За или против книжевни предизвици?

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Бидејќи се „јадеме“ на другата тема, за да ја оставиме, да си пишуваат оние што веќе го прифатиле предизвикот еве ви тема каде директно ги соочуваме ставовите.

Се цитирам за да не се повторувам.

Ако квантитетот на прочитаните книги имаа некакво влијание кај луѓето досега сите ќе бевме експерти. Не знам зошто читањето книги би го сфатиле како натпревар. Доволно е некогаш да прочитам само една реченица која ќе биде доволно силна и ќе ја мислам и толкувам подолго време, а што ми вредат и милион прочитани книги кои сум ги прочитала колку да ги извртам страниците?

Не мора да се споредуваш со други за да биде натпревар, можеш да се споредуваш и со самиот себе и тоа да ти роди фрустрации. Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. Ќе го избилдаш егото дека си прочитал 40 книги, а намерата воопшто не е таа т.е книги не се читаат со таква цел. Ако е за тоа подобро воопшто да не се чита, туку преку искуство да се спознаат нештата.
Познавам луѓе што едвај еден ред имаат прочитано па се помудри од „интелектуалците“ што извртеле милион страници меѓу прсти.

Самата поставеност и самиот збор предизвик се наклонети кон такво гледање на работите. Читањето книги и нивното спознавање се индивидуално нешто, не се предизвик, не се борба, туку се исполнување на духовната потреба на човекот.
Ајде сега „пукајте“. ;)
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.499
Поени од реакции
2.407
Се' уште не сум прифатил еден од предизвиците, дали 30, 40 или 50 книги... Инаку штом имам предизвик тогаш ќе се водам по предизвикот да прочитам што е можно повеќе книги, и нормално не само квантитативно туку и квалитативно. А за тие што прочитале една реченица сто посто се незнам колку пати понеписмени од тие што прочитале милијарди реченици, без разлика од тоа дека се „помудри“.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Не го сваќам овој анимозитет према предизвиков, истото и лани се муабетеше.
За споредба на goodreads имаат исто ваков предизвик, секоја година, сам си бираш колку книги сакаш да прочиташ таа година.

Во 2013 само за овие 6 дена има
154,384 Participants
9,506,115 Total Books Pledged
61 Average Books Per Challenge
 
L

Luki Junior

Гостин
Не е билдање его Луки, туку јасно поставени цели кои ќе се обидеме да ги оствариме, зш ако не ја гледаш метата нема ни да ја погодиш :D
50 книги да прочиташ, тава са ти на 7 дена различна книга. Ако една книга е просек 200-300 страници, ако читаш 30-40 страници на саат, са ти 7 саата читајне, секој ден по 1 саат. И тука ако ја ставеме интелектуалната тежина на самата книга, контексо у кој се одвиват нештата, времето да се задлабоче, и да се концентрира максимално на напишаното, сигурно одзима повеќе од еден саат на ден. И стави у сметката оти е демек предизвик, половин инат, да се прочитат 50 книги за една година.

Е сега, секоја книга не можеш да ја свареш у моменто на читајнето (освен ако не е некоја белосвецка третокласна белетристика). Повеќето книги се разибрат отпосле од читајнето, коа содржината легне на ак'ло. А коа требе всушност да ја разбереш книгата, ти го пумпаш мозоко со нова содржина, оти нели под предизвик си, требе да испунеш дневната норма.
Ако испуштеш еден ден, требе да надваксуваш нареднио ден дупло.

И сите овија бројки, норми, надваксувајна, ќе ја утепат у мен секоја желба за читајне. И од голема страст, ќе се обрне у моја омразена обврска. А тава јас лично нејќам да си го приредам на мојта љубофф према книгите.
 
L

Luki Junior

Гостин
Не го сваќам овој анимозитет према предизвиков, истото и лани се муабетеше.
За споредба на goodreads имаат исто ваков предизвик, секоја година, сам си бираш колку книги сакаш да прочиташ таа година.
Не е амонизитет. За мен си е пумпајне его, види ме колку книги прочитах, мора да сам ного паметен.

Знам оти и Гуудриидс имат такво нешто. Финтата е шо демек колко повеќе книги прочиташ, сите ги купуваш по легален начин, и ем трошеш повеќе пари за них, ем си “попаметен“.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
50 книги да прочиташ, тава са ти на 7 дена различна книга. Ако една книга е просек 200-300 страници, ако читаш 30-40 страници на саат, са ти 7 саата читајне, секој ден по 1 саат. И тука ако ја ставеме интелектуалната тежина на самата книга, контексо у кој се одвиват нештата, времето да се задлабоче, и да се концентрира максимално на напишаното, сигурно одзима повеќе од еден саат на ден. И стави у сметката оти е демек предизвик, половин инат, да се прочитат 50 книги за една година.

Е сега, секоја книга не можеш да ја свареш у моменто на читајнето (освен ако не е некоја белосвецка третокласна белетристика). Повеќето книги се разибрат отпосле од читајнето, коа содржината легне на ак'ло. А коа требе всушност да ја разбереш книгата, ти го пумпаш мозоко со нова содржина, оти нели под предизвик си, требе да испунеш дневната норма.
Ако испуштеш еден ден, требе да надваксуваш нареднио ден дупло.
.
Ако имаш доволно време за читање и размислување тогаш таман е по една книга да читаш неделно според мене.
И сите овија бројки, норми, надваксувајна, ќе ја утепат у мен секоја желба за читајне. И од голема страст, ќе се обрне у моја омразена обврска. А тава јас лично нејќам да си го приредам на мојта љубофф према книгите.
Кај тебе ќе ја утепаат желбата но не и кај мене :D
Не е амонизитет. За мен си е пумпајне его, види ме колку книги прочитах, мора да сам ного паметен.
н“.
За тебе е пумпање его но не и за мене, не размислувам така дека ако прочитам повеќе дека сум попаметен, незнам зш така размилуваш :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Она што мене лично ми пречи (пишувам за мојот однос кон темава и кон читањето, не за тоа како некој друг ги доживува нив), е како што пишаа и други пред мене е поставувањето цел: да се прочита одреден број книги, и суштината на таа цел која не е баш поврзана со главната поента на читањето. Јас навистина многу читам во одредени периоди. Во некои други периоди, во зависност од обврските, расположението и сл. воопшто не читам. Книгата, добрата книга треба да отстои, како некое добро вино. Треба да се „свари“, да се доживее целосно, што е процес кој временски не мора да се поклопи со читањето, како што напиша и Луки.
Јас навистина им се восхитувам на некои што успеаа да прочитаат неколку десетици книги минатиот пат. Тоа е убаво потрошено време. Но како што реков, добро е кога се работи за мерак, а не за предизвик, кој во суштина, како и да се врти муабетот има натпреварувачки карактер, или пак, е изнасилен и некако принуден, зошто поставувањето цел принудува на мерки за нејзино исполнување.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.661
Поени од реакции
8.681
Не е битно што читаш и колку читаш, битно е колку го практикуваш тоа што го читаш.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Веќе се повторувам ама ајде, не дека ќе сменам нешто.

Вокерка го потенцира квантитетот и натпреварот како негативни работи.
Тоа е затоа што многу погрешно го разбира предизвикот или не сака да го разбере или можеби не и одговара да го разбере или па можеби не може да го разбере.
Потоа Вокерка споменува споредување на себеси со другите, и споредба со самиот себеси и нагласува на фрустации.

Потоа Вокерка ја цитирам "Во случајов ќе си имаш зацртана цел да прочиташ 40 книги годишно и тоа ќе ти биде најбитно, не и содржината што ја читаш, не и квалитетот на она што ќе го спознаеш. "

И во крајниот дел на нејзиниот коментар нагласува дека кон поимот предизвик гледа како негативна појава кога се работи за читање книги.

Од самиот пост можам да заклучам дека нејзиното гледиште на работите е многу егоистично, самата се издаде дека доколку би пристапила на предизвикот тебе ќе ти биде најбитно да прочиташ што е можно повеќе книги и на тоа ќе гледаш како споредба и натпревар со другите проследено со вродување на фрустации.

Ова е во ред и е вистина но вистината е субјективна работа, јас кога го правев предизвикот во 2012 на крај памет не ми беше да читам книги со брзање колку да се прочитаат и да ги читам колку да набилдам бројка.
На крај памет не ми беше дека ќе почнам да се фрустрирам ако srce има прочитано над 50 книги а јас имав одвај тринаесет (во 2012).
На крај памет не ми беше да читам книги кои не ме интересираат!

Предизвикот воопшто нема негативна страна напротив, тој го правиме за себеси, некој ако сака и 80 книги нека напише дека прочитал кој може да каже дали лаже или не?
Не е тоа намерата на овој предизвик, ова го правиш за себе и пред себе да бидеш чист.
Мене воопшто не ме засега другите што направиле дали некој прочитал повеќе или помалку.

Намерата на предизвикот е да си поставиш ЦЕЛ, а секогаш кога имаш цел ти имаш насока накај да се движиш имаш мотивација, ти ќе станеш сабајле порано и ќе знаеш зошто си станал.
Кога имаш цел многу поефикасно го искористуваш времето, место да седам на фејсбук јас ќе прочитам неколку страни затоа што сакам да го исполнам тоа што сум го рекол.

Повеќето мислат дека по секоја цена треба да се оствари таа цел макар и да читам глупости што не ме интересираат и да читам без мерак ама тоа е многу несозреано мислење.
Немам што да коментирам на тоа.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Гледам дека во некои коментари има размилувања од типот дека предизвикот за читање би значел и натпревар и тоа се мисли како на натрпревар во негативна смисла на зборот.
Или пак дека предизвикот за повеќе читање значело „присила и принуда за исполнување на целта“. Доколку предизвикот и се сфати како „натрпревар“ или како „борба“ јас искрено им се вохитувам на натпреварувачите без разлика колку ќе постигнат во тој културен натпревар. Камо сите наптревари да се на културен план, „борбата“ да значи борба за читање и знаење, за усовршување и напредување во интелектуалниот развој. Зарем може да има читателот штета доколку и единствената причина поради која чита е само за да го постигне повеќе во тој натпревар? Секоја прочитана книга плус, претставува проширување на хоризонтите, развивање на фантазијата, отварање на нови погледи кон светот и животот. посебно позитивно во еден таков „натпревар“ е тоа што некој „натпреварувач“ може и сериозно да се навлече на пишаниот збор и тоа од една и единствена причина - „поради билдање на егото“ (иако не сфаќам како некој може да смета дека друг го билда егото со читање на многу книги???) А можеби донекаде и имаат право, читањето навистина е најдобрата вежба за „билдање“ на интелектуалците.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Не ми е до бројката и водење статистика, добро знаеме дека бев против секакво прчење и контење пред публика за тоа кој колку чита. Па сепак ја посетував темата за да добијам неколку идеи што да фатам. Да бидам искрен темата за предизвици имаше поголема посетеност и повеќе даде идеи од онаа за препорака на наслов, што е по малку и смешно и контрадикторно, но тоа е таа тема каде човекот сака да се истакне со својата бројка и можеби и затоа беше толку посетена. А можеби и само затоа што некои си водат евиденција. Ќе се сложам со Вокерка; бев негативно фрапиран од еден друг форум каде бројот на страници се важеше како квалитет, на што одговорив дека некој ќе го чита Коељо а некој - Барико (неговите книги од по 50-100 страни). Добро е што овде не видов таков начин на бламирање на себе.
Воедно сум за теми од ваков тип ако се сфатат на начин како предизвик за самиот себе, без притоа да се експонира човек демек е многу начитан. Тој што знае за што е првично книгата ќе ја вреднува за својата душа. Оној што сака да изиграва хипстер во нехипстерско општество ќе биде исмејуван поради својата површност не поради бројката.
Збор два за крај - читајте луѓе за своја душа. Под ова небо има толку многу избор што секој може да најде нешто за себе. Но не силете некаква си мода од тоа. Не мора да значи ако пола што се тука ако им се допаднал рецимо Зафон, дека и вас ќе ви се допадне. Можда повеќе смисол ќе најдете во делата на Ками.
Ај толку од мене за темава.
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Зависи од видот на литература што се чита. Предизвик, на пример, во читање 30 книги белетристика е прилично едноставна работа (не потценувам!). Ти треба само слободно време и волја. Од друга страна, ако сакаш да прочиташ исто толку книги, ама стручна литература е скоро невозможно. Пример јас читам претежно историска и филозофска литература и би бил среќен доколку годината ја завршам со прочитани 10 книги. :) Така да најдобро е секој да си чита за себе. Бројката воопшто не е важна, туку квалитетот на прочитаното.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Зависи од видот на литература што се чита. Предизвик, на пример, во читање 30 книги белетристика е прилично едноставна работа (не потценувам!). Ти треба само слободно време и волја. Од друга страна, ако сакаш да прочиташ исто толку книги, ама стручна литература е скоро невозможно. Пример јас читам претежно историска и филозофска литература и би бил среќен доколку годината ја завршам со прочитани 10 книги. :) Така да најдобро е секој да си чита за себе. Бројката воопшто не е важна, туку квалитетот на прочитаното.
Јас сепак мислам дека повеќе прочитани книги е подобро од помалку прочитани книги? Don't you agree? Нормално под книги мислам квалитет, а не шунд - сепак не е секоја книга литературa.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom