BloodyJesus
патенирана чепкалка
- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 1.206
- Поени од реакции
- 1.240
Во Албанија живеат жени кои решаваат да останат девици и да живеат како мажи во рамки на кодекс кој се нарекува Канун.
Според оваа древна традиција, која ја поддржувале и христијанските Албанци, семејното богатство секогаш го наследувале мажите, а жените по свадбата живееле во куќата на сопругот. Браковите се договарале уште на многу млади години, па дури и веднаш по раѓањето, а улогата на жената била сведена само на грижа на децата и одржување на домот.
Животот на жените, според ова верување, вреди половина од животот на мажите, а здолништето било многу важно за разликување на половите. Така мажите носеле панталони, капи и рачни часовници, додека жените носеле здолништа, марами и престилки.
Живеат во целибат, а им се обраќаат во машки род
Процесот на станување маж е многу едноставен. Се’ она што една жена треба да го направи е да се вети според законот на Канунот за да стане машко. По заветот мора да се облекува, однесува, зборува и да работи како маж.
Во целибат живеат цел живот, а сите им се обраќаат во машки род. Ја преземаат улогата на глава во семејството, го контролираат семејното богатство и го бранат семејството од крвна одмазда и пречекуваат гости. Иако сето ова изгледа како една голема жртва, за жените во Албанија ова е прилика да живеат послободно.
На жените и на животните некогаш се гледало исто
Една од нив е Луле која одлучила да стане маж кога имала 19 години иако има брат. Денеска е одговорна за десетчлено семејство. Целото семејство и’ се обраќа во машки род. Нејзината коса е кратко потстрижена, носи панталони и рачен часовник.
Доколку дојде до крвна одмазда таа ќе биде третирана како и било кој друг маж во семејството, но тоа е мала цена која треба да ја плати во замена за темелните права и слободи.
Паше Кеќи има 78 години и скоро и да не се сеќава дека во животот била жена, а тврди дека со текот на времето се променила. Кога одлучила да стане маж пред 60 години на жените и животните се гледало исто, додека денес жените во Албанија имаат еднакви права како мажите и дури се помоќни.
Епа ко си се родил муш у фаца, сакал нејќел и без да те преколнат ќе живееш како муш.