КУТНЕР: ЛАМПАРД НЕМА ДА ДОБИЕ НОВ ДОГОВОР
Агентот на Френк Лампард, Стив Кутнер вели дека раководството на Челзи му препорачало на играчот дека нема да добие нов договор по крајот на сезоната.
Последните викенд пишувања говореа дека Роман Абрамович би можел да ги задоволи желбите на фановите и да започне преговори за нов договор со Лампард.
Сепак 34 годишниот фудбалер, кој бил подготвен и на помала плата, добил дознаење дека ќе мора да го напушти Стемфорд Бриџ по крајот на оваа сезона.
’’Претставници на Челзи му го кажаа тоа на Френк во Јапонија, а истото го потврдија и после победата над Евертон.’’ - рече Кутнер.
’’Ништо се нема променето од тогаш. Френк го прифати тоа и сака само да игра што е можно подобро до крајот на сезоната и да биде што е можно поуспешен со клубот што го сака.’’