Барате некој закон?

Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
Прашањето не е за конкретен закон туку е за службен весник, конкретно ми треба да видам кој бр. на службен весник на кој датум излегол?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.444
Поени од реакции
16.655
дали постои прецизен закон и службен лист со кој е регулирана автоодговорноста кон 3-ти лица ?? Имено на веб страните на осигурителните компании пишува сека се покриени сите штети кон 3-то возило ... еве пример:
http://www.mk-osiguruvanje.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=13&Itemid=14&lang=mk

Од друга страна мислам дека има ограничувања, а тоа е кога возилото го управува возачот под дејство на алкохол, дрога и без возачка дозвола. Ме интересира има ли и други елементи на ограничување на автоодговорноста кон 3- лица ??
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Јес да темава е барање на некој закон..

АЛи би замолил некој ако знае како да ги најдам пресудиве од Хаг за Харадинај и двајцава хрвати.. Готовина и овој другиов.. глеам сиве нешто критики и четки удираат, а никој не знае шо пишува уствари во пресудите..

иначе бев на сајтот на Меѓународниот кривичен суд.. али не дава ништо бе.. ај помош...
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Ми треба информација како се движат казните за поседување или продавање петарди?
 
S

Sagan

Гостин
Закони од област на кривично право (пречистени текстови до 2010):
1. Кривичен законик
2. Закон за кривична постапка
3. Закон за прекршоци
4. Закон за извршување на санкции
--- надополнето: 4 декември 2012 во 18:59 ---
Закони од област на граѓанско право (пречистени текстови до 2010):
1. Закон за парнична постапка
2. Закон за вонпроцесна постапка
3. Закон за извршување
4. Закон за сопственост и други стварни права
5. Закон за облигациони односи
6. Закон за наследување
7. Закон за семејство
8. Закон за здруженија на граѓани и фондации
9. Закон за авторски права
10. Закон за домување
 
Attachments

Член од
12 март 2009
Мислења
20.444
Поени од реакции
16.655
Едно не ми е јасно во врска со законот за Домување. Во него пишува дека Управител се избира на собир со мнозинство. Но имаше во медиумите, дека ако не се одржи собир до одреден рок и нема формирано правно лице Заедница на станари, може и еден станар да поднесе барање до Судот да определи Управител. Јас составив барање, земав документи за сопственост и отидов во ОС2 Скопје. Ме избркаа, кој си ти да бараш управител, треба Општината да ни се обрати ??? а од друга страна пишуваше по весници за високи КАЗНИ за тие што нема да основаат Заедница или нема да изберат Управител ?!?!
Очигледно законот е недовршен или недоречен ?!
 
S

Sagan

Гостин
Закони од област на управните органи:
1. Закон за општа управна постапка
2. Закон за царина
3. Закон за заштита и унапредување на животната средина
4. Закон за одбрана
5. Закон за јавни патишта
6. Закон за основно образование
7. Закон за средно образование
8. Закон за просветна инспекција
9. Закон за државна пазарна инспекција
10. Закон за трудова инспекција
11. Закон за санитарна и здравствена инспекција
12. Закон за земјоделска инспекција
 
Attachments

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.725
Поени од реакции
6.108
Молба до правниците....
Линк од закон каде се регулирани овластувањата на Претседателот на Собрание на РМ, конкретно ме интересира да видам како е законски регулирано отстранување на пратеници и новинари од Собрание кога има попречување на одржување на седница.
Наоѓам различни мислења, па ме интересира како е правно тоа направено.
 
Член од
28 декември 2012
Мислења
12
Поени од реакции
7

http://www.sobranie.mk/?ItemID=72D87D12D74B454FA2C28948BD83AA44

6. Одржување на редот
Член 91
За одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието.

За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот.

Член 92

Претседателот на Собранието ќе го опомене пратеникот ако со своето однесување, со земање на збор кога претседателот не му дал збор, со упаѓање во збор на говорник или со слична постапка го нарушува редот на седницата.

Претседателот на Собранието ќе му го одземе зборот на пратеникот, кога тој со својот говор на седницата го повредува редот, а на истата седница два пати е повикан да се придржува за редот на седницата.

Член 93
Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието.

Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата.

Ако претседателот на Собранието не може да го одржи редот на седницата, ќе одреди краток прекин на седницата.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Во кој закон или правилник е регулирано прашањето за изгласување на буџет-со какво мнозинство се изгласува?

п.с. Не ми го спомнувајте само ''Закон за буџет/Закон за донесување буџет'' оти ништо такво не пишува.
 
Член од
28 декември 2012
Мислења
12
Поени од реакции
7
http://www.sobranie.mk/?ItemID=72D87D12D74B454FA2C28948BD83AA44

6. Одржување на редот
Член 91
За одржување на редот на седницата се грижи претседателот на Собранието.

За повреда на редот на седницата, претседателот на Собранието може да го опомене и да му го одземе зборот на пратеникот.
Член 92

Претседателот на Собранието ќе го опомене пратеникот ако со своето однесување, со земање на збор кога претседателот не му дал збор, со упаѓање во збор на говорник или со слична постапка го нарушува редот на седницата.

Претседателот на Собранието ќе му го одземе зборот на пратеникот, кога тој со својот говор на седницата го повредува редот, а на истата седница два пати е повикан да се придржува за редот на седницата.
Член 93
Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието.

Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата.

Ако претседателот на Собранието не може да го одржи редот на седницата, ќе одреди краток прекин на седницата.
|
ЗАКОН ЗА СОБРАНИЕТО НА РМ

http://www.sobranie.mk/?ItemID=787CFDD58F62E343963527D070C2F59E

XIII. ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ ВО СОБРАНИЕТО
Член 43

(1) Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакнато место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.

(2) Овластените службени лица на органите на државната управа не можат без одобрение од претседателот на Собранието да имаат пристап во просториите од ставот (1) на овој член, ниту да преземаат мерки спрема пратениците, работниците во Службата и спрема други граѓани.

(3) Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.

(4) За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

(5) За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на вработените во стручната служба и надворешни лица поканети со нив, спроведува и изрекува соодветни мерки генералниот секретар на Собранието согласно со закон.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.725
Поени од реакции
6.108
Фала, Нена-Мена
Значи, исфрлањето на пратениците е согласно законот :confused: Само да се запази процедурата од 2 претходни опомени и прекин на седница.....
Од друга страна, присуство на лица кои не се дел од собраниско обезбедување е кршење на законот, ако добро разбирам....
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Не барам баш закон али сметав дека во оваа тема треба да побарам. Ми требаат теркови за облигациони договори во електронска форма, дали воопшто негде се како такви објавени не сум сигурен. Доколку некој/а ги има и сака да ми ги прати во порака би бил многу благодарен :)
 
Член од
11 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0

abe ima neshto shto se vika "neformalnost na pravoto/obligacionite odnosi" - shto znachi deka strankite (subjektite) mozat samite da utvrdat za shto kje se dogovaraat. Edinstven limit e ZOO i normalno, ustav..

Znachi mozesh shto sakash da dogovorish, ama na primer kaj dogovor za kupoprodazba ako ne e utvrdena CENA, takviot dogovor e nishtoven.
Nema posebna regulativa za toa shto treba da bide chl 1, chl 2 itn.

Najlesno:
Zimash ZOO (Zakon za obligacionite odnosi), barash dogovor shto ti treba, gledash koi se uslovi i sklapash prvi nekolku chlenovi. Ostatokot e soglasnost na voljite na strankite.. Zatoa i vo praksa, sekogash se prakja ponuda, ili forma na dogovor na uvid kaj drugiot, koj kje ti zabelezi shto saka da se menja...
Advokative denes se takvi gnidi, da sekoj kje ti naplati, toa bidi siguren.
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Дечки, итно ми треба Законот за пратеници, имам проблеми со pravo.org нешто нејќе да ме регистрира. Ако го има некој или знае од кое место би можел да го симнам, нека ми пише.

Благодарам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom