Правна помош и совети

Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Станува збор за следниов случај:

Родител е сопственик на непаричен (во предмети) удел во фирма. Сака да го пренесе уделот на своите 2 деца.

1. Кои документи од типот на изјави, одлуки пријави во ЦРМ треба да се приложат.
2. Дали треба да се направи нова проценка на имотот којшто се пренесува?
 
Член од
20 март 2008
Мислења
107
Поени од реакции
12

Zavisi vo kakov tip na drustvo e roditelot. Ako e vo drustvo kade sto sodruznicite se solidarni, togas sobirot na sodruznici treba da odluci deka moze da ima novi sodruznici do visina na delot od stariot sodruznik.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
471
Поени од реакции
26
Совет од поискусните правници дали имам реални шанси за:
Станува збор за студенск дом во кој живеам.Пукната цевка од парно во мојата соба поплави се,од кој и лаптопот како највреден предмет.
Го однесов на сервис и ми кажаа изгорена матична која не се поправа само може да се смени ако купам нова која кошта 250е + 18ддв + работна рака.
Од сервисот ми кажаа дека ако сакам да тужам ке ми дадат налог на кој ке пишува дека има видливи траги од вода,дека е изгорена матичната,и дека не се поправа.Е сега јас кој треба да тужам (студенски центар или топлификација) и дали ке ми се исплати т.е дали ке си вратам парите да си земам нова матична или нов пц за парите или џабе ка се мафтам од врата на врата.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727

Требело веднаш да поднесете до судот предлог за обезбедување на доказ. Тогаш судот ќе излезеше на лице место со вешто лице и ќе извршеше попис на се она што е оштетено од поплавата. Иако ова дејствие е пропуштено, во секој случај треба да ангажираш адвокат кој ќе поднесе тужба за надомест на материјална штета против студентскиот дом (доколку има својство на правно лице, а ако нема тогаш против сопственикот на домот). Со тужбата адвокатот ќе приложи докази за сето она што е оштетено од поплавата (конкретно уништениот лаптоп - со доказот-налогот за штетата издаден од сервисот). Треба да биде неспорно дека имало поплава во собата која не била предизвикана по твоја вина. Секако дека тужениот ќе биде задолжен да ти ја исплати штетата, како и парничните трошоци (судски такси, адвокатски трошоци) и секако дека ќе ти се исплати!
 
Се јавив во сервисот и ми кажаа дека ке ми дадат налог на кој ке биде наведено дека има видлива штета предизвикана од течност (вода) и дека не може да биде сервисиран.И да имам луге кој беа сведоци на поплавата т.е знаеа пред мене дека има поплава и ми се јавија на телефон да се вратам во собата да ја отворам комшии,домар на зградата,сестра итн...
Е сега работата е кој треба да се тужу во случајот, дали Република Македонија т.е министерство за образование и наука бидејки државните студенски домови потпагаат по МОН најверојатно и тие треба да се одговорни за одржување или пак топлификација тоа е дилемата.
 
Топлификавија нема врска, треба да го тужиш студентскиот дом - доколку е посебен субјект (како што ти реков погоре). Кому му плаќаш за сместувањето? Провери какво својство има студентскиот дом, ако не е посебен правен субјект, тогаш најверојатно ќе треба да ја тужиш РМ, односно соодветното министерство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.059
Поени од реакции
16.170
Совет од поискусните правници дали имам реални шанси за:
Станува збор за студенск дом во кој живеам.Пукната цевка од парно во мојата соба поплави се,од кој и лаптопот како највреден предмет.
Го однесов на сервис и ми кажаа изгорена матична која не се поправа само може да се смени ако купам нова која кошта 250е + 18ддв + работна рака.
Од сервисот ми кажаа дека ако сакам да тужам ке ми дадат налог на кој ке пишува дека има видливи траги од вода,дека е изгорена матичната,и дека не се поправа.Е сега јас кој треба да тужам (студенски центар или топлификација) и дали ке ми се исплати т.е дали ке си вратам парите да си земам нова матична или нов пц за парите или џабе ка се мафтам од врата на врата.
vidi prvo dali moze kako student da izdejstvuvas od listata na advokati za davanje besplatna pravna pomos...
.. a mozebi e mozno da se napravi mediacija ??, st.dom ako e na RM, sega pak davale kompjuteri na studenti, od toj fond da ti dadat vaucer ??
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Имам еден проблем кој сакам сега да го решам бидејки кога ќе станам тогаш оваа помош правна нема да ми е потребна.Инено се работи за следново....Излегувам од автомобил и гледам дека патот е замрзнат.Ја паркирам колата и ги информирам возачите да не се спуштаат бидејки е многу клизаво ќе направат беља.Паметните возила се тргаат од патот и чекаат да дојде возило за да фрли сол.Но глупавите возачи и покрај предупредувањето се спуштаат.Едно возило ми ја оштетува колата а второто кое се појави одникаде ме удира и ми ја крши бутната коска.Јас паѓам во болки му велам на син ми да ги запише рег.на колите и да викне брза помош.Првиот возач мисли дека тој ме удрил јас му се вртам и му кажувам дека тој не е него втората кола е .Во тој момент втората кола бега.Мене ме носат итно во болница ме оперираат итно.Полиција доаѓа после саат време за записник.Напишале се како што било но син ми бидејки има 17 год. не го признаваат за сведок.Гомното од човек кое бега го фатле алфите но тој не признава.Аплус и жена видела се како било оставила телефон за сведочење но началникот не ја признавал за сведок( е државо моја убава).....Сега гомното си се шета а ја чекам во кревет заврзан да стигне вештање од фармерки и слични глупости .....Место гомното да докажува деке не ме удрил иако сите го видоа тоа немаше 50 коли само две беа.,јас ќе скапувам а тој ќе си се шета......СРАМОТА за МВР.........Ова ли е правда......Но јас ќе станам е тогаш гомното ???????
ДАЈТЕ ПРАВНА ПОМОШ:mad::mad::mad::mad:
 
Искрено жал ми е за твојата повреда и ги разбирам твоите нервози и гнев, но поради твоите навреди во текстот (секој втор збор ти е навредлив) размислував двапати дали да ти одговорам. Но сепак ТИ си тој кој е во право и кој е оштетен, па ќе ти одговорам, но би те замолил во иднина да се воздржуваш од таквите зборови.
Треба да знаеш дека полицијата не е таа која одлучува кој ќе биде сведок, а кој не. Тие можат да речат што сакаат, но не значи дека се во право. Судот е тој кој одлучува. Секако дека син ти може да биде сведок, никаде не постои ограничување заради возраста за еден сведок. Сторителот на делото (второто возило) врши две кривични дела и тоа: загрозување на безбедноста во сообраќајот (по чл.297 од КЗ на РМ) и неукажуавње на помош (чл.136 од КЗ на РМ). И двете дела се гонат по службена должност, а за тоа треба да поднесете кривична пријава до основниот јавен обвинител. Обвинителот ќе Ве извести за превземањата/непревземањата. Должност на полицијата е тоа да го стори (најверојатно и го сторила), но проверете самиот, па ако МВР тоа не го сторила, поднесете Вие кривична пријава. Во таа постапка Вие можете да истакнете и имотно-правно барање за надомест на метеријална и нематеријална штета (парично побарување).
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
ни треба совет. на другарот вечерва во исправно паркирано возило матиз 2007 год(регистрирано и осигурано во кроација осигурување) со огромна брзина се удира друго возило и го оштетува комплетно према наша проценка баш тоталка.возачот ем со туѓо возило (регистрирано и осигурано во кјуби осигурување) ем пијан ем без возачка дозвола. доаѓа полиција, прави увид, записник, слики што е се потребно. која е процедурата сега понатаму? оштетеното возило е релативно ново 2007 год и перфект зачувано без ниту една гребнатинка со само 25.000 км. како може да се процени реалната штета и како оди понатаму процедурата, нормално, газдата на матизот сака реално да му биде исплатена штетата.
благодарам на одговорите.
 
Член од
21 август 2012
Мислења
55
Поени од реакции
25
ако може некој да ми каже нешто во врска со мојот проблем а се работи за следново: денес при преглед на документите дојдовме до заклучок дека купопродажниот договор за станот кој што татко ми го купил од фирмата каде што работи има направено грешка во презимето наместо презимето да биде со (ски) како што му е по сите документи (лична карта,пасош...) во купопродажниот довор стои (ов) . Дополнителен проблем е што фирмата одамна е ликвидирана а и уплатниците кои татко ми ги уплатил, ги уплатил на тоа погрешното презиме.(глупо ама ете), до ден денес си плаќаме данок на државата со оргиналното име и презиме и немавме проблем никаков се до денес кога сакавме да вршиме откуп на дворното место на зградата ама еве сега проблем документиите од лична карта од имотен лист и од купопродажниот договор не се сосема исти. Ајде и да не го купиме местото под зградата, ама што ќе се случува кога ќе треба да го наследуваме станот и ќе треба да се докажува сопственост?
 
A

Advokatisce

Гостин
печатна грешка. Покажете уплатници и докажете идентитет со сведоци. Ако ве одбијат за откуп тогаш поведете си управен спор
--- надополнето: 24 декември 2012 во 21:58 ---
ако може некој да ми каже нешто во врска со мојот проблем а се работи за следново: денес при преглед на документите дојдовме до заклучок дека купопродажниот договор за станот кој што татко ми го купил од фирмата каде што работи има направено грешка во презимето наместо презимето да биде со (ски) како што му е по сите документи (лична карта,пасош...) во купопродажниот довор стои (ов) . Дополнителен проблем е што фирмата одамна е ликвидирана а и уплатниците кои татко ми ги уплатил, ги уплатил на тоа погрешното презиме.(глупо ама ете), до ден денес си плаќаме данок на државата со оргиналното име и презиме и немавме проблем никаков се до денес кога сакавме да вршиме откуп на дворното место на зградата ама еве сега проблем документиите од лична карта од имотен лист и од купопродажниот договор не се сосема исти. Ајде и да не го купиме местото под зградата, ама што ќе се случува кога ќе треба да го наследуваме станот и ќе треба да се докажува сопственост?
печатна грешка. Покажете уплатници и докажете идентитет со сведоци. Ако ве одбијат за откуп тогаш поведете си управен спор​

--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:01 ---
ни треба совет. на другарот вечерва во исправно паркирано возило матиз 2007 год(регистрирано и осигурано во кроација осигурување) со огромна брзина се удира друго возило и го оштетува комплетно према наша проценка баш тоталка.возачот ем со туѓо возило (регистрирано и осигурано во кјуби осигурување) ем пијан ем без возачка дозвола. доаѓа полиција, прави увид, записник, слики што е се потребно. која е процедурата сега понатаму? оштетеното возило е релативно ново 2007 год и перфект зачувано без ниту една гребнатинка со само 25.000 км. како може да се процени реалната штета и како оди понатаму процедурата, нормално, газдата на матизот сака реално да му биде исплатена штетата.
благодарам на одговорите.
Штета ќе си надомести, а за тоа колку е реална вредноста според газдата на возилото е друга работа. газдите обично повеќе си ги ценат колите а осигурителните компании обратно. Не е фер ама тоа е.
 
Штетата ќе ја утврди проценител од осигурителната компанија која треба да ја надомести истата. Доколку сметате дека висината на штетата е прениско определена ќе мора да поднесете тужба против осигурителната компанија (а може и солидарно против причинителот на штетата) со која ќе барате да ви се исплати разликата во цената (од платената до реалната штета) но таа висина ќе мора да ја докажете пред судот.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:26 ---
ако може некој да ми каже нешто во врска со мојот проблем а се работи за следново: денес при преглед на документите дојдовме до заклучок дека купопродажниот договор за станот кој што татко ми го купил од фирмата каде што работи има направено грешка во презимето наместо презимето да биде со (ски) како што му е по сите документи (лична карта,пасош...) во купопродажниот довор стои (ов) . Дополнителен проблем е што фирмата одамна е ликвидирана а и уплатниците кои татко ми ги уплатил, ги уплатил на тоа погрешното презиме.(глупо ама ете), до ден денес си плаќаме данок на државата со оргиналното име и презиме и немавме проблем никаков се до денес кога сакавме да вршиме откуп на дворното место на зградата ама еве сега проблем документиите од лична карта од имотен лист и од купопродажниот договор не се сосема исти. Ајде и да не го купиме местото под зградата, ама што ќе се случува кога ќе треба да го наследуваме станот и ќе треба да се докажува сопственост?
Треба да побарате од матичната служба потврда дека се работи за иста особа.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Штета ќе си надомести, а за тоа колку е реална вредноста според газдата на возилото е друга работа. газдите обично повеќе си ги ценат колите а осигурителните компании обратно. Не е фер ама тоа е.
малку арогантно од ваша страна со ваков одговор, јас навистина не знам како да докажам дека на возилото не постоеше ниту една гребнатинка и на човекот му беше апсолутно зачувано како да го купил вчера.
сепак, благодарам на одговорот па макар и никаков што е.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:52 ---
Штетата ќе ја утврди проценител од осигурителната компанија која треба да ја надомести истата. Доколку сметате дека висината на штетата е прениско определена ќе мора да поднесете тужба против осигурителната компанија (а може и солидарно против причинителот на штетата) со која ќе барате да ви се исплати разликата во цената (од платената до реалната штета) но таа висина ќе мора да ја докажете пред судот.
.
како би можеле тоа да го докажеме кога сега возилото не вреди ни 5 пари?
против причинителот на штетата му е речено од страна на адвокат дека не вреди да се поднесува тужба, не знам зошто тоа му е речено? по кој основ може и како ве молам?
благодарам на одговорот.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:59 ---
ајде малку да пообјаснам како му е речено на другарот.значи, возилото еве да речеме дека нов матиз кошта 6.000 евра.2007 год му покажале документ по кој има 53% амортизација.значи, му припаѓаат помалку од 3000 евра.од тие 3000, одбивале апсолутно се што било здраво останато, и го припремаат за цена од 1500 евра.па мајку му, со 1500 евра да обештетат автомобил стар 5 години со поминати неполни 25.000км?? малку апашки ова ми делува? речено му е дека по автоматизам се прогласувало тоталка на 2.500 евра штета и да сака човекот да си ја поправа, кјуби тоа немало да го подмирува, не знаеме, не сме имале досега такви проблеми, го местат ли сега ли што, не знаеме како да се поставиме да не биде другарот измамен.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
малку арогантно од ваша страна со ваков одговор, јас навистина не знам како да докажам дека на возилото не постоеше ниту една гребнатинка и на човекот му беше апсолутно зачувано како да го купил вчера.
сепак, благодарам на одговорот па макар и никаков што е.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:52 ---

како би можеле тоа да го докажеме кога сега возилото не вреди ни 5 пари?
против причинителот на штетата му е речено од страна на адвокат дека не вреди да се поднесува тужба, не знам зошто тоа му е речено? по кој основ може и како ве молам?
благодарам на одговорот.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:59 ---
ајде малку да пообјаснам како му е речено на другарот.значи, возилото еве да речеме дека нов матиз кошта 6.000 евра.2007 год му покажале документ по кој има 53% амортизација.значи, му припаѓаат помалку од 3000 евра.од тие 3000, одбивале апсолутно се што било здраво останато, и го припремаат за цена од 1500 евра.па мајку му, со 1500 евра да обештетат автомобил стар 5 години со поминати неполни 25.000км?? малку апашки ова ми делува?
Против причинителот на штетата не би вредело да се поднесува тужба само доколку истиот нема имот на свое име (поради што и не би можеле ништо да наплатите од него). Во секој случај моја препорака е со тужбата да бидат опфатени како тужени странки солидарно сторителот и осигурителната компанија.
А за вредноста на возилото не би сакал да зборувам бидејќи не сум стручен за тоа, сепак постојат вештаци и овластени проценители кои користејќи некакви си методи (тип и марка на возило, година на прозиводство, поминати километри, амортизација и сл.) ја утврдуваат пазарната вредност на возилото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom