На туѓо инаетење, возвраќам со мое двојно поголемо инаетење.
Ојме сос ред.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:41 ---
по 4 пат ти велам, фала на услугата што ја чиниш за постот од пред 2 дена..
Пак си ласкаш...По трет пад за 2 дена....Аман веќе...
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:45 ---
по 4 пат ти велам, не си ласкам, и уште еднаш 5-ти пат ти благодарам, од се срце, што ми чиниш феноменална услуга... а инаети се ти колку сакаш.. со тоа ништо не докажуваш....
Велиш, општа светска?...
Која е таа?
Онаа која ја пишуваат победниците, кои самите почнуваат војни, кои победуваат, кои му судат на поразениот и си ја пишуваат историјата гледана саде од нивна/победничка страна?
Да не прајме муабет за тоа што историјата е недокажлива, оти е неповторлива со никаков лабораториски експеримент, па не ме чуди тоа што историјата ја нарекуваат....онака како што ја нарекуваат, нели.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:48 ---
Да за онаа светска историја напишана од луѓе како тебе и мене, кои што си го потрошиле здравјето за да се обидат да научат луѓе како тебе, ама залудно....
И да историјата не е ни докажлива ни недокажлива.. историјата е само сплет од збир на настани.. само кој да чита.. Не можеш да си ја толкуваш како ти сакаш, како тебе ти одговара заради твојот „светоглед“, заради твое „личносно“ убедување и заради свој личен хир...
Се додека е така, не се обидувај да убедуваш некого и да се праиш инает со сила..
не ти личи на годините..
Резулатот „50:50„ постои во многу нешта, но е и кога е вистината во прашање.Така, или е вистинито или не е вистинито! Ако секоја од страните „запне„ да толкува субјективно, секоја од страните ќе остане на своето. Ако и двете страни постават мерило за одредување на нивната вистинитост, мерилото ќе ги побие или потврди. Затоа веќе напишав: доволно е да погледнеме кој почна да воведува новотарии а кој остана на утврдената вистина и се‘ ќе стане јасно!
Во Црквата, мерило за вистината е сам Христос.
--- надополнето: 11 јануари 2013 во 13:49 ---
Е баш затоа што е 50 - 50, за тебе 50 е вистинито она што ти го говориш, а другото е вистинито за оној од другата страна - католикот.. и обратно..
И се додека ти (као „православен“ - а не си православен кој знае шо си,, само пуста желба имаш ништо повеќе) субјективно го натураш на католикот она своето, а тој го прави обратното.. ќе има вакви срања и инаети какви што се читаат на форумов...
Новотарии имало од создавањето на црквата во време на Константин Велики, до денес.. и тоа со лопата да ги ринеш... а резултатот на сите тие новотарии е расколот 1054, затоа што не знаеле шо сакале братјата христијански и во која насока да терале..
И нормално е тоа да е така, со оглед да и самото рано (младо) христијанство, сеуште немало ни претстава за тоа во која насока ќе оди (немале бре претстава за тоа како изгледал, што и кој бил Исус, а камо ли за друго) ....
А се додека е така, одредени луѓе, како ти на пример, лично ќе си ја толкуваат и натураат историјата....
Веќе одговорив, троа погоре.
Да одговори, со повторна контрадикција, и типична „верничка“ одбрана, позади која се заиштитува сомнежот во сопственото верно..
7 пат- фала за докажување на поентата и на пружање на можноста дури сега да почнам да си ласкам
..
Исто така имаше пет центри, со пет Патријарси - Рим, Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија. После 1054-та на едната страна останаа Константинопол, Антиохија, Ерусалим и Александрија, а на другата страна - Рим. Од петте останаа четирите заедно, а Рим премина сам. Кој од кого се оддели?
Секоја од себе самата..
Расколот бил неминовен уште од самиот почеток на создавање на црквата, а бил прашање на време.... Патетично е и илузорно да се зборува и обвинува некого за тоа кој од кого се разделил, а без притоа да се согледаат нередите во сопствениот дом, затоа што и едните и другите само го продлабочиле јазот што веќе настанал на првиот Никејски собор во време на Императорот Константин, а во кој се формирала црквата (која патем речено дотогаш не ни постоела).