во блиска идинина не очекувам дека индексот ќе оди над 2500 индексни поени,ова нема да потрае многу најкасно до април и после тоа пак од ново исто како лани.
Ова е само мое размислување,а времето останува да покаже како и што ќе биде.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Што мислиш Stefus Corp. ќе продолжи ли растечкиот тренд на берзата? Никој незнае додуша ама што прогнозираш?
Денес поприлично рипнал индексот..... УНИ и мене омилената ОКТА збеснале! :) Или толку беше... фатива позиции за дивиденди и сега за недела-две пак у летаргија!?
Што знам мене само ми изгледа дека има дно или блиску е до дно на МСЕ. Рецесијата е прикрај и дека треба да расте ама само „треба“. Акциите изгледаат подценети а би требало да има следен циклус на економска експанзија така да би требало да има позитивен поврат на берзата за време на следнава фаза од бизнис циклусот...А колку кога како појма немам во основа планот ми е да ги чувам барем најголем дел од акциите до следната контракција или барем блиску до следниот експанзивен пик...сега за сега не ми изгледа дека ќе има наскоро. Од прилика тоа ми е планот конкретни бројки на цели на берза баш и не ми значат многу. Би требало да расте но не би било и чудо да остане рамна или некој минус во следнава година.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Ќе видиме јас мислам дека растот ќе потрае (краткорочно) за овој период до пресекот кога ке се делат дивидендите. Многу правилна линија има на растот и на падот претходно, односно, слабо варира берзата кога пагаше- пагаше сега ресте и тоа упорно во низа. Тоа е доказ за недоволно развиен пазар каде два-троја крупни играчи можат да го моделираат пазарот на краток рок. Лани имавме многу силен не логички пад на берзата споредбено и со регионот и со западните пазари. Затоа можно е оваа година да имаме поголем раст кои би заглавил негде од 2200-2500 МБИ 10, освен ако не се сменат некои работи околу нато и еу интеграциите. Мое мислење дека објективно цената (реална) на МБИ 10 е околу 3500 ама знаете како е се до односот понуда-побарувачка, така да немора ова ништо да значи. Можни се и други ризици, кои ме плашат политички (мислам на полициско-партиски) можно е свесно да се обезвреднуваат некои компании за да бидат ефтино купени, како во транзицијата само сега на софистициран начин преку берзата. Како поинаку да ја коментирам акцијата на Топлификација и ова околу Балкан енерџи груп! Претходно слично беше и со една банка... Е сега дали дното е допрено или ќе оди надолу уште искрено не знам али не исклучувам и дополнител пад и под 1500. Ама сигурен сум дека ако сега вложите за 2 години ќе имате барем еден денар повеќе =)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom