Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Абе можеби да, само јас од тоа што сум го видел какви луѓе поминуваат на медицина, од таму сум го изградил своето мислење, луѓе кои биле да речам просечни, чат-пат учеле нешто, успеваат да поминат испити таму,ваму таквите веќе се откажаа(зборам за луѓе кои ги познавам), можеби тие се изолирани случаеви, можеби прават нешто што јас не знам, но ете поминуваат. Вистина е дека се учи 5-6 години, плус специјализација и тако даље,одговорна професија... Медицината е општо прифатена како тежок факултет и до пред некоја година и јас се согласував со тоа, ама не знам откако видов некои работи ми се измени мислењето. Сепак ќе повторам ова е мој став и на секого својот факултет му се чини тежок, има луѓе кои учат на приватни па се жалат било мн тешко имале по 150 страни за испит и тако даље... Да речеме дека не го знаеме туѓиот труд па неможеме да споредиме :D
Какви ти се тие пријатели што малце учат на медицина... кај мене е сосема спротивно, не ги ни гледам тие што студираат медицина. :D
Уште ли владее тоа мислење дека техничките факултети се тешки... според мене ФИНКИ е еден од полесните.
 
Исто. Сите пријатели шо ми отидоа на медицина somehow dropped off the face of the earth годиниве....
 
Какви ти се тие пријатели што малце учат на медицина... кај мене е сосема спротивно, не ги ни гледам тие што студираат медицина. :D
Уште ли владее тоа мислење дека техничките факултети се тешки... според мене ФИНКИ е еден од полесните.

No joke?
Технички факултет сам по себе си повлекува тежина, бара повеќе време и посветеност од општествените науки. Ако на Економски и Правен за колоквиум имаш 250 страни, седнуваш ги бубаш и тоа е. Овде само Калкулус од една тема имаш милион врсти на задачи. Дека е полесно во смисла логички е се, тоа да, ама е многу пообемно.
Јас како прошетана по факултетиве :D можам да кажам дека лани на Економски поминував како на шала, абе две недели пред колоквиум седнуваш бубаш се и толку. Овде по цел ден сум на факултет, имаме и лабараториски и мораш стално да си во тек со тоа што се случува зошто ќе бидеш како изгубен германец.
Општо, и материјата е поапстрактна на техничките факултети, посложена е и бара многу логика.
 
Ја има некој книгата Калкулус 2?
Истата од Калкулус 1 е, види на електро ако треба докупи си поглавја...интеграли,редови,функции од повеќе променливи тоа е од прилика, во случај пак да не ви скратат нешто зошто гледам почнале да кратат матреија од пола од предметите во прва, а со други глупости ве зезаат и ви додаваат да учите глупости, домашни и слични работи по дискретна веќе нема, за некоја година ќе излезе да биде потешко да завршиш информатика на некој приватен отколку на ФИНКИ, и се заради пусти пари и штанцање.дипломи...ама тоа е.
Искрено не верувам дека Калкулус ќе ви скратат нешто освен ако спуштат граници и услови за потписи, тоа осеќам, очигледно математиките од пмф се проблем (иако овде се предаваат дури и во скратена верзија од таа оригиналот на пмф, многу работи се веќе изоставени, што да кажеме се битни да се знаат чисто од „општи“ познавања на иден инженер, барем основните концепти да се знаат, не мора да го тупат со задачи или не знам што)...еве во втора година само 15-тина души имаме положено Веројатност и Статистика, а околу 200 го слушаат ако не се лажам.
Во принцип ако Кусакатов ви кажал да ја земете од ПМФ книгата за Калкулус 1, ќе треба да си докупуваш делови од Електро, таа не е целосна. Мислам по 30-40 ден. беше еден дел, нема нешто многу, се на се повеќе од 100-150 ден. не верувам дека ке те чини да си докупиш делови за Калкулус 2...
Се согласувам со постот погоре дека ФИНКИ е еден од полесните технички факултети, што мислам дека е, за жал, поради пари т.е подобро 700*(100е или 200е) отколку третина од тоа...а за условите да не збориме...смрдените бараки :facepalm:.
Чисто ме интересира, ако не се лажам студентите од 3та и 4та година слушаат предавања на ПМФ горе. Ме интересира дали тоа ќе остане традиција (ако има некој колега од 3та/4та да каже), не за друго да знам дали да си спремам планинарска опрема и малце да набијам кондиција летоска, да трчам на кеј, зашто од септември ќе биде весело ако треба да се пентариме на ридот.
 
Истата од Калкулус 1 е, види на електро ако треба докупи си поглавја...интеграли,редови,функции од повеќе променливи тоа е од прилика, во случај пак да не ви скратат нешто зошто гледам почнале да кратат матреија од пола од предметите во прва, а со други глупости ве зезаат и ви додаваат да учите глупости, домашни и слични работи по дискретна веќе нема, за некоја година ќе излезе да биде потешко да завршиш информатика на некој приватен отколку на ФИНКИ, и се заради пусти пари и штанцање.дипломи...ама тоа е.
Искрено не верувам дека Калкулус ќе ви скратат нешто освен ако спуштат граници и услови за потписи, тоа осеќам, очигледно математиките од пмф се проблем (иако овде се предаваат дури и во скратена верзија од таа оригиналот на пмф, многу работи се веќе изоставени, што да кажеме се битни да се знаат чисто од „општи“ познавања на иден инженер, барем основните концепти да се знаат, не мора да го тупат со задачи или не знам што)...еве во втора година само 15-тина души имаме положено Веројатност и Статистика, а околу 200 го слушаат ако не се лажам.
Во принцип ако Кусакатов ви кажал да ја земете од ПМФ книгата за Калкулус 1, ќе треба да си докупуваш делови од Електро, таа не е целосна. Мислам по 30-40 ден. беше еден дел, нема нешто многу, се на се повеќе од 100-150 ден. не верувам дека ке те чини да си докупиш делови за Калкулус 2...
Па тоа е финтата, незнам кој поглавја ќе ми требаат, јас ја зедов од електро книгата, ама како што кажав погоре оваа започнува од 639 а К1 заврши со 368, па не знам дали тие поглавјата измеѓу ќе ми требаат :(
 
Види, сигурно ќе ти требаат Интергали (мислам дека беа 2-3 поглавја), Редови, Функции од повеќе променливи(и се што е со двојни лимеси, мешани изводи, двојни/тројни интеграли итн итн...), ама причекај, кога ќе почнете со предавања ќе ви кажат точно кое поглавје од книгата ви треба за таа недела/и и од која едиција, така да немај гајле ако не се снајдеш сега. А ако сакаш од сега да си потфатиш задачки (ако тоа ти е намерата) тогаш во копирницата на феит земи си чептери за интеграли и чачкај таму задачи ;)
 
Јас Калкулус 2 скоро и не решавав премногу од книгите, а и тие задачите внатре се прелесни за американци глупи, туку си зедов збирка од Апсен и си седнав по ред и положив на колоквиуми. Инаку ги иам и 9та и 7ма едиција од таа книгата Anton Calculus во електронска форма ако хоче некој нека пиши. :)
 
Електраш четврта овде. Не се слагам со ставов ама ич.

Логика + пратење настава + правење лабораториски и проекти самостојно + малку посветено учење (или многу ако сакаш просек), и немаш проблем овде.

Медицински временски и те како многу повеќе треба да учат и да си ја тупат главата за да ја запамтат цела материја, и да ја памтат понатака у живот кога ќе треба да се бават со истата.

Ние секад го имаме интернетот, туторијали, а често и open source колоквиуми за работи шо никад нема да треба да ги памтиме и ќе ни бидат овде и у самиот процес на работење.

Можда (субјективно според нас) полесна е за сфаќање материјата на медицински, ама на крај ја се осеќам дека имам поише социјален живот од медицинскиве студенти шо гледам дека дремат деноноќно у читални и секогаш имат уште пола книга да учат. А мене ми се десило и само со слајдови од аудиториски да поминам по некои предмети (покрај предавањата и лабораториските), а верувам и тебе, не? ;)
Ако не оди со операцијата на пациентот рестарт и одпочеток.
 
Јас Калкулус 2 скоро и не решавав премногу од книгите, а и тие задачите внатре се прелесни за американци глупи, туку си зедов збирка од Апсен и си седнав по ред и положив на колоквиуми. Инаку ги иам и 9та и 7ма едиција од таа книгата Anton Calculus во електронска форма ако хоче некој нека пиши. :)

А бе друже да си каснеш од таквото, кај беше кога ја барав книгава.:icon_lol:

Некој да не ја има оваа книга: Calculus 7th edition, Howard Anton

Прати ми ја, ај сега ако можеш. ;) Т.е. прати ми ги двете.
 
Јас Калкулус 2 скоро и не решавав премногу од книгите, а и тие задачите внатре се прелесни за американци глупи, туку си зедов збирка од Апсен и си седнав по ред и положив на колоквиуми. Инаку ги иам и 9та и 7ма едиција од таа книгата Anton Calculus во електронска форма ако хоче некој нека пиши. :)
Прати ми ги и мене ако можеш :D
 
Некои материјали некој да не има по ОЕ 1? Инаку ако некој професор несака да ти даде потпис како на друг начин може да добиеш потпис за да запишеш семестар ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom