Прво не е во ред да се прашува за години некого кого не го познаваш тоа е од основна култура и се учи во прво одделение или таканаречен бонтон.
1.Партиските војници ги има не викам не.Ти ако си со факултет(претпоставувам си завршил или уште студираш),образован човек и ако сакаш да работиш и да се задоволиш со 250 евра плата во администрација тогаш џабе ќе дискутираме понатаму.
2.Се средува полека не е тотален хаос како порано.
3.Ова со конфекцииве и нискоквалификуваните работници сите го знаеме не е само кај нас вака.
4.Епа сега јебига ако сакаш да отвориш фирма за обезбедување нормално дека ќе те збришат т.е ако им се поклопат твоите цели со "нивните".Има мал милион млади луѓе со успешни фирми кои работат нормално.
Никој во странство не ти гарантира дека ако имаш бугарски пасош па лесно ќе се снајдеш со работа или ќе се збогатиш преку ноќ.Уствари што расправам јас тука иди утре аплицирај си на време зошто некој спомна горе требало да се иде на курс по буграски да го знаеш нели зошто нели веќе ќе бидеш нивни заложник.
Бон тон умре пред многу време. Сепак тоа не е темата тука.
1. Партиските војници и неписмените се насекаде, и во администрација, и во приватни фирми и во факултети, стануваат доктори, судии, ја раководат државата како што и сам можеш да видиш. Не е работата да се задоволиш со 250 евра. Работата е да живееш нормален живот, кој во Македонија со оваа ситуација можат многу мал број луѓе да си го дозволат.
2. Ти очигледно не живееш во Македонија.
3. Е баш тоа е проблемот и баш најголем број од тие луѓе ги земаат пасошите.
4. Отвори каква сакаш фирма, и ова со мал милион исто така не ти држи вода, затоа што фактичката ситуација го кажува спротивното, можеш да видиш и статистика и некој поупатен во економија да објасни.
Никој во странство ништо не ти гарантира, затоа што си тугинец, ама сите што отишле никој не се вратил, затоа имаме и депопулација, негативен прираст, затоа и ќе не снема еден ден.
Државата го уништува народот, државата кумува на уништувањето на сопствената младина, со една цел, останување на власт и остварување профит на одредени гарнитури. Никој не ја сфаќа маката на другиот додека и самиот не се најде во истата каша. Ви велам, повеќето од тие луѓе маката ги натерала тоа да го направат.
--- надополнето: 19 декември 2012 во 23:18 ---
Некој да ми ја објасни разликата?
Ако некој земел 100 грша за кодошење на некој војвода пред 100 години за да си ја прехрани фамилијата одма е окарактеризиран како предавник на својот народ.
Ако некој земе бугарски пасош( и сега да не се правиме сите на удрени , секој многу добро ја знае политиката на бугарија према Македонците) исто така за да си ја прехрани фамилијата, тогаш тој што е ?
Оти првите се предавници а овие модерниве не се?
Е тоа сакам некој да ми го објасни.
Инаку гледано како поединец или за своја корист да бугарскиот пасош има бенефиции не велам не.
Но долгорочно гледано баш ради тие пасоши ние како држава уште долго време нема да можеме да ги користиме нашите како што треба.
Мислам и на некој да си се лажеше досега дека не е така , можеше сам да си се увери пред некој ден што точно ни мислат бугарите. Или ете најново тука имаме големо бугарско малцинство кое е репресирано од тукашните власти да се искажат поинаку. А колкаво е тоа бугарско малцинство. Па според бројот на пасошите кои ги имаме издадено досега е приближно околу незнам нека кажат дежурните бугари на форумот.
Мое мислење:
Прв болд: Со оглед на тоа кој ни ја води државата овие 20 години, продавање на името, знамето, терористи во власта, криминалната приватизација, армија невработени, неписмени луѓе на раководни места, "државна мафија", мислам дека поголемите предавници се таму горе, и ги полнат вреќите додека овде ние си ги вадиме очите.
Втор болд: Баш поради тоа веќе имаме проблеми и со пасоши, и со т.н добрососедски односи, не сметаат за држава што не води сметка за малцинствата и тн. што е далеку од вистината.
Сум зборувал со луѓе што имаат бг пасоши и тие си се чувствуваат македонци, само не знаат дека со самото тоа имаат пасоши и што се запишале таму, веќе фигурираат како бугари и и прават проблеми на државата.
Сепак мислам дека народот само си го бара чарето, требаше државата уште поодамна да потегне конци и да почне да ги решава основните социјални и егзистенцијални проблеми. За разлика од тоа, власта континуирано работи исклучиво за свој материјален интерес, па како последица настана ситуацијата што ја имаме денеска