СП Ракомет: Maкедонија - Русија 16.01.2013 15:45 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Шундовски: Лазаров реши последниот шут да го има Георгиевски и не погреши!

„Идејата беше да се заврши или преку пикер или крило. Цел ни беше градење на чист напад и шут од шест метри, без разлика од кој ракометар. Играчите се тие што со своето искуство решаваат каде ќе оди таа топка. Кире Лазаров овој пат реши тоа додавање да оди до Георгиевски и многу ми е мило што токму тој го постигнаа израмнувачкиот погодок“, изјави популарниот Шундо.

Селекторот напомена дека пред мечот со Русите биле свесни дека само со сто-отстотна ангажираност би можеле да се носат со силниот противник.

„Игравме многу добро, демонстриравме фантастичен карактер и не дозволивме да паднеме во резултатска криза. По поразот од Исланд кажавме дека ќе дадеме се од себе за да дојдеме до позитивен резултат. Се случи токму тоа, одигравме квалитетно, со срце. Се уште ги имаме оние мали проблеми во нападот, но задоволен сум од играта во одбраната. Воедно, покажавме нов момент во нашата игра – трансформацијата од одбрана во напад. Во текот на целиот меч бевме во негатива, но мислам дека ако не промашевме некои шутеви можевме да направиме и нешто повеќе од реми“, дополни Шундовски.

http://www.mkd.mk/90739/sport/sundo...dniot-sut-da-go-ima-georgievski-i-ne-pogresi/

Зошто Шундовски неможе да увиди дека хх % од головите ги примаме од трансформацијата од напад во одбрана или и тоа треба Кире да му каже.
А за ова дека сме играле многу добро , немам коментар. Игравме добро последните 15 минути. А тоа шо ни збрцаа разлика од 6 на почетокот на второто и што такво нешто ни стана пракса никому ништо. Освен тоа реализацијата со играч повеќе како во одбрана така и во напад ни е многу слаба. Има многу работи да се поправат и далеку сме од тоа да гледаме и читаме задоволен тренер. Не за друго туку затоа што имаме квалитетна репрезентација кои веќе имат огромно меѓународно искуство.
 
ФИЛИП ЛАЗАРОВ
Абе што кур толку ви смета Филип бе па џабе зборите само бе кога човекот на Светсковоо има подобар учинок од Наумче и Миркулвоски само сте се фатиле за него ко боже само он е крив за лошата игра, он игра колку што разбира и дава максимум само џабе тропате безвезе.
 
Кај Борко ме нервира што кога му шутираат бековите од 9 метри во најголем број случаи највеќе се ослонува да брани по шема, односно по анализирани нивни шутеви претходно, а не и по слободна проценка, нешто што со голем успех го прави Станич.

Ок, нормално дека треба да се брани и по претходно утвреда шема врз основа на претходни анализи на нивните шутери, во кој дел од голот шутираат највеќе, али побогу брани и по своја проценка кога ти шутираат од 9 метра, а не уште пред да шутне играчот он веќе ја има заземено едната страна а другава му е слободна односно празна. Исто на ова првенство многу е слаб со шутевите кои му се одбиват од земја, иако страната ја има погодено, некако ептен слаби рефлекси има за тие удари кога топката му се одбива од земја.

Али ок, повторно тоа не е нашиот најголемиот проблем, се виде апла што ни е најслабо на ова првенство до сега, а тоа е нападот, што ради само една те иста шема на напаѓање што ради слабата форма на Мојсо и Миркуловски со никаков бек-ап на клупата.
 
Абе што кур толку ви смета Филип бе па џабе зборите само бе кога човекот на Светсковоо има подобар учинок од Наумче и Миркулвоски само сте се фатиле за него ко боже само он е крив за лошата игра, он игра колку што разбира и дава максимум само џабе тропате безвезе.

:pos:
Абе тој не е за во репрезентација на тоа прашање одговарам погоре исто ко што не е и Бранче.
 
Друже си ја утнал темата ова е тема за Македонија.
Шизик пред да почне утакмицата,се трескаше од земја за тоа како си сакал да победиме денес и како нашиве да им ги затнеле устите на хејтерите?

Кој е дострелот на Златко Мојсовски?Кратко и јасно одговори ми,не ми врти други муабети.
 
Шизик пред да почне утакмицата,се трескаше од земја за тоа како си сакал да победиме денес и како нашиве да им ги затнеле устите на хејтерите?

Кој е дострелот на Златко Мојсовски?Кратко и јасно одговори ми,не ми врти други муабети.

Абе не биди глуп ја не ги делам играчите и Златко не е за во репрезентација и не игра и не треба да игра за разлика од Филип кој се форсира со сила... Такада ти кажав темава е за Македонија не за клубски бои и кој од каде е.
 
Грлово ме убива од болка од што викав, прстиве ги изгризав и веројатно имам чир на желудник, али брате ме израдуваа. Криво ми е кога знам дека можат повеќе, а не даваат се од себе, ама денеска особено во второ полувреме оставија срце на терен. Тоа е тоа, толку ми треба мене од нив.

Столе бе младичу, браво. Кој ќеф ми е да го гледам со осмехот додека го прогласуваат за играч на мечот. Браво, сто пати браво за него. Совршено одиграно. :cuc:

И не му замерувам на Манасков за престапите, детето не знам како има душа, напред назад, без никаква смена, па камен да беше ќе паднеше на терен.
 
Абе не биди глуп ја не ги делам играчите и Златко не е за во репрезентација и не игра и не треба да игра за разлика од Филип кој се форсира со сила... Такада ти кажав темава е за Македонија не за клубски бои и кој од каде е.
Враќам на твоите дегенски ситни провокации ;)

На тапет ти е само Филип,упати некоја критика и кон мизерните Наумче и Миркуловски,душо напатена...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom