СУГС Никола Карев

  • Креатор на темата Креатор на темата Спенсер
  • Време на започнување Време на започнување
Ааааа имало и Каревци :):)
Саки е најбоље, сите ја хејтаат ама на крај испадна да ни даде едно ливче да прошета низ клас сите да пишат шо оценка мислат дека заслужуваат, и стварно тие оценки ни ги напиша :)
Томо е Томо, не е сеуште сменет од ова што сте пишувале погоре, социологија Бети Буп е истата и сите ја реметат, Мери беше привремено директорка, сеа пак ќе се врати на предавање а најбоље предава :P , Ѓурѓелена отиде во пензија, и за тоа ми е многу жал пошо од сите тестови ме ослободуваше, кај Стојче на час сеуште е хаварии и така... Еве го септември уште малце!! :D
 
Ќе ми недостига школово искрено :) И Мери, и Бети Буп, и Емилија и сите :)
 
Нова директорка слушам имало? има некој повеќе инфо?
 
Јас се пријавувам тука. Завршив пред некои 7-8 години. (брзо лета времево).

Бевме во легендарниот кец т.е. специјалка. Уште постојат тие класови?

Иначе професори како: Димко, Оле (физика), Ѓурѓелена, Еленора (информатика), Мери (биологија)...и ред други - не се забораваат.

Тоа се пред се личности, педагози, па после добри професори.
 
Од овие само Ѓурѓелена и Елеонора не ми предаваа. Тројцава други легенди остануваат за мене :D Мери, Димко и Оле се најзакон професори и баш тие ми се омилени професори од училиштево :)
 
Си остануваме исто, 2/4 и 1/3та или??? се шушка као демек 1/2 и 3/4 у иста смена... ама незнам,изгледа само гласини :)
--- надополнето: Aug 27, 2011 1:49 PM ---
И професораката француски Лиљана (од јапонија) се врати и таа ми предава :)

Лелеее,тешко мене за француски :) сеа ми пушти 3ка ми стај,дека нова... ама од септ,ќе имам проблеми со неа.

п.с. на другарка само една 4ка и ја остави француски,што е стварно не фер. недела дена ни предаваше само/
 
Јас се пријавувам тука. Завршив пред некои 7-8 години. (брзо лета времево).

Бевме во легендарниот кец т.е. специјалка. Уште постојат тие класови?

Иначе професори како: Димко, Оле (физика), Ѓурѓелена, Еленора (информатика), Мери (биологија)...и ред други - не се забораваат.

Тоа се пред се личности, педагози, па после добри професори.

Ако некој од професорите почитувам, е тоа е Оле. Жената ми вроди љубов кон физиката, нешто што мислев никој неможе да го направи ! Мери инаку се покажа навистина неспособна како директорка изминатава година и мило ми е што ја сменија, иако не ме засега мене тоа сега.. И секако, Елеонорче вришталото има посебно место во срцата на сите Каревчани :)
 
Во суштина најголемиот дел од професорите се посебни на свој начин и оставаат траги и кога ќе излезеш од таму.

Добро е што и младите професори кои доаѓаат се стварно квалитетни. Во суштина малку нескромно, но Карев е школо со стил. Јас сум горд што бев дел од таа гимназија.
 
Луге Здраво Видов Дека Има Тема Отворена во Врска Со Училиштево и Јас Сакам да се запишам сега па пошто вие знаете веке како е таму па би сакал дами кажете дали е мојот избор добар (и дали малциствата имаат Преднос во Уписот) !
 
Ја сум осмо и се мислам каде да се запишам Јосип Броз Тито или Никола Карев.. Што велете вие?? Каде е поубаво, полесно... Наставниците во Карев какви се?? Дали е мн. тешко?? Сега на нас кои отприлика ќе ни се паднат наставници? Ја живеам во Кисела Вода па затоа се мислам.. Многу ли ќе ми е далеку? Кажете ваши мислења.. Позз
emoticon-0100-smile.gif
 
Кое е подобро Карев или Георги?
 
едвај сум ја нашол темава :)
има каревчани на форумов или слабо ??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom