Чудни македонски зборови

Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
Бегло - прилог за начин кој означува брзо, кратко, привидно, површно, плитко, без интензитет и сл. Веројатно коренот е глаголот бега, па бегло би означувало нешто направено како со бегање, нешто набрзина и со тоа и не темелно.

Мислам дека се употребува и во некои дијалекти на бугарскиот јазик, само не знам кои - нека сподели ако знае некој од бугарските гости на форумов...
Не точно набрзина, а поскоро кога е направено најмалото - минималното. Бегло = едва/БГ/ = сосема леко/МК/, с'всем леко /БГ/. Бегли спомени - нејасни/редки/затемнети спомени
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Возлен = возбуден, вознемирен.
кепец = џуџе, човек со џуџест раст.
мандало = “чукалото“ на камбаната (“маде“)
клапчо = загулен човек (клапауш)
наклапушен = поклопен, потиснат, потиштен и сл.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
Незнам дали е спомнат зборот КРКМИ,што за мене е многу чуден и незнам колку се употребува.
Демек тоа било шишки...:pos:
Сугурно и чудно ти звучи кога некој се крла на крлешка.
Демект тоа да ти било се љуља на љуљашка.
Од ваков муабет ми иди сам да си манам колца:facepalm:
Да можев сега ке те опулев напорки тоест вака нешто :cautious:.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Гунтартрт - скорпија.

Трт веројатно доаѓа од тртка / тртник - заден дел кај животните, бидејќи кај скорпиите тртката / опашката е токму највоочливиот дел од телото.
Гунтар ми е непознат. Некаде сум сретнал глагол гунта, во смисла натрупува, нафрла, наакува... Можеби логиката е да се работи за животинка која си ја префорсирала опашката. :)
Од друго место пак сум чул дека гунтар значи ништо друго туку бубачка, инсект.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.178
Дали македонскиот јазик има латинско влијание, колку зборови има преземено од латинскиот??
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Искрено прашање беше, дали има латински зборови во македонскиот?
И јас тоа се прашувам? Уште повеќе се прашувам, колку има македонски (ај да не бидам националист : “словенски“) зборови во латинскиот?;)
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.178
И јас тоа се прашувам? Уште повеќе се прашувам, колку има македонски (ај да не бидам националист : “словенски“) зборови во латинскиот?;)
Јас не знам, затоа прашувам.....
Кажи ти тогаш, ако навистина имаат земено латините македонски зборови.....
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Јас не знам, затоа прашувам.....
Кажи ти тогаш, ако навистина имаат земено латините македонски зборови.....
Не си ја сватил поентата...
Огромен дел од латинскиот јазик има словенска етимологија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom