Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
И дали знае некој ратата за втор семестар кога се плаќаше, сеа на почетокот или на крајот негде ?

На почеток, при запишување на семестар. Ќе објават кај и да е датум за заверка на зимски и запишување на летен семестар. Дај боже да е се заедно, кој ќе се мафта по оние неорганизираните у студентски.
 
И дали знае некој ратата за втор семестар кога се плаќаше, сеа на почетокот или на крајот негде ?
Ко ќе се заверва зимскиот семестар ќе се запишва летниот и тогаш наеднаш ќе се прај. После испитната чекај :)
 
Сакам да слушнам ваше мислење за тоа кој предмет е подобро да се избере во втор семестар "компјутерски компоненти" или "веб дизајн" и зошто ... :)
 
Сакам да слушнам ваше мислење за тоа кој предмет е подобро да се избере во втор семестар "компјутерски компоненти" или "веб дизајн" и зошто ... :)
За кој е подобар предмет да се избери тоа зависи од тебе ама јас ќе ти кажам за Веб Дизајн оти тој го избрав јас. Не сум многу по хардверски предмети, а и веќе ќе имав сличен предмет на тој во истиот семестар (Архитектура и организација на компјутери). Плус незнаев ништо во врска со Веб Дизајн така да тој го зедов. Предметот е супер ако сакаш да почниш ВД од нула. Предавањата се колку така да се има нешто, јас не одев воопшто. На лаб се почнува со пишење ХТМЛ код, табели, основни правила околу кодот, правење на некои едноставни веб страни само со текст и табелчиња некои, листи. Ништо посебно.
Првиот колоквиум имаше само теорија. Некои безвезни прашања тривиа, и прашања со код. Паднав :D и не ни бев на вториот колоквиум.
Е после се почнува CSS. Скоро секогаш имаш готов ХТМЛ и да напишиш CSS. Прво со дополнување на CSS-от па после со пишење на целиот цсс сам. Мислам на вториот колоквиум имаше исто некој смрден е-тест и задача. Задачата беше да го напишиш цел CSS. Јас дирек бев на испит и имав е-тест и исто задача да го напишам CSS-от. Дозволени беа материјали печатени на колоквиумите и испитите. Прилично лесни задачи имаше, ако ги извежбаш убо лабараториските. 10ка лесно фатив. Али предметот беше скроз океј. Ако незнајш ништо околу ВД предметот е супер, лесен е. Уствари и КК е лесен предмет намерно оти се изборни. ;)
 
Јас па мислев до прв колоквиум се проаѓа и CSS целосно. Ние од е-технологии за пола семестар пројдовме HTML од основата плус CSS по Вовед во интернет. Ете ми шанса за лесна 10ка. :D
 
Сакам да слушнам ваше мислење за тоа кој предмет е подобро да се избере во втор семестар "компјутерски компоненти" или "веб дизајн" и зошто ... :)

Ти кажаа за Веб дизајн, јас ќе ти кажам за ККиП, тој го зедов јас. Компјутерски компоненти и периферии се викаше кај нас лани, сега вајда скратено е.

Предметот е ептен ОК ако си нуб за хардвер. Ако малку имаш чепкано по компјутери, отварано куќишта и сл. уште поубаво. Се учи типично компјутерски хардвер. Какви видови на кутии за куќишта постојат(лаички кажано де, form factor иначе). После се учи видови РАМ меморија, видови процесори, матични плочи, напојувања, кабли, магистрали, усб, на крај се завршува со монитори мислам. Имаш лабораториски каде на компјутерите со некој софтвер за детекција на хардвер гледаш какви перформанси имаат компјутерите во лабораторија, имаш демонстарација на крајот од часот, на лице место вадиш-ставаш РАМ плочки, процесор и слично.

Колоквиумите се лесни. То од слајдовите што е го учиш ко песна, онака, не на памет, ами со читање интересно е и го памтиш. Ја на колоквиуми фатив 10ка без проблем, без кизнај колку капење над книга.

Инаку се учи од книгата што е за полагање на CompTIA A+ сертификатот(google this). Се на се, убав предмет е, посебно ако си нуб за делови и си на ФИНКИ утре ко че отвориш ПЦ да се чудиш што е рам, што процесор, срамота е.
 
Некој збор за Архитектура и организација на компјутери , од тие сто го пиманале,
и за Калкулус 2 да прашам дали треба да имаш некој минимум на колоквиуми за да можиш да го полагаш на испит како Калкулус 1 или за Клакулус 2 не важи тоа ?
 
Nekoj da spodeli informacii za ispitot po prof. Vestini, dali esejot treba da se pisuva po nekoj pattern ili obicno, t.e. dali treba da gi citam knigite...
 
Nekoj da spodeli informacii za ispitot po prof. Vestini, dali esejot treba da se pisuva po nekoj pattern ili obicno, t.e. dali treba da gi citam knigite...

Сигурно имаш пишувано есеј до сега. Отвори книгата само прочитај уште еднаш како се пишува есеј и готово. А и ни ставиа нели како ќе се оценува па можеш да видиш што бараат од тебе.
 
Сигурно имаш пишувано есеј до сега. Отвори книгата само прочитај уште еднаш како се пишува есеј и готово. А и ни ставиа нели како ќе се оценува па можеш да видиш што бараат од тебе.
Па тоа е финтата ме мрзи да читам 300+ страни за тоа како се пишува есеј, иначе нормално знам дека треба да имам вовед почеток и крај, одредена теза која ќе ја застапуваме, да не спомнуваме против теза итн... Малце ме буни делењето на текстот на параграфи... :S
 
Нема на две-три страни објаснето како се пишува есеј? Не сум ни ја видел книгата јас, незнам. :D
Како и да е, гугл ќе помогне.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom