Луѓе кои што се сериозни за својата колекција на музика (аудиофили) Hi-FI зависници на форумов

А

Антоние

Гостин
По мое скромно мислење, ниедна друга форма на звук, без разлика дали во ЦД или во дигитална форма, не може да го надмине звукот кој се добива од еден (сочуван) винил.
Можеби сум старомоден, знам дека модерната технологија нуди можност да репродуцира звук во својот (скоро)оригинален квалитет одново и одново, но самиот винил кога го држиш во рака ти раскажува приказна, кога го вадиш од омотот, кога го зачистуваш од прашина, кога поминуваш со прстите низ него, кога го местиш на грамафонот итн, се чувствуваш како во раце да држиш нешто што има душа.
Никогаш неможеш ова да го осетиш со кликање на фајл на компјутер.

Конкретно на темата, имав порано од татко ми еден од оние постарите JVC грамафони со добри звучки и страшен бас, но за жал сега е расипан а за поправка немам пари. Од висококвалитетната музика што ја чувам во компјутер имам околу 200-300 гигабајти FLAC музика, претежно џез (џезот е единствен жанр кој не го слушам на било што друго освен на FLAC).

Патем мојата скромна колекција:
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Снимкиве ти се :drk: .... има неколку песници што никако да ги најдам во добар квалитет али ете ти ги имаш (y)
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Jaс имам црни слушалки врска немам шо се и ме мрзи да најдам, но ми вршат добра работа. Многу јасно сакам чист звук, да го осетам максимум, FLAC некој поголем така за пост рок музиката е убајна да сетиш хармонија максимум.
Иначе да сум манџија не сум, само да е добра музиката, многу многу не се замарам со чистини и слични работи :) Сега да не бидат каначки во позадина.
Инаку пред некое време си купив звучници делукс, не се кизнај шо професионални, но ми ги задоволуваат потребите горе долу.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Генерално симнувам FLAC од артистите што сакам детално да ги чујам.
А кога ми е гз преку глава за некој албум купувам оригинал и ги слушам на DVD.

Врло идиотски и навредлив момент е слушање музика на лаптоп и слични работи оти нема поента...али јбг.
Барем слушалки ублажуваат болка.

Да имав сега 5000 евра на лагер без двоумење би ги инвестирал во исклучиво аудио опрема.

Не љубам плочи оти го немаат тој дигитализиран квалитет но ги разбирам фанатиците по такви изданија, секој со своето нели.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Тај сам, значи музика слушам само во FLAC, Hi Res Stereo,TR24 формат,a видео само Blue Ray
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
По мое скромно мислење, ниедна друга форма на звук, без разлика дали во ЦД или во дигитална форма, не може да го надмине звукот кој се добива од еден (сочуван) винил.
Можеби сум старомоден, знам дека модерната технологија нуди можност да репродуцира звук во својот (скоро)оригинален квалитет одново и одново, но самиот винил кога го држиш во рака ти раскажува приказна, кога го вадиш од омотот, кога го зачистуваш од прашина, кога поминуваш со прстите низ него, кога го местиш на грамафонот итн, се чувствуваш како во раце да држиш нешто што има душа.
Никогаш неможеш ова да го осетиш со кликање на фајл на компјутер.

Конкретно на темата, имав порано од татко ми еден од оние постарите JVC грамафони со добри звучки и страшен бас, но за жал сега е расипан а за поправка немам пари. Од висококвалитетната музика што ја чувам во компјутер имам околу 200-300 гигабајти FLAC музика, претежно џез (џезот е единствен жанр кој не го слушам на било што друго освен на FLAC).

Патем мојата скромна колекција:
Така е, ова како јас да сум го пишувал,
си ми ги читал мислите.
Ова погоре што правевте муабет и не го разбирам многу,
нешто за квалитетот на снимките и звукот.
Мене ми прави ќејв,она со плочите што го опиша,како може да слушам музика а да во раце не го држам омотот на плочата.Јас сум во тоа време живеел,кога грамафонот беше единствен презентатор на музиката.
Дури се сеќавам на времето кога одевме на Првомајски прослави,имав и мал грамафон на батерии за сингл плочи.
И сега почесто го пуштам грамафонот со мојте омилени плочи,(еве некој во темата грамафонски плочи).
--- надополнето: 29 декември 2012 во 21:53 ---
Picture 375.jpg Picture 375.jpg
--- надополнето: 29 декември 2012 во 21:59 ---
Picture 376.jpg Picture 376.jpg Picture 377.jpg
--- надополнето: 29 декември 2012 во 22:00 ---
Picture 381.jpg
--- надополнето: 29 декември 2012 во 22:02 ---
Picture 382.jpg
 
Attachments

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Јас не сакам да слушнам музика на систем од 20 000 евра.
Ќе умрам од депресија после, нема да сакам да пуштам музиче никакво :/

А со љубов и огромно внимание (ќе) ви ја читам темата :)

Сега за сега, за музика слушање си го користам сараундот на ПЦ, сега ме мрзи и да ѕирнам што марка е (aj утре), ама најчесто слушам музика на таблетот (Галакси 2ка), слушалки Сони, точен модел не знам, но да ги наречам ,,комерцијала,, (од причина што во продавницата каде што ги купив имаше слушалки и од 2000 долари), моиве се Шутка и Топана во споредба со тоа со својата цена од 25 долари.

Од 24 саати во ден, слушам музика 25, само што никогаш да најдам време за илегала даунлодирање музика со добар квалитет, оти прво треба да научам како се прави тоа.
Скоро се ми е симнато преку видео2мп3, освен пресниманите ЦДиња оргинал кои сум ги ископирала на ПЦ. Па со оглед дека и самата музика што сум ја симнала не е нешто многу квалитетна, не сум купила ни подобри слушалки.

Така и си ветив, кога ќе направам солидна бројка на песни со одличен квалитет, ќе си купам и слушалки што си имаат соленка цена.

ПС. Само ставајте видеа, рај за уши :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Exactly. Мерење курови у празно е целава работа...
Кога ќе ми стигнат звучниците, ќе те викнам да чуеш сам и ќе разбереш што сме збореле :)

Разликата од 320kbs mp3, до FLAC е мала, но ние на темава не зборевме за 320kbs mp3, него 192/128 или било каква vbr( variable bit rate)...значи на ефтина опрема нема разлика никаква од 320kbs, до FLAC, но на некоја посолидна од да речеме 500+ евра се осеќа, каде се осеќа разлика? разликата е во басот, (најмногу) динамиката на истиот, и стерео сликата....разликата е доста субтилна и треба истренирано уво за да се уочи, НО РАЗЛИКА ИМА.

Значи немам ништо против 320-ки мп3-ки, но имам против они кои се vbr.....

По мое скромно мислење, ниедна друга форма на звук, без разлика дали во ЦД или во дигитална форма, не може да го надмине звукот кој се добива од еден (сочуван) винил.
Можеби сум старомоден, знам дека модерната технологија нуди можност да репродуцира звук во својот (скоро)оригинален квалитет одново и одново, но самиот винил кога го држиш во рака ти раскажува приказна, кога го вадиш од омотот, кога го зачистуваш од прашина, кога поминуваш со прстите низ него, кога го местиш на грамафонот итн, се чувствуваш како во раце да држиш нешто што има душа.
Никогаш неможеш ова да го осетиш со кликање на фајл на компјутер.

Треба да чуеш SACD, според многу љубители на добриот звук, ова е најблиску што може да се дојде до плочата, буквално се еднакви...со тоа што звукот од SACD-то е многу по константен. Знам што ти е поентата, дека винил е ритуал, и со ништо неможе да се спореди, но за винил треба посебен сетап, хај фај звучници кои зафаќаат простор, квалитетно појачало кое грее и исто така зафаќа простор, и пред се одржавање и плаќање високи цени за плочите, таквите сетапи не се погодни за мали работни соби како мојата :)

За мене приоритет е мастерингот, дали е SACD/LP/CD/FLAC не е толку многу битно....

1. Заради моментално недоволно финанскиски средства немам инвестирано во аудиофилна звучна опрема. Во прва прилика - обавезно :)
2. Поради точка #1 сега за сега се дружам само со FLAC риповите од нет.
3. Јапанските CD-иња (1st pressing black triangle, .....), горе доле се што е на плоча до пред лудилото наречено „loudness war“, модерните remastered верзии од Steve Hoffmann .......
4. Види точка #1.
5. До пред 5-6 години гледав што повеќе МП3-ки да собере на едно CD или на и така малиот хард диск. Мислев дека натписот remasterd значи - подобро (пуста игнорантност). :нинџ:

Моментот кога прв пат ќе чуеш флак а претходно си ја слушаш истата музика во мп3 со мал биртрејт, priceless :D

Иначе све што е од Steve Hoffman е pure gold....за мене неговиот врв е Hotel California ремастерот, тоа е нешто ненормално...епско!

Врло идиотски и навредлив момент е слушање музика на лаптоп и слични работи оти нема поента...али јбг.
Барем слушалки ублажуваат болка.

Eх кога сите би размислувале вака, немаше да имаме компресирани и прегласни снимки со уништетна динамика, и стерео слика....респект.

Така е, ова како јас да сум го пишувал,
си ми ги читал мислите.
Ова погоре што правевте муабет и не го разбирам многу,
нешто за квалитетот на снимките и звукот.
Мене ми прави ќејв,она со плочите што го опиша,како може да слушам музика а да во раце не го држам омотот на плочата.Јас сум во тоа време живеел,кога грамафонот беше единствен презентатор на музиката.
Дури се сеќавам на времето кога одевме на Првомајски прослави,имав и мал грамафон на батерии за сингл плочи.
И сега почесто го пуштам грамафонот со мојте омилени плочи,(еве некој во темата грамафонски плочи).

Постои еден проблем, голема заслуга за величањето на винилот е токму тој ритуал, но да разграничиме некои работи, тој ритуал не доведува до подобро искуство со песната која ја слушаш, него создава носталгично чуство кое те залажува дека тој формат е тотално супериорен, и ти прија што е точно тука се согласувам. Да,винилот е најдобар и нај-правилен звук кога се работи за репродукција, но времињата се менуваат SACD-та, и позлатените CD-ња кои се снимени на принцип на многу висока резолуција - 24 бита и 192 Kh се нешто сосема поинакво од цд-та кои се продаваа во локалните продавници....плоча неможе да звучи исто никогаш ако веќе еднаш ја пуштиш, потрошен материјал е...па доаѓа до крцкање и разни звучи кои ги нарушуваат идеалното слушачко искуство, ако јас слушам во позадина било каков шум, или тоа крцкање на иглата/плочата, за мене се уништува целиот филинг и моето исксутво со одреден материјал видно се намалува. Муабетот ми е дека многу по практично е да се слушаат CD/SACD-а со добар мастеринг/продукција, него да слушаш винил иако е број 1 формат сепак е доста комплицирано да се ужива целосно во истиот на подолг период.
 
Steam.

wat
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.462
Поени од реакции
624
Јас не сакам да слушнам музика на систем од 20 000 евра.
Ќе умрам од депресија после, нема да сакам да пуштам музиче никакво :/

А со љубов и огромно внимание (ќе) ви ја читам темата :)

Сега за сега, за музика слушање си го користам сараундот на ПЦ, сега ме мрзи и да ѕирнам што марка е (aj утре), ама најчесто слушам музика на таблетот (Галакси 2ка), слушалки Сони, точен модел не знам, но да ги наречам ,,комерцијала,, (од причина што во продавницата каде што ги купив имаше слушалки и од 2000 долари), моиве се Шутка и Топана во споредба со тоа со својата цена од 25 долари.

Од 24 саати во ден, слушам музика 25, само што никогаш да најдам време за илегала даунлодирање музика со добар квалитет, оти прво треба да научам како се прави тоа.
Скоро се ми е симнато преку видео2мп3, освен пресниманите ЦДиња оргинал кои сум ги ископирала на ПЦ. Па со оглед дека и самата музика што сум ја симнала не е нешто многу квалитетна, не сум купила ни подобри слушалки.

Така и си ветив, кога ќе направам солидна бројка на песни со одличен квалитет, ќе си купам и слушалки што си имаат соленка цена.

ПС. Само ставајте видеа, рај за уши :)

a part of me died here.Ја немам мп3ки испод 320к, освен ако не се рипови од soundcloud кои сеуште не се искочени.Повеќето од колекцијата ми се 320ки бидејќи повеќе слушам хаус/електрохаус/транс слично, мн ретко е да има FLAC верзија од нив, затоа.

имам едни Sennheiser HD 457,не се најдобри, ама вршат работа.Моментално со SoundBlaster SB0222, наскоро со Audigy2 ZS.Појачало имам, звучници неам али и тоа ќе биде.
 
Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
627
Па неможам да кажам дека сум аудиофил, далеку од тоа, но сакам да уживам во добриот звук, и за жал ја осеќам разликата премногу со лоши мастеринзи и слично.
Патем имам JVC A-K20, интегрирано појачало со два звучници (басот е SINEVOX --- некоја неименувана марка, сигурно порано се распаднала, се сомневам дека е Југословенска и Електронска Индустрија - Ниш средни и високи) што се далеку од лоши звучки.

FLAC имам симнато само за еден албум Rage Against the Machine - Renegades.
Се најде на интернет многу лоша верзија од албумот што дисторзираше малце, и мене ненормално ми сметаше тоа...
--- надополнето: 30 декември 2012 во 02:08 ---

Се најде на интернет многу лоша верзија од албумот што дисторзираше малце, и мене ненормално ми сметаше тоа... па FLAC беше спасот.

А сега слушам музика преку Spotify.

А за понатаму планирам да си купам грамофон (по можност JVC истотака) и да си направам колекција на плочи. Веќе имам еден како албум за плочи, со некои стари Југословенски, но не ми се на мерак, особено тој југословенскиот рок не го трпам воопшто.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Од 24 саати во ден, слушам музика 25, само што никогаш да најдам време за илегала даунлодирање музика со добар квалитет, оти прво треба да научам како се прави тоа.
Скоро се ми е симнато преку видео2мп3, освен пресниманите ЦДиња оргинал кои сум ги ископирала на ПЦ. Па со оглед дека и самата музика што сум ја симнала не е нешто многу квалитетна, не сум купила ни подобри слушалки.

Така и си ветив, кога ќе направам солидна бројка на песни со одличен квалитет, ќе си купам и слушалки што си имаат соленка цена.

ПС. Само ставајте видеа, рај за уши :)
Aко слушаш музика симната од видеа, т.е. од Youtube да речеме, незнаеш што пропушташ...дури и моите аплоади што се на првата страна, се катастрофа во споредба со FLAC, пиши ми по пп што ти треба ќе ти пратам линкови.

Па неможам да кажам дека сум аудиофил, далеку од тоа, но сакам да уживам во добриот звук, и за жал ја осеќам разликата премногу со лоши мастеринзи и слично.
Патем имам JVC A-K20, интегрирано појачало со два звучници (басот е SINEVOX --- некоја неименувана марка, сигурно порано се распаднала, се сомневам дека е Југословенска и Електронска Индустрија - Ниш средни и високи) што се далеку од лоши звучки.

FLAC имам симнато само за еден албум Rage Against the Machine - Renegades.
Се најде на интернет многу лоша верзија од албумот што дисторзираше малце, и мене ненормално ми сметаше тоа...
--- надополнето: 30 декември 2012 во 02:08 ---
Солиден сетап, и одличен избор на музика RATM (y)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
значи на ефтина опрема нема разлика никаква од 320kbs, до FLAC, но на некоја посолидна од да речеме 500+ евра се осеќа, каде се осеќа разлика? разликата е во басот, (најмногу) динамиката на истиот, и стерео сликата....разликата е доста субтилна и треба истренирано уво за да се уочи, НО РАЗЛИКА ИМА.
А што правиме со ДЏ-ите како Тиесто, Авици и др... кои пуштаат 320ки (ова е проверено 1000%) во најелитните клубови ширум светот, сигурно и таму нема ефтина опрема
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
А што правиме со ДЏ-ите како Тиесто, Авици и др... кои пуштаат 320ки (ова е проверено 1000%) во најелитните клубови ширум светот, сигурно и таму нема ефтина опрема
Како тоа е проверено? дај линк да прочитам каде го пишува тоа, јас за ова првпат слушам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom