Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ги споредуваме двајцата ќе забележиме голема разлика.За разлика од Лам кој е десен бек,јас Алвес би го ставил повеќе кон десно крило него десен бек.Цело време напред а назад дува промаја.
Даниел Алвес е робусен играч,има силен шут,има осет за дриблинг итн,но одбраната никогаш не му била силно оружје.Додека беше во Севиља тоа можеше да се забележи но во Барса со нивниот напаѓачки стил тој се трансформира од десен бек во десно крило.Многу лошо набацува,па можам да го споредам со Масимо Одо од времето кога отиде во Баерн и Милан.Додека играше во Лацио Одо беше снајпер.Искрено Дани Алвес мене ми делува како истрошен играч и не ми се верува дека ќе понуди нешто спектакуларно во натамошната кариера.Бразилскиот феномен наречен непослушност и нон стоп одење во диско,правење забави,лудории си го прават своето.Па не е ни чудо Монтоја да му ја земе стартната позиција како што му ја зедоа на Мајкон во Интер па и после го продадоа.Јас мислам истото ќе му се случи и на Алвес.

(Барса го купи Алвес откако не им успеа работата со Лам.Дали Лам ќе беше подобар или послаб од Алвес може само да нагаѓаме.)

Иако е низок Лам,за неговата позиција тоа не претставува проблем.Повредите се веќе минато за него,нема пропуштено натпревар поради повреда незнам од кога.:)Стандарден првотимец па и стандардно добри настапи.Одличен во дефанзивата и во нападот но премногу лошо набацува,тука со Дани Алвес може да се јадат иако годинава со Лил предобар беше во тој сегмент.:DОдлично покрива,страшно добар клизач има(со Луиз Густаво во Баерн се најдобри) и чисто ја одзема топката во тие ситуации.Лам изгради култ во Германија па и за тоа е капитен и на Баерн и на германската репрезентација.Иако тој не ни личи ни одблиску на водач и премногу е мирен, со своите настапи на високо ниво си заслужи респект од сите па и тоа е сигурно е една од причините што го поставија иако имаше други посериозни кандидати.
Лам е сметан како најголем талент во Баерн,тоа го докажува и фактот дека Герланд долгогодишен тренер на резервниот тим и асистент на Хајнкес го сметал за најдобар фудбалер што некогаш го тренирал.Таткото на Матс Хумелс(поранешен тренер на младите екипи) пак рекол Лам ако не успее во Бундеслигата нема кој да успее.Реченото било сторено од Филим Лам.:)

За крај ќе речам дека овие два играчи неможат да се споредат бидејќи сметам дека Дани Алвес само ја пополнува десната позиција во одбраната а неговата природна позиција е малку понапред.

Но,ако се споредуваат овие двајца јас давам предност на играчот што има константни добри натпревари,сезони а не на играч кој збеснува некоја сезона па го сменува хинт> Мајкон.Дани Алвес има голем пад и не гледам константност во играта и за крај пак ќе споменам бразилскиот феномен ги јаде сите добри бразилски играчи што успеваат во Европа.
--- надополнето: 19 декември 2012 во 14:54 ---
Мајкон за двата во најдобра форма е бог како десен бек.

До овие двата офанзивно подобар е Дани Алвеш,дефанзивно Филип Лап..
Алвеш е поголем киксер но како фудбалер односно индивидуа е поквалитетен играч,побрз,подобар шут,подобар центаршут,посилен,подобро се гради итн...
А Лам е поинтелегентен играч,има подобар пас,подобра визија,назад не кикса воопшто плус добар е во напад..на прв видик Алвеш е многу поатрактивен играч (можеби до тоа што игра во Барселона) но и Лам си има свои квалитети..тежок избор но јас повеќе ги ценам оние играчи што се дефанзивно постабилни значи мој избор Лам:D

Муабетов ти нема везеее.Мајкон во најдобрите години правел партал..Колку години правеше партал ? Па тоа беа само 2 години кога играше врвен,врвен фудбал и дали по тоа треба да го прогласиме за најдобар?Кога замина Мурињо што направи ? Дали успеа нешто да направи е прашањето а не што направи.Права мизерија беше,факт и тоа голем факт!Сега каде е најдобриот "десен бек на сите времиња"?Грее клупа за некое милионче плус на сметката.Се можеш да спитомиш ама неможеш бразилец.Роналдињо заради тоа се упропасти инаку кај ќе му беше крајот,ке му даваа на Сантијаго Бернабе секој натпревар аплауз и тоа искрен аплауз.
--- надополнето: 19 декември 2012 во 14:54 ---
Како ви дава душата бе хејтерчина :D
Значи ај шо мразите се живо шо е поврзано со фцб ај, ама малку од малку кон самите себеси бидете искрени:LOL:

И да, моментално Алвеш е во никаква форма, ама ова му е прв пат во кариерата да падни со формата.
И одма коментарите: Лахм ти е легенда бе човече. (као секој викенд да глеаат бундес):facepalm:

Сите бразилци паѓаат во форма и тоа за навек:) (диско миско ваму таму си знаеш тоа),така да сега редот дошол на Дани Алвес.Монтоја му го зема скалпот малце по малце па и доста солидни натпревари си изигра тој.
--- надополнето: 19 декември 2012 во 14:54 ---
Dobro be kaj vi se sega muabetite deka Alves se pokazal i vo drug klub a Lam ne,pa taka da glasate za Alves? Ili toj muabet vazi samo odredeni fudbaleri ? Ah lele....
Alves e za nijansa podobar,podinamicen i poveke pridonesuva i vo napadot.Za defanziva i dvajcata se dobri.Ne mi se veruva deka nekoj ovde veli oti Alves bil poslab vo defanziva.Kakvi izvonredni partii ima Alves protiv RM i drugite jaki timovi i samite znaete...Iako e odbranben igrac ima mnogu asistencii i golovi (mislam okolu 40) a toa e poim za moderen bek......Alves predhodnite 4-5 sezoni bese eden od 3te najdobri bekovi a Lam mislam deka tesko ostanal na vrvot tolku mnogu....
Ne velam deka Lam e slab no Alves e podobar.......

Лам и тоа како се покажа во Штутгарт кога беше на позајмица во сезоната 2003/2004 под водство на Феликс Магат.Наредната сезона исто така добро ја започна но имаше проблем со лигаментите па отсуствуваше подолго време.
 
Лам типичен германски фудбалер.Дисциплина,ладнокрвност,стабилност.Додека Дани е па типично бразилско бекче,брз со дриблинг,шут и слично.Јас лично никогаш не сум ги сакал бразилските играчи,за мене европските биле секогаш подобри.Кога би бирал од овие двајца кој да дојде во омилениот тим,тоа би бил Лам без двоумења.

Инаку и двајцата можат вода да им носат на Занети и Кафу(едини бразилец што сум го сакал како играч)
 
Гласав за Лам, зошто веќе 8-9 години како игра квалитетно на таа позиција, било во репрезентација, било во Баерн Минхен.

Мајкон не заслужува да биде спомнат меѓу овие 2-ца, зошто имаше блесок од 2 години, и потоа Бејл јавно го посрамоти.

Класика и репер за десен бек, еден и единствен, Кафу.
Не помнам друг бек кој бил технички попоткован од него, првиот бек од кој што се гледаше атрактивен фудбал.
 
Поради лошите реакции на предходниот дуел, одиме со нов.

Крос - Геце​
kroos-gotze-bayern-dortmund-10679356slqak_2038.jpg

Станува збор за едни од најперспективните и најкомплетните млади таленти во Германија. Ијако во почетоците на своите фудбалски кариери, сепак, приносот кој го бележат за своите тимови и за германската репрезентација е огромен.

Двајца одлични технички подготвени играчи, иднината на Германската репрезентација. Моето подетално гледиште за дуелов ќе го искажам понатаму.

Дискутирајте.
 
:cuc::cuc::cuc:

Двајцата се најјаки на светот!

Дојчланд убер алес!

Гарфилд за свемирски модератор! :cuc::cuc:



Озбилно, Тони Крос е измислен за Гетце, Тони Крос има прецизен и силен шут со двете нозе, добар пас и осет да игра. И подиректен е кон голот од Гетце, кој е мивка за Тони Крос!!!

Гетце is overrated and overpriced и ако замине од Дортмунд во било кој друг тим кој не ја има филозофијата на Клоп ќе пропадне као Сахин и Кагава.

Тони Крос беше во позајмица во Неверкузен 2 години и таму растури.
 
Тежок дуел, Крос беше одличен во Леверкузен, во Баерн на почетокот се подзагуби но полека го исполнува својот потенцијал. Повеќе го сакам Крос од Геце, но сепак гласав за Геце, подобар е во моментот.

П.С. Ројс е подобар и од двајцата. :D
 
:pos: Mario Gómez Не дупи и ти сеа.....

Тешка е споредбава сооглед на тоа дека станува збор за играчи со релативно различни позиции на игра,или барем различни начини на игра...

Крос е снајпер,Крос е еден од најителигентните млади играчи во фудбалот,мајстор за наоѓање простор помеѓу линиите на средниот ред и одбраната на противничката екипа.Крос знае да отвори простор како ретко кој во фудбалот денеска....Страшно талентиран,со феноменално прецизен шут од далечина.

Гетце е поголем дриблер,Гетце е ала Рибери,инстинктивен фудбалер.Мој фаворит во иднината за златната топка!Невиден потенцијал,германскиот Меси!

Ја гласам за Марио...
 
Тони Крос, добар играч, добар играч за креирање на акции, добар осет за пас, и прекрасен центаршут. Моментално не го гледам нешто појак од Геце(вака че го пишам) пошто Крос повеќе е насочен во дефанзива.
Во спротивно Геце ја има таа експресивност, брз е, знае многу добро да игра со топка,дриблинзи....а и со мал тренинг и да се заинаети би имал и убиствена завршница, Е сеа не го бива баш многу за дефанзива како Крос, али за разлика во офанзивата Геце е светлосни години појак од Крос.
Али годинава статистиката на двајцата докажува дека Крос е поуспешен како офанзивен фудбалер, али јас не го гледам искрено тоа само од сегашната статистика. Пошо Геце мака мачеше со повреди на почетокот на сезонава.
Гласав за Геце пошто мислам дека можи повеќе и можи да изгради прекрасна кариера, а за Крос мислам дека ќе си остани таков каков што е сега и нема да напреди повеќе.
Ако ги вклопиш двајцава мислам дека би излегол фудбалер што би бил одма до Меси и Роналдо. А можеби и појак, оти овие 2цава се тапа во дефанзива :) :) :) :)
 
WTF!? !? Предавник, иди навивај за Дортмунд.:свиркам:

Каков иден фудбалер на годината, какви бакрачи!!! Тони Крос is the man!

:pos:

Странските дипломати на чело со Igorcemk ми платија да гласам за Марио во оваа анкета,признавам! :pos:
 
Гласав за Гоцето оти повеќе сакам брзи играчи кои умеат да издриблат неколкумина и сами да си создадат шанса за гол, не дека другиов е слаб. Крос ви е ала Чави , а Гоцето ала Меси со десна нога.
 
:pos:

Странските дипломати на чело со Igorcemk ми платија да гласам за Марио во оваа анкета,признавам! :pos:
Не е битна анкетата, секако бројот на дркачи на Клоп и Гетце на форумов е преголем за Крос да добие тука, и од друга страна играч на Баерн тепа на минатата анкета, а да ја добиеме и оваа не сме Грујо. Ама ме разочара бе, Крос игра страшно годинава, какви голови дева со волеи и со кршење кичми, а ти Гетце бил подобар. Гетце не е ни најдобар играч во Дортмунд, Ројс е. :D
 
:cuc::cuc::cuc:

Двајцата се најјаки на светот!

Дојчланд убер алес!

Гарфилд за свемирски модератор! :cuc::cuc:



Озбилно, Тони Крос е измислен за Гетце, Тони Крос има прецизен и силен шут со двете нозе, добар пас и осет да игра. И подиректен е кон голот од Гетце, кој е мивка за Тони Крос!!!

Гетце is overrated and overpriced и ако замине од Дортмунд во било кој друг тим кој не ја има филозофијата на Клоп ќе пропадне као Сахин и Кагава.

Тони Крос беше во позајмица во Неверкузен 2 години и таму растури.
Хахаха Кагава пропаднал...Од него сеуште не е сте го виделе најдоброто....
Всушност уште ништо не сте виделе од него...


Он:Гласав за Геце, бидејќи знам дека има страшна техника и има добри подавања ака пасс, секако и Крос не е за потценување, знам дека има добар, многу добар удар, но фактот што е Геце помлад и има подобра статистика од него во репрезентацијата (не во Борусија), пресуди.
 
Гласав за Геце и мислам дека за нијанаса е подобар од Тони Крос иако и двајцата се фантастични играчи, Тони има посцилен и попрецизен шут од Геце ама Геце има далеку подобар дриблинг, експлозивнот и брзина и контрола на топка, а и двајцата имаат неверојатно чуство за пас и визија.​
 
Не е битна анкетата, секако бројот на дркачи на Клоп и Гетце на форумов е преголем за Крос да добие тука, и од друга страна играч на Баерн тепа на минатата анкета, а да ја добиеме и оваа не сме Грујо. Ама ме разочара бе, Крос игра страшно годинава, какви голови дева со волеи и со кршење кичми, а ти Гетце бил подобар. Гетце не е ни најдобар играч во Дортмунд, Ројс е. :D

Точно.Ројс е!

Пишав дека споредбава е тешка пошто се различни играчи...Скоро и немогуча е споредбава...Ко Чави и Меси да ги споредуваш!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom