Секакви рецепти

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Чоколадна лава



  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
  2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
  3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
  4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
  5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
  6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
  7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.
:rolleyes:

Баш овај рецепт го барав, ќе го пробам сабајле, па ќе кажам како испаднало.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
хах- што се’ нема да најдеш низ интернетов


шеќер во разни форми(доколку ви е здосаден обичниот:P) но може и добро да ви дојдат за декорирање на празничната трпеза - со кафе или чај да ги понудите


  • пластични форми ,
  • малку вода;
  • кафен или бел шеќер
  • чајна лажичка.
ставете во чашка шеќер и постепено додавајте вода, доведувајќи ја масата до густа консистенција. Водата да е ладна, за да не почне шеќерот да се раствара со топла . Со добиената маса пополнете ги формите и оставете ги преку ноќ, па внимателно извадете ги од нив и насладувајте се со резултатот !:icon_lol:




--- надополнето: 30 декември 2012 во 08:35 ---

или уште ако му додадете некоја прехрамбена боја-





 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Имам прашање,
Дали е добро ако пред да го печам пилето(со маги кесите го прам) го обарам претходно во вода? Досега дирек го печев ама мислам дека подобро че биди ако го обарам прво.
Молам за брз одговор.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Имам прашање,
Дали е добро ако пред да го печам пилето(со маги кесите го прам) го обарам претходно во вода? Досега дирек го печев ама мислам дека подобро че биди ако го обарам прво.
Молам за брз одговор.
Oбари го за да му ја фрлиш првата вода и после стави го во ќесето. Така нема да има мирис и ќе биде повкусно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
More kakov "nadjev" na moeno turchishte (turkey-misirka) sum mu klal eeeheeee! Enogo se peci!

So magdonos, luk, kromid, morkov,lebni troski (prezla), slanina, sunka, tvrd kaskaval ili naski gjoparmezan, pecurki, senf, vegeta, pavlaka (ide posle na kraj so vino malku)!
Sve seckano, proprzeno, napikano vnutre i pod kozha, se peci okolu sat, sat ipol prva tura, na 200 stupnjeva, pa magdonos, vino, varen pa tolcn/melen kompir, luk i senf i pavlaka, se pak protakveno vo wok tava, otkako ke se iseci na polojna, se preliva i se dopekuva.

Mljac

P.S. Ubo rece Cafe del Mar, provari go da frli prv kluch vodata pa poslem naodeni go po keif i u kese. Mada po mene poarno da go natokmis so mastraf i pod folija da go peces.
 
H

HITCH

Гостин
Мрзливи пити:

Потребно:
1 кора за лиснато тесто, 2 -3 супени лажици шеќер, малку сок од цеден лимон, 1 1/2 супена лажица гриз, 1 1/2 кг. јаболка, малку маргарин, малку рум, шеќер во прав и малку брашно за расукување на корите.

Приготвување:
Најпрво ја уклучувате рерната да се загрее на 250 степени, не дека после не може да се уклучи, ама побрзо ќе ви иде работата.
Кората за лиснато тесто ја расукувате убаво на набрашнета маса и ја сечете на два едакви дела. Јаболката ги лупите, убаво ги чистите, т.е. им ги отстрануваат семките и ги рендате. Откако ќе ги изрендате јаболката ставете ги румот и сокот од лимон, за малку да впијат. Потоа ги ставате јаболката во тенџере малку да се пропржат со шеќерот, колку јаболката да омекнат, околу 8 - 10 минути. Правоаголната тепсија ја намрсувате со маргарин и потоа ја ставате првата кора, па врз неа пропржените јаболка, па гризот, за да ја впие водата од јаболката, и врз тоа ја ставате втората кора. Одозгора на некои места со вилушка или нож, како сакате, ќе ја избодете кората и ставате малечки парчиња маргарин, за да може убаво да се испече.
Ова се пече на 220 степени околу 20 - 25 минути, во зависност од рерната, заради јаболката треба повеќе печење. Питата може да ја печете 10 минути на 250 степени, па после да ја намалите и 8 - 10 минути да ја допечете на 200 степени. Ќе си се ориентирате според рерната. :icon_lol: Штом ќе се испече го попрскувате одозгора со шеќер во прав.

Ова е најмрзливо нешто што може да го направите, а питата со јаболка е превкусна! :love:

Втор мрзлив рецепт:

Потребно: 1 кора за лиснато тесто, 200 гр. рендана шунка (по избор), 200 гр. рендан кашкавал, кечап, малку брашно и малку маргарин.

Подготовка:
На набрашнета маса ја расукувате втората кора убаво и ја делите на два дела. Првата кора ја ставате во тепсија намачкана со маргарин, врз кората ги ставате: кечапот, шунката и кашкавалот, врз тоа ја ставате втората кора. Со нож или вилушка ја бодете на некои места и одозгора ставте маргарин. Питата ја печете помалку од половина час, 10 минути на 250 степени и уште 15 - 16 минути на 200, зависи од рерната.
Откако ќе ја испечете солената пита, можете да ја оставите да „здивне“ малку, ама ретко кој може да издржи...

На крај уште да има кој да го измие хаосот ќе ви биде - совршено! :icon_lol:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Дајте рецепт за овесен леб...со суво грозје и брусница...ама солен...или барем мек да биде!
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Салата од компир


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:


  • 2 Јајца/це
  • 50 грама Кисели краставички
  • 500 грама Компир
  • 50 грама Кромид
  • 250 грама Мајонез
  • 20 милилитри Оцет
ПОДГОТОВКА:


Јајцата треба да се тврдо варени.
Ги сечкате на ситни коцкички. Исто така ги сецкате на ситни коцкички и краставичките и кромидот.
Во сад го ставате мајонезот заедно со оцетот. Го промешувате. Потоа ги додацате краставичките, па кромидот и јајцата. Сето тоа убаво го промешувате.
Оставете ги во фрижидер еден час.
Ви предложуваме да го направите ова пред да ги варите компирите за да има време сосот да отсои и сите состојки и вкусови меѓусебе убаво да се соединат.
Додека сосот се лади, излупете ги компирите, исецкајте ги на коцки, сварете ги и изладете ги.
Извадете го сосот од фрижидер и додадете ги изладените компири.
Промешајте убаво и сервирајте.


:свиркам:
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 17:58 ---
Портокали со цимет


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:



  • 50 грама Шеќер
  • 50 Цимет
  • 4 лажица/ци Сок од портокал
  • 500 грама Портокал
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
ПОДГОТОВКА:



Излупете ги портокалите и секој од нив исечете го на 5-6 парчиња. Измешајте ги соковите од портокал и лимон со циметот и шеќерот. Оваа мешавина прелијте ја преку секоја порција.


Превкусно :)
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Луѓе, како се прави омлет? Кажете некој добар рецепт за омлет.
Ме мрзи да барам низ форумов оти ептен сум гладен и сам дома :/
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
^
Zagrevash maslo vo tavche, mu stavash shunka seckana na mali kvadratchina, sirenje, od ko che se podzaprzha mu turash i jajca.

ezpz
 
A

AnFem

Гостин
langelina, уште еден рецепт со тиквички...

Роловани тиквички со пилешко и печурки

Ситно се сецка кромид, се пропржува, се додава ситно исецкано пилешко бело месо и на крај печурките (јас секогаш користам свежи шампињони). Ова се динста, се додаваат зачини и се трга од огнот.
Во меѓувреме тиквичките се сечат по должина на тенки ленти. Се полнат со пилешкото и печурките и се виткаат. Измеѓу се става домат. Треба да изгледа овака некако

DSC01161 copy.jpg

Се посолува по желба, се прелева со масло и се пече. Откако ќе се испече, пред да го изгасиме, се става рендан кашкавал и се враќа во рерна додека се стопи кашкавалот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom