За или против книжевни предизвици?

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Не значи дека ако го прифатиш предизвикот, дека манијакално се опседнуваш да го достигнеш. Ја не осетив кај ниеден член шо постираше во темата курчење или фолиранство. Натпреварачки дух, па ич . Постиравме, дискутиравме за книгите и шо е најважно читавме. Прочитав околу 16-17 книги и годинава пак го прифатив предизвикот, па шо?

П.с Од утре протести за укинување на лектирите и нивно исфрлање од образовниот процес!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Според мене, предизвикот е ок, само ако човек се натпреварува сам со себе, ако го чита тоа што навистина го сака, а не колку да се рече дека прочитал нешто и секако доколку го применува тоа што го чита (ако се работи за таков тип на литература).
Јас бидејќи имам и многу други обврски, не си ставам вакви предизвици, читам колку сакам(можам) и тоа што сакам. Мислам дека така е најдобро. На крајот, секој си знае за себе и секој нека примени тоа што мисли дека е соодветно за него.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе ок ми е, па и на крај не е задолжително да се прифати предизвикот. Кој сака - нека го прифати и готово. Јас решив годинава да не го прифатам, затоа што претходната, скрос заборавив на темата и после 4тата книга престанав да постирам пошто скрос ја заборавив темата. Како идеја сепак е интересно. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Не значи дека ако го прифатиш предизвикот, дека манијакално се опседнуваш да го достигнеш. Ја не осетив кај ниеден член шо постираше во темата курчење или фолиранство. Натпреварачки дух, па ич . Постиравме, дискутиравме за книгите и шо е најважно читавме. Прочитав околу 16-17 книги и годинава пак го прифатив предизвикот, па шо?

П.с Од утре протести за укинување на лектирите и нивно исфрлање од образовниот процес!
Зашо? Мислам не е се до понудената литература туку и до начинот накој тој професор ја има прикажано на учениците.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Зашо? Мислам не е се до понудената литература туку и до начинот накој тој професор ја има прикажано на учениците.
Апсолутно се согласувам за професорите, но ако малку ја искривиш перцепцијата ќе видиш дека и тоа е еден предизвик и тоа наметнат. За тие шо се против "книжевни" предизвици само им направив компаративна конверзија.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Веќе се повторувам ама ајде, не дека ќе сменам нешто.

Вокерка го потенцира квантитетот и натпреварот како негативни работи.
Тоа е затоа што многу погрешно го разбира предизвикот или не сака да го разбере или можеби не и одговара да го разбере или па можеби не може да го разбере.
Потоа Вокерка споменува споредување на себеси со другите, и споредба со самиот себеси и нагласува на фрустации.

Потоа Вокерка ја цитирам "Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. "

И во крајниот дел на нејзиниот коментар нагласува дека кон поимот предизвик гледа како негативна појава кога се работи за читање книги.

Од самиот пост можам да заклучам дека нејзиното гледиште на работите е многу егоистично, самата се издаде дека доколку би пристапила на предизвикот тебе ќе ти биде најбитно да прочиташ што е можно повеќе книги и на тоа ќе гледаш како споредба и натпревар со другите проследено со вродување на фрустации.

Ова е во ред и е вистина но вистината е субјективна работа, јас кога го правев предизвикот во 2012 на крај памет не ми беше да читам книги со брзање колку да се прочитаат и да ги читам колку да набилдам бројка.
На крај памет не ми беше дека ќе почнам да се фрустрирам ако srce има прочитано над 50 книги а јас имав одвај тринаесет (во 2012).
На крај памет не ми беше да читам книги кои не ме интересираат!

Предизвикот воопшто нема негативна страна напротив, тој го правиме за себеси, некој ако сака и 80 книги нека напише дека прочитал кој може да каже дали лаже или не?
Не е тоа намерата на овој предизвик, ова го правиш за себе и пред себе да бидеш чист.
Мене воопшто не ме засега другите што направиле дали некој прочитал повеќе или помалку.

Намерата на предизвикот е да си поставиш ЦЕЛ, а секогаш кога имаш цел ти имаш насока накај да се движиш имаш мотивација, ти ќе станеш сабајле порано и ќе знаеш зошто си станал.
Кога имаш цел многу поефикасно го искористуваш времето, место да седам на фејсбук јас ќе прочитам неколку страни затоа што сакам да го исполнам тоа што сум го рекол.

Повеќето мислат дека по секоја цена треба да се оствари таа цел макар и да читам глупости што не ме интересираат и да читам без мерак ама тоа е многу несозреано мислење.
Немам што да коментирам на тоа.
Воопшто не се работи за тоа кој како, колку и дали го разбира предизвикот туку кој каков однос има кон книгата и со каква цел ја чита. Предизвикот можеби некому му влијае супер, некому не. Индивидуално е. Јас студирам книжевност и слабо, речиси воопшто не читам белетристика. Луѓето на кои книжевноста не им е професија по напорниот ден решаваат за релаксација да прочитаат некоја лесно сварлива и читлива книга, такви не 50, 500 можеш да прочиташ во една година. :) Кога се занимаваш со книжевност ситуацијата е обратна, цело време читаш и немаш време да прочиташ книга за релаксација бидејќи тоа дополнително би те замарало, додека ако работиш каква било друга работа не ти е проблем да се релаксираш со книга. Оптоварена сум со испит за кој имам 50 автори од јужнословенската книжевност, сите тие имаат по минимум 2 дела, а за нив имав само четири месеци. Тоа ми е терет, не задоволство. Жално е што такви вредни дела морам да ги претрчам за толку кратко време. Плус наметнати ми се вака или онака, не избирам.

Јас во ниту еден момент не кажав дека идејата за предизвикот е лоша, туку дека јас сум против тоа бидејќи мене лично не ми одговара и не гледам поента во тоа. Океј нека е и егоистично, ама тоа се лични причини, не се објективни. Не наметнав став во ниту еден момент и не реков дека вие не смеете тоа да го правите туку дека мене не би ми влијаело позитивно. Впрочем затоа е и темата секој да се изјасни согласно своите ставови. Дури ти реков дека го ценам потегот бидејќи е многу алтруистички, а излезе и многу успешен бидејќи сигурно заради темата луѓе што малку читаат, а се нафатија на предизвикот прочитаа барем нешто. Небитно од кои причини. Но, таквите причини (натпреварувачкиот карактер, макар и со самиот себе) мене лично не ме исполнуваат и не ме тераат да се почувствувам продуховено. Од книга сакам спознание, сакам идеи за кои потоа долго можам да размислувам и дебатирам, не сакам само приказна и бројки. Ако е само за приказната ќе гледаме турски серии и ќе се задоволиме што сме го пикнале носот во туѓи животни приказни.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Јас сепак мислам дека повеќе прочитани книги е подобро од помалку прочитани книги? Don't you agree? Нормално под книги мислам квалитет, а не шунд - сепак не е секоја книга литературa.
Релативна е работата т.е. си зависи од книга до книга. Не е битен квантитетот, туку квалитетот. Тргам стручна литература на страна. За мене лично е поголем успех за една година да ги прочитам само Тихиот Дон, Клетници, Ана Каренина и Војна и мир, отколку 50 книги лесна-шунд литература. Немора ни книгите да бидат толку обемни. Да прочитам 10 драми на Шекспир годишно, ама стварно да се посветам на нив, детално да ги анализирам, е пак подобра варијанта отколку да претрчам 30-40-50 книги.
 
L

Luki Junior

Гостин
Само нејќам да ми се праате на уштипани моми со возвишени вредности у теорија, а у практика да паѓате на првио избацивач на врата у Трокадеро у Пиперево.
Оти маабето ви е, полезноста, можете ного брзо да мислете, да сварувате идеи, да резонирате, да размислувате, да ги укопчувате работите инстантно...

Е сега, секоја книга е посебен свет. Свет шо требе човек да флезе у него, да флезе у тај филм и со помош на имагинацијата и фантазијата да се уклопе како нешто најнормално, и додека е у него сите сетила да ги пуште на макс и да осеќа, да создава, да креира идеи, размислувања, видици. Да ги запознае интимно ликовите (ако има ликови), да ги разбере, да ги свате, да ги осете блиски до сопствената душа, да станеш пријател со позитивните, да ги замразеш, а разбереш негативните ликове.

После, требе да се внимава на јазико на изразувајне на самио автор, дали е позитивен тај свет, дали е мрачен, сив, оптимистички, деструктивен, дали влијае по некаков начин на психата на читачо. Самата конструкција на речениците, синтаксата, ја одгатнува и граде семантиката. Не е тава плууни залепи, прочитај озгоре озгоре за страниците да се набилдат.
Да се дава внимание и тежина на секое зборче, оти е ставено со причина там, и е дел од една голема семантичка целина.

Трето, третото е шо се дешава со тебе после читајнето на книгата. Дали ќе си посерен, дали ќе си однесен, дали ќе си запрепастен од самата книга. Дали ќе ја сонуваш, дали ќе ти играт буквите и зборовето пред очи, дали идеите од книгата ќе се избистрат, или ќе останат вечна магла некаде уредно спакувани у некоо ќоше на мозоко. Или ќе седеш и ќе се чудеш зашо е така завршило се, и препрочитуваш да се увереш дали е така. И на крај горе огинчето на немир заради завршетоко на едно магично патувајне низ зборовето на една книга, со помош на мозоко..


Сега упорно ме убедувате оти тава може да го праате секоја недела со различна книга, а некојпат и двапати неделно. И на крајо се најискрено чудам как може да го издржете тај психолошки микс на измешани чувства, мисли и идеи.

Јас не сам ни книжевник, ни писател, ни па мојта професија е со некаков начин сврзана со книги. Јас читам чисто за ќеф, и колко ми дава времето. Сепак требе некој да ора, и да прска.. Нивата нејке молитва и ука, мотика сака.

Не дека ви го омаловажувам трудо. Не ме сфаќајте грешка. Ама јас мислам оти е напорно. Психолошки.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
... Ако е само за приказната ќе гледаме турски серии и ќе се задоволиме што сме го пикнале носот во туѓи животни приказни.

Јас на пример не читам романи и јас може читам e-books за хипноза, или за субјективна реалност, човечко однесување, психологија, лидерство итн. И сега за мене твоите книги ти што ги читаш може да кажам дека се бескорисни и бесполезни. Мене не би имале некоја полза што не мора да е така за тебе или за некој друг. На последната реченица имам замерка. Ако твојата професија е анализирање на длабоки книги неможеш другите жанрови да ги споредуваш со турски серии.
Секој си има различен вкус и од најобичен роман со обична стандард приказна може да се извлече нешто, најмалку барем ќе го збогати речникот отколку ништо.
Тоа исто ко јас да земам модерна физика да читам за нуклеарни реакции и да речам вие сите други читате стрипови.
Рековме дека книгите ги читаме како инвестиција но и мерак, опуштање, уживање, за нешто што не интересира можеби некои сакаат да го "пикнат носот во туѓите животи" што не е баш толку бескорисно како ти што го прикажа. :)

Инаку остатокот од коментарот ми се допадна многу искрено од тебе.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Јас на пример не читам романи и јас може читам e-books за хипноза, или за субјективна реалност, човечко однесување, психологија, лидерство итн. И сега за мене твоите книги ти што ги читаш може да кажам дека се бескорисни и бесполезни. Мене не би имале некоја полза што не мора да е така за тебе или за некој друг. На последната реченица имам замерка. Ако твојата професија е анализирање на длабоки книги неможеш другите жанрови да ги споредуваш со турски серии.
Секој си има различен вкус и од најобичен роман со обична стандард приказна може да се извлече нешто, најмалку барем ќе го збогати речникот отколку ништо.
Тоа исто ко јас да земам модерна физика да читам за нуклеарни реакции и да речам вие сите други читате стрипови.
Рековме дека книгите ги читаме како инвестиција но и мерак, опуштање, уживање, за нешто што не интересира можеби некои сакаат да го "пикнат носот во туѓите животи" што не е баш толку бескорисно како ти што го прикажа. :)

Инаку остатокот од коментарот ми се допадна многу искрено од тебе.
Не сакав да звучам во смисла дека ги потценувам другите жанрови, најмалку е така. Секој најдобро си знае за себе зошто чита и како чита. Јас ете моментално не можам за релаксација, ама па и не би губела време да прочитам голем број книги од тој тип, можеби само понекогаш, наместо да изгледам некоја холивудска драма или комедија. Ефектот би ми бил ист.

Еден професор уште во прва година на факултет ни рече:
„Студентите на книжевност најмалку читаат (квантитативно)“.
И тоа е голема вистина.

Всушност убаво кажа Луки, психолошки е напорно да се оптоваруваш со големи бројки бидејќи претходната книга не ти е „сварена“, а веќе преминуваш на друга. На една приказна, додаваш нова.

Само нејќам да ми се праате на уштипани моми со возвишени вредности у теорија, а у практика да паѓате на првио избацивач на врата у Трокадеро у Пиперево.
И такви ги има. :D
Веројатно алудираш на мене, ама Трокадеро само од маабете го знам. :P
 
L

Luki Junior

Гостин
Всушност убаво кажа Луки, психолошки е напорно да се оптоваруваш со големи бројки бидејќи претходната книга не ти е „сварена“, а веќе преминуваш на друга. На една приказна, додаваш нова.



И такви ги има. :D
Веројатно алудираш на мене, ама Трокадеро само од маабете го знам. :P
Прво. Не алудирам на теб. Ти си друго двајсе. Со тебе само може чај да пијам, и да си купам книга. Алудирам на другите интелектуалци тук.

А как може Трокадеро од Маабети само да го знааш да му се невиде. Каа фанеш откај Василево, Добрејци, па Пиперево, Просениково, Петралинци, и на крајо се завршува у Шабано, или у Пепи, па ако има трезен шофер со нерви да трпе метафоричко јадејне гомна на 4 добро наквасени покондурени сељаци и до Ново Село сме стигале... Таков неверојатно колоритен ноќен живот... :D:D:D:D:D

Јас не сам учен толко, и немам професори да ги турам на пиедестал, читуцкам колко толко за мерак. :):):)

Секоја книга има нешто паметно, нешто напишано, нешто вредно. И си требе време да се процесира целото тава. Иначе џабе читајнето. То ест Не е џабе, една интелегентна рецка плус на интелегентнио метафорички пенис. И некоја интелегентна мома се попале на таков интелегентен ергенин. Или обратно...


пс. И јас сам рипал од книга на книга. едно време у основното секоја книга знаеех дека стое у школската библиотека. Ама не е тава тава. ;)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Што читаш во моментов?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
офф топик.

Димитар Талев - Илинден
Упте малку офтопик. :D
Кратко сиже, ако може.Една реченица топс.
Онтопик, читајте луѓе, секоја прочитана книга е подобра од непрочитана книга и не се замарајте со ништо.
И купете си киндле. :D
 
L

Luki Junior

Гостин
Упте малку офтопик. :D
Кратко сиже, ако може.Една реченица топс.
Онтопик, читајте луѓе, секоја прочитана книга е подобра од непрочитана книга и не се замарајте со ништо.
И купете си киндле. :D
Дел од Преспанската Тетралогија на Димитар Талев. (Железниот Светилник, Преспанските Камбани, Илинден, Гласовите Ви Ги Слушам).
Оваа книга разработува на лиричен начин како дојдело до создавајне и причините на БМОРК/МРО/ВМРО или на кратко организацијата шо го подига населението за отпор против Турците. Главните протагонисти са крвно сврзани со ликовето од претходните 2 книги, и маката на народо под турско ропство, и неговата вечна желба за слобода. Накратко, неверјоатен микс на чист и донекаде наивен идеализам за свое јас, испреплетен со болен, гаден и тежок реализам на еден поробен народ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom