Некој го има правено топлото чоколадо од Џејми Оливер?
Или дајте некој испробан рецепт
Или дајте некој испробан рецепт
Чоколадна лава
- Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
- Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
- Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи.
- Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
- Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина.
- Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.
- Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг.
Преубав е колачот....и како знам што ти се допаѓа хахахаха баш ми е мило искреноБаш овај рецепт го барав, ќе го пробам сабајле, па ќе кажам како испаднало.
Oбари го за да му ја фрлиш првата вода и после стави го во ќесето. Така нема да има мирис и ќе биде повкусно.Имам прашање,
Дали е добро ако пред да го печам пилето(со маги кесите го прам) го обарам претходно во вода? Досега дирек го печев ама мислам дека подобро че биди ако го обарам прво.
Молам за брз одговор.
Потврдено. Уште сабајле ја испразнивме тавата.AnFem
Фала многу! Рецептот е за 100 мераци!