Редовна војска повторно?

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
:cuc::cuc:

Абе жено,џабе објаснуваш, децава живеат во виртуелна реалност.
Они си мислат дека ако недај боже пукне, а шансите за тоа се многу големи,има луѓе кои се платени да војуваат за нив,ќе се најде и некоја будала која нема да избега кога ќе го мобилизираат,така да нема они шо да се замараат со такви глупости.

Они ќе си седат дома,ќе навиваат за нашите,ќе мрчат кога нешто нема да испадне како што треба и ќе се надеваат дека нашите ќе победат.Е сега,ако случајно изгубат,боже мој,нема они да бидат криви,они секако нема да учествуваат па и никој ништо нема да им направи.

Они нивниот патриотизам ќе го покажат на прослави по повод некој спортски успех,денот на независноста,ќе дркаат на Александар,ќе плукаат по Срби,Грци,Бугари, а ако недај боже пукне, па треба да ги мобилизираат, ќе се напикаат таму од кај што испаднале(у на мајка им) и ќе им пцуат се по список на тие што се обиделе да ги мобилизираат.

Тука важи народната - "Од кај шуто па и боде":notworthy:

Има дебела причина зошто за дезертерство,речиси секаде во светот,казната е смрт.
Не брат, нема ни да седам дома, туку ќе си ја летнам во Грција на одмор, како што направија патриотите што денес се јачаат колку ја сакаат државата.
Абе да не ви дише мозокот на вас, после 2001 мислите дека некој стварно ќе оди да се бори за државава???
Абе кур не ме боли, нека си ги пратат политичарите синовите нивни, е тогаш ќе размислам да одам со нив.
Цела држава ја продадоа, а јас ќе одам да се пуцам со некој кој истотака како пиун го прелажале дека се бори за којзнае што.
Ги испоубија луѓено за ништо, им ги оставија фамилиине да скапуваат, и тие малку пари што им ги дадоа ГИ НАТЕРАА ДА ГИ ВРАЌААТ. WHAT THE FUCK???
На спротивна страна на тие што ја нападнаа државата им дигнаа споменици, школи крстија по нивно име.

Не пеер, попрво лудачко уверение ќе извадам него ли да одам да се борам.

Нема врска тоа со никакво јунаштво, туку со ЗДРАВ РАЗУМ.
И незнам што е со муабетот ЌЕ СЕ НАУЧЕЛЕ НА РЕД.
Што ќе ме научат на ред во три месеци? Може само некоја тешка болест да закачам од никаквите услови, може да ми се одмили јадење грав пошто само тоа се јаде и да изгубиш работа пошто никој жив нема да те толерира што ќе отсуствуваш три месеци од работа.
Од ваков тип на служење војска НЕМА НИКАКВА ПОЗИТИВНА РАБОТА.
Да не било така немало цела Европа да се откажува од таков тип на служење. Се знае бе брате, тие што лаат нека си одат, што има мене да ме тера? Ем ќе си земаат парички ем ќе си фураат филм.
Тие што се јачаат се се некои ликови што се фураат по јутјуб клипови ќе ве колиме, ќе ве јадеме, а уствари бел дсен не виделе, или некои што веќе не ги фаќа рокот, па демек нека се научеле младиве генерации сега :гик:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Рецепт како (скоро секое) општество создава фигури од пластелин. Преку “пеер храбри сме, служиме У војска пер“.

- 3 паштети од 67ма
- Боја за кондури
- Чај со бром,
- и момче од 18 до 26 години, кое ги ужива најдобрите и најкреативните години од својот живот.

Го земаме момчето и му даваме зелена униформа. Го ставаме меѓу илјадници негови врсници да живее далеку од дома за година и пол.
Неговите веќе ги убедивме дека така треба тоа да биде (како ги убедивме? пааа... не е тој прв тука, нели?)

Понатаму... секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.

Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!
Секој ден ќе го станувам рано, ќе го терам да „живее на конец“. Да слуша и да ќути.
Ако ние му речеме: скокни - тој треба да го направи тоа.
При тоа...да не заборавиме! секој ден ќе треба да си го мести својот кревет, да биде чист и прецизно уреден.
Момчето мора да биде чисто и избричено секој ден. Од неговите чизми, моите љубимци наречени наредници, треба да можат да се огледаат!

Ќе му акнеме вакцина за тетанус и ќе му даваме јадења што ни прасињата не ги јадат.
И знаете, да не заборавиме! Чисто и уредно! И нормално!
ДИСЦИПЛИНА!

Ние, го спремаме момчето да биде уредно и чисто.
Утре - ден, ако има војна...

Во некоја РОВОВСКА битка каде што ќе спие со изгниени лешеви во 65 сантиметри кал, можеби нема да се сети на уредно наместениот кревет. Можеби неговите чизми нема да бидат исполирани. Можеби ќе има брада, но!

