Штета ќе си надомести, а за тоа колку е реална вредноста според газдата на возилото е друга работа. газдите обично повеќе си ги ценат колите а осигурителните компании обратно. Не е фер ама тоа е.
малку арогантно од ваша страна со ваков одговор, јас навистина не знам како да докажам дека на возилото не постоеше ниту една гребнатинка и на човекот му беше апсолутно зачувано како да го купил вчера.
сепак, благодарам на одговорот па макар и никаков што е.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:52 ---
Штетата ќе ја утврди проценител од осигурителната компанија која треба да ја надомести истата. Доколку сметате дека висината на штетата е прениско определена ќе мора да поднесете тужба против осигурителната компанија (а може и солидарно против причинителот на штетата) со која ќе барате да ви се исплати разликата во цената (од платената до реалната штета) но таа висина ќе мора да ја докажете пред судот.
.
како би можеле тоа да го докажеме кога сега возилото не вреди ни 5 пари?
против причинителот на штетата му е речено од страна на адвокат дека не вреди да се поднесува тужба, не знам зошто тоа му е речено? по кој основ може и како ве молам?
благодарам на одговорот.
--- надополнето: 24 декември 2012 во 22:59 ---
ајде малку да пообјаснам како му е речено на другарот.значи, возилото еве да речеме дека нов матиз кошта 6.000 евра.2007 год му покажале документ по кој има 53% амортизација.значи, му припаѓаат помалку од 3000 евра.од тие 3000, одбивале апсолутно се што било здраво останато, и го припремаат за цена од 1500 евра.па мајку му, со 1500 евра да обештетат автомобил стар 5 години со поминати неполни 25.000км?? малку апашки ова ми делува? речено му е дека по автоматизам се прогласувало тоталка на 2.500 евра штета и да сака човекот да си ја поправа, кјуби тоа немало да го подмирува, не знаеме, не сме имале досега такви проблеми, го местат ли сега ли што, не знаеме како да се поставиме да не биде другарот измамен.