Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Налетав на ваков рецепт. Пред да го правам, ако некој го правел, нека каже, мене премногу шеќер ми фаќа око дека има.

Бајадера
Состојки

650 грама шеќер
18 лажици вода
210 грама маргарин
250 грама мелени ореви
250 грама мелени бисквити
100 грама чоколадо
глазура

100 грама чоколадо за готвење
20 грама маграрин
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка
Шеќерот и водата се зовриваат и тргаат настрана, потоа им се додаваат мелените бисквити, оревите и маслото, се да се соедини убаво. Се дели на два дела. Едниот с остава бел, другиот се прелива со топено чоколадо, Тој со чоколадото се почекува да се стегне малку и се спојува под белиот. Кога се ќе се олади убаво, се прелива со чоколадната глазура.

Се плашам да не ми излезе преблаг и да не може да се јаде.
Не е многу шеќер, ја имам праено бајадерава два пати ама првиот пат ми излезе потечна, пошо не остаив шербетот да се залади малку па го стаив у мелените бисквити, а вториот пат не можев да ја извадам од калап пошо не ми беше убаво намрсен :pos: И затоа не ја праам трет пат :icon_lol:
На вкус е иста како бајадерата на Краш :pipi:
 
Не мора, комбинациите се сепак по желба. Само во никој случај обичен кравји кашкавал.
може со овчи кашкавал

534582_428740420525024_458848952_n.jpg
 
Пилешко со крем сос од лешници

Состојки
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 2 купчиња таљатели
  • 200 грама лешници
  • 2 мали главици бел кромид
  • 200 милилитри хопла
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Исечкајте ги двете главици бел кромид на тенки парчиња а лешниците на крупни парчиња. За да се засили вкусот и бојата на сосот потпечете ги лешниците загрејте ги во тава без масло и повремено мешајте ги за да се потпечат во тавата.Извадете ги лешниците по неколку минути и почнете со пропржување на кромидот. Потоа ставете ги лешниците и хоплата заедно со зачините и оставете го сосот да се формира на среден оган.
Пред да завршите со подготовката на сосот,згответе го пилешкото. Зачинете ги пилешките гради и намачкајте ги со масло, а потоа ставете ги во тавата. Не грижете се за тоа што пилешкото и неговите сокови ќе го извалкаат дното на тавата затоа што подоцна ќе ја исчистите тавата и ќе го збогатите сосот со вкусот и соковите од пилешкото. Повремено вртете ги парчињата пилешко и потрудете се тие да бидат изпечени одвнатре, но да не бидат премногу суви.
Извадете ги пилешките гради и исчистете ја тава со топла вода додека е жешка. Сакаме да ги зачуваме соковите и вкусот за сосот. Сипете ја течноста во сосот од лешници, вратете го на оган и оставете го да крчка за да се спои.Сварете ги таљателите во солена вода со маслиново масло.
Сервирајте го јадењето правејќи подлога од пастата, врз неа ставете едно парче пилешки гради а потоа прелијте со богатиот сос од потпечени лешници. На крај гарнирајте со магдонос.
Добар апетит :)

По манџата и нешто блашко

Овесни плочки
200гр овесни снегулки
10 лажици мед
100гр бадеми
10 урми (покиснати неколку минути)
2 лажици ленено масло
Овесните снегулки добро се мешаат со медот додека да се добие изедначена смеса. Посебно се блендираат бадемите на ситно, но не во прав туку во ситни крцкави парчиња. Се додаваат урмите и лененото масло, и се блендира додека и оваа смеса се изедначи. Потоа со лажица се мешаат двете смеси заедно, и се формираат правоаголни плочки Рецептот е преземен од сурово и вкусно http://www.surovoivkusno.com/ovesni-plochki/
 
Ај и јас да ви кажам еден рецепат.:)
Рецептот е инаку јапонски, се надевам ќе ви се допадне и ви препорачувам да го пробате.
Крокети со туна
Состојки:
- 185г. туна од конзерва
- 5 лупени компири
- 100г. брашно
- 2 јајца
- 100г. лебни трошки
- 2 главици кромид
- масло
- сол и црн пипер
Компирите се сечат на коцки и се варат во зовриена вода во која претходно се додава сол.Кромидот ситно се сечка и се пржи во загреано масло.Откако ќе се испржи, се додава туната, се промешува и се додава сол и црн пипер.Сварените компири се гмечат во сад и во нив се додава испржениот кромид со туна и сето убаво се промешува.Од добиената смеса се формираат крокетите.Јајцата се матат во сад на страна.Крокетите се свалкуваат во брашно, изматени јајца и лебни трошки и се пржат во поголема количина загреано масло.
 
ова нешто слично ко балтичките фишфингери така ?или не
 
Јас правев вакви само без туна нели, обични крокети, ама наместо во лебни трошки ги валав во сусам. Сусамот дава поубав вкус :)
 
ова нешто слично ко балтичките фишфингери така ?или не
Тоа се обични крокети само со туна, обично во крокетите се додава шунка, кашкавал, а може и без тоа.Рецептов инаку ми го кажа една Јапонка во далечната 2002г.Навистина се вкусни слободно можеш да пробаш да ги направиш, екстра лесни за правење се.Јас ко шо не јадам риба, ваква комбинација е единствено нешто што можам да поднесам.
 
Ајде баш ќе го пробам рецептов ;)
Сајанораа харикири:D
 
Обично сум скептик за домашните ликери (а и не сакам да ја расипувам ракјата), ама овој ептен ми се допадна. Баш сега си ја мљацкам втората чаша, многу сум задоволна.

Ликер од ракија

500гр шеќер
1000мл ракија
500мл млеко
100гр кокосово брашно

Ракијата и кокосот се мешаат во еден сад и се оставаат да стојат 48 часа. Потоа во половина литар млеко се става 500гр шекер. Откако ќе се олади сирупот, се меша со претходно процедената ракија. Delicioso!

Што боја има финалниот производ и ова кокосово брашно каде може да се најде и дали е скапо ?

edit: дај објасни го и ова....што како се загрева па да се лади ?

ракијата измешана со кокосот која стоела 48 часа се цеди не се додава со кокосот ? :)
 
Што боја има финалниот производ и ова кокосово брашно каде може да се најде и дали е скапо ?
Бела боја има финалниот производ, а под кокосово брашно најверојатно подразбира исецкан кокос
kokos.jpg

кој чини 15-20 денари 100 гр.
 
Што боја има финалниот производ и ова кокосово брашно каде може да се најде и дали е скапо ?

edit: дај објасни го и ова....што како се загрева па да се лади ?

ракијата измешана со кокосот која стоела 48 часа се цеди не се додава со кокосот ? :)

Ти одговори Олимпија за кокосовото брашно и за бојата. Ако сакаш додека пиеш да голташ кокос, стави го и него. Мисламд ека нема да биде питко и убаво ако е со него.
 
Правев шкотски јајца по повод празнициве и заради одмазда на навивачите на Шкотска што ги мркаа нашите момичиња македонски лани за време на натпреварот. :D:P

Има и видео како се прават, ама ќе го пишам рецептот.

Се варат дузина виршли и јајца по желба.
Виршлите се лупат и се гмечат добро, со помош на рака или со сукало со помош на малку брашно колку да стегне за месење се замесуваат како плескавци од виршлите танки и се обвиткуваат варените јајца со смесата од виршлата.
Исто така малку се валкаат и јајцата со брашно за да не лепат.
Кога ќе се завиткаат сите јајца во смесата од виршлите, се валкаат во брашно, потоа во презла и се ставаат во врело масло да се испржат. (класично поховање)

Кога ќе бидат готови се вадат на салфетка за да се впие мрсното од нив. Лично ги пресеков наполу и му ставив мајонез и букавка лута како на девилиш егс. Исто така многу се добри со тартар сос.

6.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom