А тие што имаат петки на матурата како божем сите се заслужени? Матурата си нема две чисти(барем во моето училиште беше така).Прво на крајот сите ги имаат сите петки, имаат петки по математика не знаат две дропки да соберат итн итн... Е сега таквите луѓе си добија петки на матурата (препишување едно друго нели), некои од нив си се запишаа на медицина, на еко, на технички и тако даље... Ама еве гледам сега овие што беа на ФИНКИ, доста си се откажаа..Зошто? Затоа што ако незнаеш две дропки да собереш ти неможеш да положиш калкулус? Зошто ? Затоа што се е поврзано, си бара предзнаење предметот, за разлика од теоријата која можеш да седнеш и да ја учиш, не ти треба преднзнаеше едноставно е лекција и ја учиш. Е тие луѓе за да положат калкулус треба да седнат и да учат се она што го пропуштиле во средно па после да почнат со функции лимеси изводи и тако даље... Дали на тие што се на медицина им е тоа потребно? Не. Е тоа е разликата помеѓу нашиве факултети. Јас кога се запишав немав две чисти од програмирање, а тука имаше луѓе што навистина си се разбираа. Е видиш тие беа во голема предност пред мене и можеби сеуште се. На медицина тоа го нема, материјалот си е тој, си седнуваш и си го учиш, додека ете на пример програмирање почнавме од 0 и јас верувам дека имаше луѓе кои семестаров потрошиле едвај 5-6 саати на програмирање, додека мене на пример ми беше потребно многу повеќе време.
Едноставно јас си зборувам од лично искуство(можеби е погрешно,субјективно), споредено со другари кои се на медицина и количеството на учење,отценките, си заклучив дека на медицина би ми било полесно
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 22:23 ---
Значи како што кажав погоре, тоа е субјективно, јас повеќе ја сакам математиката, но сепак секогаш ми било полесно да учам теорија.