Што бараат атеисти на форум за религија?

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Зависи Ѓурѓа,ако некој каже поголем бисер од твојот,ништо.
Фала за пивото Ѓурѓа,ама со пиво Игорче и Ошо лажи си ги.
Не ја свати поентата......ај кога ќе пораснеш....
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
А бе, не прајте грев на душа атеистишта едни, сите ќе горите во.... Охрид на плажа пиејки ладно пиво на лежалка под чадор покрај многу убаи разголени моми. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
А бе, не прајте грев на душа атеистишта едни, сите ќе горите во.... Охрид на плажа пиејки ладно пиво на лежалка под чадор покрај многу убаи разголени моми. :)
А за атеистките? И за нив ли разголени моми? Нееееее.... ГреФ е тоа...
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ај, не си ласкај...:icon_lol:
да си ласкам? хаахахахаххах. само ми направи услуга ништо повеќе.... :)
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 16:54 ---
:facepalm:
Абе ти стварно нема што да правиш по цел ден а..... па рекла казала....па вака требеше да рече, па не сум навреден оти сум неверник ама ....:icon_mrgr:
А гледам и многу конструкции (конструктивен разговор од твоја страна....:pos:)
Нема поголем неверник од атеист на форумот религија.....да те потсетам дека подфорумов е религија а не атеизам и неверство
Шо би рекле Queen - Another one bites the dust....
Фала и на тебе пријателче што ја долови поентата на она што е напишано.. (y)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Секта е тип на луѓе кои се заспани , и одат по планетата земја со отворени очи...и многу сакаат да пропагираат
А кој дава оценка кој е секта, ете на пример за католиците вие православни сте отцепена секта оти сте се одвоиле од изворното учење на христијанството, за СПЦ МПЦ е секта оти се одвоила од мајката црква, значи дали има нкоја независна дефиниција што потпаѓа под секта? да важи за сите подеднакво не некоја пристрасна оценка од гледна точка на конкурентска фирма како на пример е православието наспроти протестанти или други варијанти на христијанството
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Let3,

настрана што не сум повикан, но ќе се обидам да дадам одговор.

Не сум поклоник на разно-разни дефинциии па би рекол дека секта е група од ликови со свој водач, кои од некоја ним позната причина, решиле да се одвојат од некоја задница на која и‘ припаѓале пред одвојувањето, сметајќи дека имаат вистина, која е „по точна„ од вистината која ја застапува задницата од која решиле да се одвојат.

За православните христијани, токму римо-католиците се одвоија од до тогаш едната Црква, а причините се јасни: не е Источната православна Црква таа која почна да воведува новотарии (филиокве, индулгенции, инквизиција, чистилиште, монашки редови, крстоносни војни...) туку токму Римската Црква, па сеа, ако некој воведува новотарии во веќе утврдено учење, а некој останува на тоа утврдено учење, шо мислиш, кој од кого се одвоил?...

Така, Римската Црква, на чело со папите и папството, практично се првите протестанти, кои „протестираа„ против веќе утврденото учење, векови и векови пред појавата на Лутер и негојо протестантизам во Германија од раниот 16-ти век.
 
Не си историски коректен и точен со овој пост.. ..

Да те прочита католик, истото ова што ти го пишуваш, ќе го рече тој за тебе..
А да беше ти католик, пак истово ќе го зборуваше за православните......

Прочитај ја историјата поубаво пред да се дрзнуваш да му судиш на некој што очигледно не го познаваш, а ти смета...

П.С. пак ја докажуваш истата поента од мојот претходен пост... од се срце сум ти благодарен на тоа...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не си историски коректен и точен со овој пост.. ..
Коректен сум во целост...
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:31 ---
Да те прочита католик, истото ова што ти го пишуваш, ќе го рече тој за тебе..
А да беше ти католик, пак истово ќе го зборуваше за православните......
Највероватно, ама и вака и така, некој би требало да ја каже вистината, а не неговото видување на нештата, гледано од негова позиција, без мерило за вреднување на точноста.

А веќе посочив: доволно е да споредиме кој внесе новотарии, а кој се‘уште се држи во утврдената вистина.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:33 ---
а православните......
Прочитај ја историјата поубаво пред да се дрзнуваш да му судиш на некој што очигледно не го познаваш, а ти смета...
.
Чија историја е то?...

Црквата има своја историја, а Светов има своја и поинаква...
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:34 ---
П.С. пак ја докажуваш истата поента од мојот претходен пост... од се срце сум ти благодарен на тоа...
Пак си ласкаш, но добро, бар тоа е бесплатно...:icon_lol:
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Коректен сум во целост...
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:31 ---
не не си.... подолу ти пишува зошто.. не иди со глава низ ѕид.. ќе ја распукнеш кад тад.... не чини...

Највероватно, ама и вака и така, некој би требало да ја каже вистината, а не неговото видување на нештата, гледано од негова позиција, без мерило за вреднување на точноста.
епа сеа види пријателе, ако од една страна велиш „коректен сум во целост“ а од друга страна за фактот дека и католикот, како и ти, би го тврдел истото што и ти го тврдиш - дека „они се секташи“, а на тоа даваш изјави дека тој факт е :„највероватно, ама и вака и така некој би требало да ја каже вистината ...“, онда брат ти стварно појма немаш шо збориш.. и по не знам кој пат ќе кажам, само ми го потврдуваш она кажаното за тебе во претходниот пост - и ми правиш услуга... фала ти....

А веќе посочив: доволно е да споредиме кој внесе новотарии, а кој се‘уште се држи во утврдената вистина.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:33 ---
резултатите ќе бидат 50-50 ... земи прочитај ги и изнеси ги, а не со фантазиско предубедување и со блесав дефетизам да отфрлаш се што не е во склад со твојата психа, како олицетворено учење на „твојата замисла за црква и христијанство“.

Чија историја е то?...

Црквата има своја историја, а Светов има своја и поинаква...
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 09:34 ---
Општа светска историја, а не рекла казала....
ама кој да чита.. треба некој да седне и да чита, со инка не се ставаат информациите в глава (освен ако не сакаш некого да идноктринираш - а во твојов случај тоа е повеќе од очигледно - „Црквата си има своја историја и таа е онаа вистинската - се друго не чини и е лажно и манипулаторско“)

Порасни човече, не се понашај ко мало дете....

Пак си ласкаш, но добро, бар тоа е бесплатно...:icon_lol:
Не си ласкам... да сум абдал црепосан, па да сум цврсто убден во нешто шо не е така и да докажувам овде залудно секојдневно, па ај да си ласкам ко некое петле...
Него ти ми правиш факинг добра бесплатна услуга, а уште не приметуваш...реков.. фала ти неизмерно! (y)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
На туѓо инаетење, возвраќам со мое двојно поголемо инаетење.
Ојме сос ред.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:41 ---
Него ти ми правиш факинг добра бесплатна услуга, а уште не приметуваш...реков.. фала ти неизмерно! (y)
Пак си ласкаш...По трет пад за 2 дена....Аман веќе...:icon_lol:
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:42 ---
Порасни човече, не се понашај ко мало дете....
Ти благодарам за советот, ама такво нешто не побарав од Тебе.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:45 ---
Општа светска историја, а не рекла казала....
Велиш, општа светска?...

Која е таа?

Онаа која ја пишуваат победниците, кои самите почнуваат војни, кои победуваат, кои му судат на поразениот и си ја пишуваат историјата гледана саде од нивна/победничка страна?

Да не прајме муабет за тоа што историјата е недокажлива, оти е неповторлива со никаков лабораториски експеримент, па не ме чуди тоа што историјата ја нарекуваат....онака како што ја нарекуваат, нели.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:48 ---
резултатите ќе бидат 50-50 ... земи прочитај ги и изнеси ги, а не со фантазиско предубедување и со блесав дефетизам да отфрлаш се што не е во склад со твојата психа, како олицетворено учење на „твојата замисла за црква и христијанство“.
Резулатот „50:50„ постои во многу нешта, но е и кога е вистината во прашање.Така, или е вистинито или не е вистинито! Ако секоја од страните „запне„ да толкува субјективно, секоја од страните ќе остане на своето. Ако и двете страни постават мерило за одредување на нивната вистинитост, мерилото ќе ги побие или потврди. Затоа веќе напишав: доволно е да погледнеме кој почна да воведува новотарии а кој остана на утврдената вистина и се‘ ќе стане јасно!

Во Црквата, мерило за вистината е сам Христос.

--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:49 ---
епа сеа види пријателе, ако од една страна велиш „коректен сум во целост“ а од друга страна за фактот дека и католикот, како и ти, би го тврдел истото што и ти го тврдиш - дека „они се секташи“, а на тоа даваш изјави дека тој факт е :„највероватно, ама и вака и така некој би требало да ја каже вистината ...“, онда брат ти стварно појма немаш шо збориш.. и по не знам кој пат ќе кажам, само ми го потврдуваш она кажаното за тебе во претходниот пост - и ми правиш услуга... фала ти....
Веќе одговорив, троа погоре.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Има повеќе причини за шизмата, но ако се осврнеме на чисто теолошките, тогаш лесно може да се види кој ги изменил работите и кој вовел нови учења, вон Библиски, и вон учењата на раното Христијанство.

На пример чистилиштето и Filioque кое е во спротивност со кажаното од Јован 15-26.

Исто така имаше пет центри, со пет Патријарси - Рим, Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија. После 1054-та на едната страна останаа Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија, а на другата страна - Рим. Од петте останаа четирите заедно, а Рим премина сам. Кој од кого се оддели?
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
На туѓо инаетење, возвраќам со мое двојно поголемо инаетење.
Ојме сос ред.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:41 ---
по 4 пат ти велам, фала на услугата што ја чиниш за постот од пред 2 дена..

Пак си ласкаш...По трет пад за 2 дена....Аман веќе...:icon_lol:

--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:45 ---
по 4 пат ти велам, не си ласкам, и уште еднаш 5-ти пат ти благодарам, од се срце, што ми чиниш феноменална услуга... а инаети се ти колку сакаш.. со тоа ништо не докажуваш....

Велиш, општа светска?...

Која е таа?

Онаа која ја пишуваат победниците, кои самите почнуваат војни, кои победуваат, кои му судат на поразениот и си ја пишуваат историјата гледана саде од нивна/победничка страна?

Да не прајме муабет за тоа што историјата е недокажлива, оти е неповторлива со никаков лабораториски експеримент, па не ме чуди тоа што историјата ја нарекуваат....онака како што ја нарекуваат, нели.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:48 ---
Да за онаа светска историја напишана од луѓе како тебе и мене, кои што си го потрошиле здравјето за да се обидат да научат луѓе како тебе, ама залудно....
И да историјата не е ни докажлива ни недокажлива.. историјата е само сплет од збир на настани.. само кој да чита.. Не можеш да си ја толкуваш како ти сакаш, како тебе ти одговара заради твојот „светоглед“, заради твое „личносно“ убедување и заради свој личен хир...

Се додека е така, не се обидувај да убедуваш некого и да се праиш инает со сила..

не ти личи на годините..

Резулатот „50:50„ постои во многу нешта, но е и кога е вистината во прашање.Така, или е вистинито или не е вистинито! Ако секоја од страните „запне„ да толкува субјективно, секоја од страните ќе остане на своето. Ако и двете страни постават мерило за одредување на нивната вистинитост, мерилото ќе ги побие или потврди. Затоа веќе напишав: доволно е да погледнеме кој почна да воведува новотарии а кој остана на утврдената вистина и се‘ ќе стане јасно!

Во Црквата, мерило за вистината е сам Христос.

--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:49 ---
Е баш затоа што е 50 - 50, за тебе 50 е вистинито она што ти го говориш, а другото е вистинито за оној од другата страна - католикот.. и обратно..
И се додека ти (као „православен“ - а не си православен кој знае шо си,, само пуста желба имаш ништо повеќе) субјективно го натураш на католикот она своето, а тој го прави обратното.. ќе има вакви срања и инаети какви што се читаат на форумов...

Новотарии имало од создавањето на црквата во време на Константин Велики, до денес.. и тоа со лопата да ги ринеш... а резултатот на сите тие новотарии е расколот 1054, затоа што не знаеле шо сакале братјата христијански и во која насока да терале..

И нормално е тоа да е така, со оглед да и самото рано (младо) христијанство, сеуште немало ни претстава за тоа во која насока ќе оди (немале бре претстава за тоа како изгледал, што и кој бил Исус, а камо ли за друго) ....

А се додека е така, одредени луѓе, како ти на пример, лично ќе си ја толкуваат и натураат историјата....

Веќе одговорив, троа погоре.
Да одговори, со повторна контрадикција, и типична „верничка“ одбрана, позади која се заиштитува сомнежот во сопственото верно..

7 пат- фала за докажување на поентата и на пружање на можноста дури сега да почнам да си ласкам :pos:..

Исто така имаше пет центри, со пет Патријарси - Рим, Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија. После 1054-та на едната страна останаа Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија, а на другата страна - Рим. Од петте останаа четирите заедно, а Рим премина сам. Кој од кого се оддели?
Секоја од себе самата..

Расколот бил неминовен уште од самиот почеток на создавање на црквата, а бил прашање на време.... Патетично е и илузорно да се зборува и обвинува некого за тоа кој од кого се разделил, а без притоа да се согледаат нередите во сопствениот дом, затоа што и едните и другите само го продлабочиле јазот што веќе настанал на првиот Никејски собор во време на Императорот Константин, а во кој се формирала црквата (која патем речено дотогаш не ни постоела).
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
фала на услугата што ја чиниш за постот од пред 2 дена..
по 4 пат ти велам, не си ласкам, и уште еднаш 5-ти пат ти благодарам, од се срце, што ми чиниш феноменална услуга... .
Молам, молам...
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Офф леле, дури и таква тема имало отворено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom