Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Момци има врска какви стекови јадам, обични или саламурени? Еве више 3 месеца со ред тепам само саламурени... да не се штетни нешто?
 

Gojak YNWA

Ракот на Хелси
Член од
12 јануари 2009
Мислења
1.946
Поени од реакции
866
Момци има врска какви стекови јадам, обични или саламурени? Еве више 3 месеца со ред тепам само саламурени... да не се штетни нешто?
Мислам дека кога би се чистел, би требало да ги одбегнуваш саламурените затоа што се зачинети, а сега гајле немаш секако ако не ти е примарна цел да се стопиш. Мое мислење.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Момци има врска какви стекови јадам, обични или саламурени? Еве више 3 месеца со ред тепам само саламурени... да не се штетни нешто?
Саламурените имаат “лажна“ грама пошо се напумпани со солена вода (саламурата).
Така да помалце протеин внесуваш од шо мислиш (и калории) а повеќе сол.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Момци има врска какви стекови јадам, обични или саламурени? Еве више 3 месеца со ред тепам само саламурени... да не се штетни нешто?
Саламурен стек обчино значи дека не е свеж и исто значи дека делумно плаќаш сол и вода а не месо, затоа што успешно саламурење се води како 10% сол во месото. Инаку освен тоа и што ги оптеретуваш бубрезите со вишок сол и тоа што солта задржува вода па изгледаш по 'матен' друга врска нема
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Фала многу дечки. Пошто од утре почнувам со кардио и дефиниција па сакав да знам поточно за стеков зошто нели, секоја калорија е битна :)
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Едно блиц прашање за стероиди: Дали краткотрајно користење на стероиди може да му наштети на организмот ?
Имам гледано некои видеа на youtube и од таму колку што разбрав не се штетни, иако сум нуб во оваа област сакав да ги пробам за да качам маса, но прво чекам одговор од некој што има искуство со овие работи.
Чекам одговор
Стероиди се забранети скаро во целиот свет .Од кај ти е информацијата дека можеш да ги набавиш и тоа во МК. Ако сакаш маса земи си гејнер и ке набиеш маса.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
Стероиди се забранети скаро во целиот свет .Од кај ти е информацијата дека можеш да ги набавиш и тоа во МК. Ако сакаш маса земи си гејнер и ке набиеш маса.
Ако се забранети не значи дека не можеш да ги најдеш, и дрогата е забранета ама ...
Познавам луѓе од теретаната кај шо вежбам шо користат, и ич не е проблем за набавка :D
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Анаболичките стероиди не се измислени за општа употреба и правење форма за плажа. Тоа се ЛЕКОВИ кои имаат своја примена во медицината. Од овде, многу лесно можете да си дојдете и самите до заклучок, барем на основни нејаснотии. Дали ако користиш лекови, а немаш здравствен проблем, ќе имаш не сакани појави? Значи, овие лекови не се забранети во целиот свет, како што е погоре кажано. Туку, се целосно забранети во спортот за добивање на подобри спортски резултати. Истотака, забранета е и нивна не легална трговија. Значи, легалната си постои и функционира.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
26
Порано одев теретана долго време ама престанав , вејче 1 и пол година немам појдено, Да ве прашам нешто ..одам Јога ме интересира дали некој има комбинирано или дали знај сакам да одам и Јога и теретана заедно па ако можи мислење дали одат заедно ..фала однпред
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Ако се забранети не значи дека не можеш да ги најдеш, и дрогата е забранета ама ...
Познавам луѓе од теретаната кај шо вежбам шо користат, и ич не е проблем за набавка :D
Да биле корисни сите би ги земале немало да ги забрануваат.Во МК се е тиња, витамини не се земаат камоли стероиди.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Има ли во Аеродром некаде некоја теретана која што е со пристојна цена? Значи не таква ко Атлета него маалса такви до 1000 денари месечно да е чланарина?
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Едно блиц прашање за стероиди: Дали краткотрајно користење на стероиди може да му наштети на организмот ?
Имам гледано некои видеа на youtube и од таму колку што разбрав не се штетни, иако сум нуб во оваа област сакав да ги пробам за да качам маса, но прво чекам одговор од некој што има искуство со овие работи.
Чекам одговор
Вака сега веќе неколку месеци читам и ги “проучувам“. Бев со намера да земам, а и сум во таков круг на луѓе каде скоро сите другари зедоа. Според мене од то досега што сум го сватил за нив совет ти е да не ги земаш ако не си искористил „максимум“ на телото по природен пат и со суплементи. Во која смисла природно?
Прво зависи колку време вежбаш, не може да се надеваш дека тие се магична работа и дека за една година ќе направиш и со нив тело, за се си треба време. Многумина се залетуваат со нив (ти кажувам од искуство со мои другари кои зедоа). Не се земаат ако не ја средиш исхраната, второ зошто ти е стероид ако не ги работиш правилно вежбите (ако си почетник и сеуште ја немаш рутината), трето ако го немаш достигнато максимумот со тежините при нормални услови (неможи да не можеш да кренеш на бенч ни своја тежина уште, а да се силиш со стероиди нема да имаш максимален ефект.). И последно ЗАВИСИ КОЈА ТИ Е ЦЕЛТА И ДАЛИ ВРЕДИ ДА РИЗИКУВАШ.
Ретко кој од овие лекови останува со минимални последици врз организмот. Речиси сите удираат на Црн Дроб (али не е то главен проблем). Има многу други работи врз кои можат да ти наштетат. И пак ќе ти напоменам зависи кој стероид ќе го земеш. Кај нас е потешко да се набават квалитетни и добри заштити за нив, а уште потешко да го следиш организмот за време на земање на лековите, бидејќи реално иако скоро сите се лекови дозите во кои се земаат за да имаш добри ефекти се многу многу поголеми од пропишаното за користење на тој лек.
Затоа совет од мене, седни размисли дали вреди да одиш на ризик, до кое ниво си стигнат и ако решиш да ги земиш внимавај каква доза земаш, каква исхрана имаш, каква заштита ќе обезбедиш и правење на крвна и хормонска слика во скоро време по земањето.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Последно што гледав на јутјуб документарец во врска со стероидите, после направени серија испитувања врз спортисти кои ги земале пред 10-20 години, денес добар процент патат од срцеви заболувања (запушување на артерии и слично), се соменваат дека тоа е нус појава од стероидите која се трудат да ја докажат.

Факт е дека речиси е невозможно да се направи страшно добро тело без нив но тој стандард го наметнаа тие што ги земаат. Сепак со многу труд и посветеност се прави тело за почит, што е далеку од само форма за на плажа
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Има ли во Аеродром некаде некоја теретана која што е со пристојна цена? Значи не таква ко Атлета него маалса такви до 1000 денари месечно да е чланарина?
Fit&Fun се вика теретаната, се наоѓа во Бисер влезот до СпортЛајф, 1200ден месечна членарина за 6 пати седмично а недела не работи.
 

lebowski

Д дјуд абајдс.
Член од
9 јануари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
3
Имам едно прашање, вежбам веќе неколку месеци и има резултати, ама многу луѓе ми викаат дека ми е потребен гејнер за да качам маса затоа што иако имам 80 кила изгледам ептен слабо и никако да мрднам нагоре со мојава моментална исхрана. Е сега би зел гејнер и некој добар креатин но ми рекоа наместо обичен креатин, пумпач би ми влијаело подобро зошто сум уште почетник. Малку ме плашат терминиве како "гејнер", "пумпач" итн. зошто имам некое чувство дека би имале лошо влијание, штетен ефект, или пак дека премногу ќе се здебелам (накачам непотребна маса). Еве да речеме дека не се ништо штетни, која комбинација на гејнер/пумпач или гејнер/креатин би ми ја препорачале и колку време би ми траела, а да биде во домен на цена до 5-6000 денари максимум? Не знам дали да земам генјер кој веќе има креатин во него или пак да земам посебно гејнер, а посебно пумпач или креатин. Исто така пожелно би било во гејнерот да има добра доза на проетин затоа што не сум сигурен дали со 1 туна, 4 жолчки, 6 белки, 300-400 грама стек, пола пакетче бадеми, 500мл јогурт и 100г кравјо light сирење на ден го задоволувам нивото на протеин што му е потребно на телото...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom