Фан клуб: МЗТ Скопје

M

MrzaRules

Гостин
Николиќ кое дрво човече :facepalm:
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 18:45 ---
Седум напади по ред не реализираат :tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.815
Ја посраа 63-73 на 2:10 до крај...
Да рецнеа тројка од чиста позиција ќе беа на -5 на 3 минути до крај и ќе имаа шанса да се вратат, вака толку беше :(
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Пу штета на крај не идеше шутот,ама и секако беа исцрпени од играта у одбраната,сепак респект за играта и борбеноста,што ја покажаа(y)А за фемили имам само пофални зборови,ваќе се навива,и кога губиш,и кога водиш треба да се бодри тимот,нека учат другите навивачки групи од нив:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.891
Поени од реакции
116.216
Изгубивме али нема везе, горд сум што навивам за овој тим, изгинаа момциве, башка не уби исклучувањето на Гечевски. Бакич на крај избрза со двата шутеви по ред но што е тука е, нема простор за паника момциве играат одлично. Мораше еднаш да ни се случи ваква бледа утакмица, не може секогаш да се победува. :)
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Катастрофа.Од тие 5000 што биле демек 20% имаат поима од кошарка,а другиве ова им е прва утакмица у живо.Затоа не поштуем бесплатен влез,затоа не го почитувам нити металург како клуб.Незнам како ви е мерак да гледате утакмица во театрална атмосфера.Пре би вовел предмет по навивачка култура,него веронаука и такви срања за да може да се освестат луѓето што треба да праиш на утакмица.Исто така би ги замолил да гледаат една утакмица од спортот што планираат да го гледаат во живо,за да не блеат ко овци у шарена врата.Се на се ,супер утакмица освен судиите и гледачиве...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Прво, едно големо БРАВО за сите оние што изгинаа на терен второ полувреме ! (y)

Идеме...

О ти Кире наше ''златно дете'' што си заборавил кошарка да играш, о ти што лапаш минимум 3000 евра месечно а не знаеш да фатиш цврсто топка ко да ти се намачкани рацете со сапун, о ти дрво едно што дремеш на тројка како да си шутер а не центар, о лимонадо една не можам да те смислам веќе.

Грне Капитену, мислам дека знаеш каде е излезната врата, дај нека не те испраќаат други снајди се сам жити све.

Баќичу, може не требаше да брзаш да шутнеш 2 тројчиња, али браво како изигра во второ полувреме.

Оташевич !!!!!!!! :cuc::cuc::cuc:

Дамјан, Гече, Чековски не беше нивни ден, се трезнеа уште од Нова Година, не се они криви. :)

Судиии..... ах бе судиии.:sneaky:
 
M

MrzaRules

Гостин
Катастрофа.Од тие 5000 што биле демек 20% имаат поима од кошарка,а другиве ова им е прва утакмица у живо.Затоа не поштуем бесплатен влез,затоа не го почитувам нити металург како клуб.Незнам како ви е мерак да гледате утакмица во театрална атмосфера.Пре би вовел предмет по навивачка култура,него веронаука и такви срања за да може да се освестат луѓето што треба да праиш на утакмица.Исто така би ги замолил да гледаат една утакмица од спортот што планираат да го гледаат во живо,за да не блеат ко овци у шарена врата.Се на се ,супер утакмица освен судиите и гледачиве...
Натпреварите на МЗТ имаат театрална атмосфера?! Ти бе дечко арен ли си? Па Фемили не запираат со пеење на секоја утакмица!
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.939
Се на се ,супер утакмица освен судиите и гледачиве...
Не се толку криви судиите што беа на некои други утакмици. Имаа некои сомнителни одлуки, али брзо компензираа. Ете што ми текнува, кога Попович во прва четвртина направи дупла а судиите не ја судеа, во следниот напад му судеа чекори иако не беа. Исто и за техничките на Гечевски и Попович. Реално гледано беше симулација тоа од Дејвис и мање-више оправдано му свиреа техничка.

Изгубивме највеќе заради лошата игра во втора четвртина, најголема вина овде треба да земат Чековски, Баќич и Дејвис (а и Дамјан имаше доста утки). Во третата четвртина таман кога се враќаа Баќич пак избрза неколку шутеви, Гечевски доби исклучување и џабе беше се' после тоа.

Кире, Станко и Урош беа максимално индиспонирани на оваа утакмица. Имаше една ситуација во последна четвртина каде што само Урош беше од високите, и они имаат 2 секунди за шут, шутираат (Попович мислам дека шутираше а Оташевиќ го чуваше лево од кошот), и Урош наместо да седи у рекет да скокне он иде прв на контра. :facepalm: Нормално, ни фатија офанзивен скок и ни дадоа кош. 2 минути после тоа влегува Станко место него И ИСТАТА ГРЕШКА ЈА ПРАВИ :mad: Башка сите 3ца имаа невидени фрљовки у напад.... Урош дури и се осмели да шутне 3ка :tapp:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Прво полувреме премногу ја оплескаа, не смееше да се дозволи до 20 разлика да одат, а на крајот сигурен сум дека ќе ги стигнеа да играа Гечевски и Чековски, вака без висок играч со толку трчање не се може до крај, Оташевиќ кошот не го гледаше на крајот заедно со Дамјан па после ќе промашат, па ќе промашат, ништо се дешаваат вакви натпревари...(y)
 
P

PewDiePie

Гостин
Бош екипа им се овие Будуќност на нашиве.

Николиќ вистина не бил просек.......под просек бил.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.318
Поени од реакции
10.354
Натпреварите на МЗТ имаат театрална атмосфера?! Ти бе дечко арен ли си? Па Фемили не запираат со пеење на секоја утакмица!
Дечко смири страсти.Сакаат да има...Да не се Фемили ќе биде металург 2.Муабетот ми беше боље луѓево да го гледаат спортот како место каде што се навива,а не се седи и се плеска со рацете и чат пат уа буа.Пример глеј ги енглезине од 7 до 77 навиваат.Тоа ми беше поентата
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Многу не барам али Грнчаров мора да му се каже фала и чао пријатно и да се донесе каков било тешкаш под кош.Нека го донесат и Трајковски ако треба или тој Македонецот од Кавала ако треба и од Вардар и од Пелистер нека земат некој али вака не го бива.Грнчаров за џабе кешира чек секој месец,кога го гледам како се загрева не можам да не се смеам.Денеска на загревање тргна на двочекор како девојче во 7 оделение на физичко,си изоде два чекора и фрли фрљотка и за малце цел обрач ќе утнеше од пола метар.

Николовски не знае да даде кош од под кош,или пак да прими топка, а Пипан не му дава да шутира иако упорно он си седи на тројка и чека пас.Николиќ не знае да шутне ако не е на еден метар од кош или во залет да закуца ништо не погодува.

Имаме двајца кои би требало да играат центар а од двајцата заедно да ги споиш за да добиеш еден комплетен просечен центар.

.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Каде беше проблемот денес?!
Од старт прјавуваме 10 играчи( наместо 12). Двајца од нив( Грнчаров и Огнен Стјановски) не се планирани да настапат. Од осумте кои остануваат, двајца играат колку да се рече. Ај едниот се труди( Николиќ) колку толку, ама другиов( Николовски) искрено не знае кај тера на терен.
Тоа не остава на 6 играчи. Со ваков критериум на судиите, со толку досудени лични грешки тоа е погубно. Искрено еден момент се загрижив дека слижбено ќе го загубиме натпреваров :icon_lol: бидејќи ќе немавме петорка да извадиме на терен.
Реално ова што го прикажуваат досега во лигава е премија, дури не дојде до сериозно засилување и зголемување на ростерот не би требало да се очекува нешто повеќе. Затоа само еден аплауз за пожртвуваноста која ја имаат поединци на теренот, безразлика дали денес одиграа под очекувањата.:cuc:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Дечко смири страсти.Сакаат да има...Да не се Фемили ќе биде металург 2.Муабетот ми беше боље луѓево да го гледаат спортот како место каде што се навива,а не се седи и се плеска со рацете и чат пат уа буа.Пример глеј ги енглезине од 7 до 77 навиваат.Тоа ми беше поентата
кој енглези бе брат? Од 7 до 77 минута? Значи мислиш на фудбал, ваљда? Значи од прва ти паѓа споредбата у вода.

Што очекувате вие бе? 7000 души да ги пеат песните како Фемили? Не е ова репрезентација па сите да ги знаат песните бе. Тие 7000 души можат да се придружат кога Фемили ќе повика на скандирања, кога се ствара бучава и притисок кон противникот, кога ќе треба аплауз.

Значи Скопје не е Белград па една навивачка група да има десетици илјади членови. Толку се Фемили, толку се и симпатизерите на МЗТ. Тој број, со успеси посекако ќе се зголеми. Другите гледачи се луѓе кои сакаат да гледаат спорт.

Кај Металург на пример е слично, но кај нив мене ме нервира тоа што они се пуваат како на утакмиците цела сала „ечи за Металург“ а нема врска. Ни навивачката група не им “ечи“ а не па цела сала. Само „излези момче“ ја фура цела сала затоа што тоа е песна која се пееше за репрезентација.

Али да не одиме натаму со муабетот. Атмосферата и бројката кај МЗТ се одлични. До душа, можеби ова денеска им беше најслабото навивање на Фемили, но дечките се константно добри цела сезона, респект. Севкупната бројка е солидна. Просек од 3000 гледачи е сосема океј. Не заборавајте дека ова сепак е само Јадранска лига а не Евролига...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Не беа воопшто тапа Фемили, не знам од кај тоа. Прво полувреме беа млитави некако, ама затоа второ полувреме грмеа, баш пријатно се изненадив, кој беше у сала знае. При крај спласнаа и толку.
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 03:10 ---
Дечко смири страсти.Сакаат да има...Да не се Фемили ќе биде металург 2.Муабетот ми беше боље луѓево да го гледаат спортот како место каде што се навива,а не се седи и се плеска со рацете и чат пат уа буа.Пример глеј ги енглезине од 7 до 77 навиваат.Тоа ми беше поентата
А што прават од 1 до 7 и од 77 до 90? :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom