Има многу голема разлика,во зависност од кога е тој оброк со 90гр. протеини или пак со 30гр. протеин.Телото користи протеин онолку колку што му е потребно а останатиот дел се користи како енергија или како додаден товар за бубрезите,што е веќе познато.Затоа постојат тие калкулатори за пресметка на макронутриенти спрема години,висина,моментална тежина и цел преку кој добиваме приближна слика за индивидуална побарувачка на протеини,јхидрати и масти.Секако тука игра голема улога и генетиката.
Е сега колку телото абсорбира протеини на оброк можеме само да нагаѓаме затоа што и тоа е индивидуално,бројот на протеин во оброк/ден варира кај секој различно,неможеш да земеш почетник и да го земеш да речеме Phil Heath и да речеш НЕМА РАЗЛИКА помеѓу 90гр и 30гр протеин во оброк.Има,и тоа голема.Телото во одреден период од денот може најефикасно(најмногу) да абсорбира протеин кога инсулинот е на високо ниво и кога мускулите се во целосен или нецелосен катаболизам,а тоа сигурно веќе знаете дека е наутро и веднаш после тренинг,затоа обично најголемиот интејк на протеини се препорачува насабајле и после тренинг.Но,како што кажав погоре и ова е индивидуално,немора да значи дека е така затоа што кај секого е различно,премногу се базирате на научни студии и тврдења(кои голем процент и јас се базирам на нив)ама кога е во прашање бодибилдингот како спорт/хоби бара многу импровизација,менување и експериментирање со самите себе си за да откриеме што најмногу ни одговара.