Ако ние му кажеме: Излези од ровот и оди во сигурна смрт за 11 метри почва алувијал!

Тој без колебање ќе го направи тоа.

Cause we're out of tea!
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.799
Поени од реакции
12.176
Уствари не е лоша идејата да појдиме војска. Ама да појдиме мноооогу одеднаш. Едноставно им ги земаме оружјата креваме востание тепаме политичари и потоа најспособниот меѓу нас го ставаме за лидер. Ама сега јас за политичариве да гинам или за нашава смрдена земја не фала. Ако бидниме нападнати земјата т.е блиските секако ќе си ги браниме како знаеме и умееме без некој и да ни речи дека треба да ги браниме.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
потребна е обука, да знајш да се одбраниш и да се заштитиш.
да не почнуваме за 2001 сеа, иначе сите знат дека америте ја фрлаа коцката за 2001.
прочитајте ја книгата сведоштва 2001 од генерал Панде Петровски и се ќе ви стани се јасно, објаснато е се како се одвиваше и кој шо фигурираше.
у иднина како да нема пак они да ја фрлаат коцката... џабе е обуката кога младинава е малце повеќе опуштена... ете ке поминат 4-5 месеци обука и некој што е лигав, мрза светска, незаинтересирано створење... ке се смени? не...ке помине рокот пак ке се врати на старите навики... утре недај боже војна и он ке ја брани државата? ... а можеби и со тие што делел соба ке се гледа низ нишан.. бидејки ја почнавме 2001
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.399
Поени од реакции
24.121
Божем некој ке ве праша или ве праша за мислење.
Ти иди поштарот ти носи покана да се јавиш тогаш и тогаш и крај на маубетот. Ако се правите на мутави во ниедно доба во некој ден кој никој не го знае ке ви трпони воена полиција и така по пижами ке ве однесат во касарна. Е таму пошто сите ке знаат дека сте избегнувале вон рок посебно старешините и десетарите мамицата ке ви ја расплачат. И не мислам само на рибање веце или стража и такви ситници. Буквално мислам.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232

И на крај, поентата на сето тоа е?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
1.985
Не брат, нема ни да седам дома, туку ќе си ја летнам во Грција на одмор, како што направија патриотите што денес се јачаат колку ја сакаат државата.
Абе да не ви дише мозокот на вас, после 2001 мислите дека некој стварно ќе оди да се бори за државава???
Абе кур не ме боли, нека си ги пратат политичарите синовите нивни, е тогаш ќе размислам да одам со нив.
Цела држава ја продадоа, а јас ќе одам да се пуцам со некој кој истотака како пиун го прелажале дека се бори за којзнае што.
Ги испоубија луѓено за ништо, им ги оставија фамилиине да скапуваат, и тие малку пари што им ги дадоа ГИ НАТЕРАА ДА ГИ ВРАЌААТ. WHAT THE FUCK???
На спротивна страна на тие што ја нападнаа државата им дигнаа споменици, школи крстија по нивно име.

Не пеер, попрво лудачко уверение ќе извадам него ли да одам да се борам.

Нема врска тоа со никакво јунаштво, туку со ЗДРАВ РАЗУМ.
И незнам што е со муабетот ЌЕ СЕ НАУЧЕЛЕ НА РЕД.
Што ќе ме научат на ред во три месеци? Може само некоја тешка болест да закачам од никаквите услови, може да ми се одмили јадење грав пошто само тоа се јаде и да изгубиш работа пошто никој жив нема да те толерира што ќе отсуствуваш три месеци од работа.
Од ваков тип на служење војска НЕМА НИКАКВА ПОЗИТИВНА РАБОТА.
Да не било така немало цела Европа да се откажува од таков тип на служење. Се знае бе брате, тие што лаат нека си одат, што има мене да ме тера? Ем ќе си земаат парички ем ќе си фураат филм.
Тие што се јачаат се се некои ликови што се фураат по јутјуб клипови ќе ве колиме, ќе ве јадеме, а уствари бел дсен не виделе, или некои што веќе не ги фаќа рокот, па демек нека се научеле младиве генерации сега :гик:
Друже,се е точно тоа што си го напишал ама најважното си го утнал.
Ти не одиш да се бориш за државата,туку за себе,за својата фамилија и за својот имот.Политичарите никогаш не оделе да се борат,нема ни да одат.Они,нивните фамилии и нивните имоти се обезбедени и никој не може да ги загрози.Нашите може.
За тоа што се учи во војска има напишано на темава,кого го интересира може да си прочита-не мислам тука на ред и дисциплина,туку на воени формации и нивно дејствување во борба.Воена формација е секогаш во предност пред група на вооружени луѓе,макар и рамбовци да се тие луѓе.
И уште една работа сите превидувате-во војна,а посебно во граѓанска/меѓуетничка војна е подобро да си војник одколку цивил.
Има и друга,многу битна работа што ја приметувам,а тоа е дека психолошката војна која се води против нас уште од 2001 е доста успешна.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Божем некој ке ве праша или ве праша за мислење.
Ти иди поштарот ти носи покана да се јавиш тогаш и тогаш и крај на маубетот. Ако се правите на мутави во ниедно доба во некој ден кој никој не го знае ке ви трпони воена полиција и така по пижами ке ве однесат во касарна. Е таму пошто сите ке знаат дека сте избегнувале вон рок посебно старешините и десетарите мамицата ке ви ја расплачат. И не мислам само на рибање веце или стража и такви ситници. Буквално мислам.

Зошто ова го ставаш во позитивна конотација?

За плачење е, не е за фалење „шо можела да напрајт државата ако сакала“.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Интересно би било ако го вратат ова и дел од тие регрути им се спојат жичките па се свртат против тие кои ги регрутирале.Мислам најлогично гледано...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.399
Поени од реакции
24.121
И на крај, поентата на сето тоа е?
Поентата е дека џабе се чукате по гради јас вака јас така.
Ако решат да има ке има и ке одите сите еден по еден без разлика на неизмерната храбрсот искажана тука на форум.
Нити ке ве прашаат дали ви одговара нити дали ви е по кеф.
Финтата е дали ке одите со смеење или со плачење, а не дали ке одите.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.071
Поени од реакции
74.755
Друже,се е точно тоа што си го напишал ама најважното си го утнал.
Ти не одиш да се бориш за државата,туку за себе,за својата фамилија и за својот имот.Политичарите никогаш не оделе да се борат,нема ни да одат.Они,нивните фамилии и нивните имоти се обезбедени и никој не може да ги загрози.Нашите може.
За тоа што се учи во војска има напишано на темава,кого го интересира може да си прочита-не мислам тука на ред и дисциплина,туку на воени формации и нивно дејствување во борба.Воена формација е секогаш во предност пред група на вооружени луѓе,макар и рамбовци да се тие луѓе.
И уште една работа сите превидувате-во војна,а посебно во граѓанска/меѓуетничка војна е подобро да си војник одколку цивил.
Има и друга,многу битна работа што ја приметувам,а тоа е дека психолошката војна која се води против нас уште од 2001 е доста успешна.
Океј е тоа, одиш за себе. Го сваќам тоа како одиш да се научиш да ракуваш со оружје, пошто реално боречки вештини нема сигурно да те научат.
Ама кога ќе замислам какви се нечовечки услови ќе трпам три месеци за две-три пукања со пиштол, па подобро сам дома ќе си учам.
Способен сум да си го бранам своето и без тие три месеци војска.

Ете викаат такво е подрачјето мирисало постојано на војна.
Па баш затоа треба да има постручно обучена војска, а не секакви фаци што два пати пукнале со пушка.
Затоа и се воведе тоа, исто како и во секоја друга држава.
Нити ме влече тоа, ниту имам ќејф за такви работи, а на крај краева не сите имаат физички предиспозиции да бидат крупни ко овие од ЕБР на пример, незнам што би добиле во војна со некој што е слаб како патарушка на пример. Или чисто како топовско месо ќе ги користат како што спомнаа претходно. Се излажа еднаш народот, никогаш повеќе.
Ова само ќе донесе масовен одлив на младината, која и онака си оди. Затоа во Скопје неможеш да најдеш Скопјанец што има над 20 години. Зборам бар за оние што имаат фамилии кои им дошле овде меѓу 60-тите и 80-тите, а не дојденци откако сме станале независни.Сакаме работни места, а не враќање 100 госдини уназад со служење бескорисна војска.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.399
Поени од реакции
24.121
Зошто ова го ставаш во позитивна конотација?

За плачење е, не е за фалење „шо можела да напрајт државата ако сакала“.
Државата како институција со текот на времето развила механизми за самоодржување. Не се работи тука само за војска, тука има еден куп работи кои ти ги наметнува сакал ти или не само и само за да таа да опстои.
Така да биди сигурен дека ако држават ако сака многу работи можи да те натера да ги направиш и ги правиш. Служењето воен рок е само една од нив.

А ако ме прашуваш дали се согласувам или го оправдувам служењето воен рок да го оправдувам. Можеби и затоа е ставено во позитивна конотација.
 
Настра на „тие“ механизми. Има и пострашни механизми.

Како механизмите со кои државата успеала да направи луѓе кои ќе оправдуваат тешки глупости како задолжителен воен рок.
Тоа е лошото. Настрана другото кое е полесно да се (с)мени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom