Само нејќам да ми се праате на уштипани моми со возвишени вредности у теорија, а у практика да паѓате на првио избацивач на врата у Трокадеро у Пиперево.
Оти маабето ви е, полезноста, можете ного брзо да мислете, да сварувате идеи, да резонирате, да размислувате, да ги укопчувате работите инстантно...
Е сега, секоја книга е посебен свет. Свет шо требе човек да флезе у него, да флезе у тај филм и со помош на имагинацијата и фантазијата да се уклопе како нешто најнормално, и додека е у него сите сетила да ги пуште на макс и да осеќа, да создава, да креира идеи, размислувања, видици. Да ги запознае интимно ликовите (ако има ликови), да ги разбере, да ги свате, да ги осете блиски до сопствената душа, да станеш пријател со позитивните, да ги замразеш, а разбереш негативните ликове.
После, требе да се внимава на јазико на изразувајне на самио автор, дали е позитивен тај свет, дали е мрачен, сив, оптимистички, деструктивен, дали влијае по некаков начин на психата на читачо. Самата конструкција на речениците, синтаксата, ја одгатнува и граде семантиката. Не е тава плууни залепи, прочитај озгоре озгоре за страниците да се набилдат.
Да се дава внимание и тежина на секое зборче, оти е ставено со причина там, и е дел од една голема семантичка целина.
Трето, третото е шо се дешава со тебе после читајнето на книгата. Дали ќе си посерен, дали ќе си однесен, дали ќе си запрепастен од самата книга. Дали ќе ја сонуваш, дали ќе ти играт буквите и зборовето пред очи, дали идеите од книгата ќе се избистрат, или ќе останат вечна магла некаде уредно спакувани у некоо ќоше на мозоко. Или ќе седеш и ќе се чудеш зашо е така завршило се, и препрочитуваш да се увереш дали е така. И на крај горе огинчето на немир заради завршетоко на едно магично патувајне низ зборовето на една книга, со помош на мозоко..
Сега упорно ме убедувате оти тава може да го праате секоја недела со различна книга, а некојпат и двапати неделно. И на крајо се најискрено чудам как може да го издржете тај психолошки микс на измешани чувства, мисли и идеи.
Јас не сам ни книжевник, ни писател, ни па мојта професија е со некаков начин сврзана со книги. Јас читам чисто за ќеф, и колко ми дава времето. Сепак требе некој да ора, и да прска.. Нивата нејке молитва и ука, мотика сака.
Не дека ви го омаловажувам трудо. Не ме сфаќајте грешка. Ама јас мислам оти е напорно. Психолошки.