Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Јас да сум премиер или да имам некоја важна функција во државава, на сите што ќе извадат бугарски пасош ќе им забранам здравствено осигурување, бесплатно школување итн. Ако сакаш да се лекуваш, за обичен преглед ќе плаќаш 100 евра, ако сакаш да се школуваш, основното ќе биде 2000-3000 евра година.

Луѓето се правдаат дека е беспарица, па затоа земаат бугарски пасош и потпишуваат дека имаат бугарски корени. Демек као некоја трагедија било што се неспособни и не работат за да направат кеш, а забораваат дека некој животот го дал за државата. Морее...
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214

и то ќе биди најголемата грешка ... ШО ЌЕ СЕ ДЕСИ ???
Ќе дојдат сите меѓународни заедници и сите ќе те обвинат за дискриминација на малцинството, после ќе си касниш од куро од нерви .... хахахаха
кај нас малцинствата се многу опасни !!!
 
И што дека? Нека не` обвинат, ионака не ебат веќе со години со нивните широко отворени врати за ЕУ и НАТО.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Далеку си од вистината. Прво, еден куп луѓе избегаа од источниот дел низ Европа затоа што буквално немаа леб да јадат. Нема ама баш никаква работа, иди прошетај низ Кратово, Пехчево, Берово, Св. Николе, М. Каменица, тоа се веќе градови на духови.
Друго, трендот се шири и нака Западна Македонија, посебно Битола, а и Скопјани не се имуни.
Луѓето попрво би работеле амалска работа ама барем ќе бидат платени како луѓе, а не како овде, работат по 10 саати, без викенди, без празници, а се платени буквално како стока, како робови. Стави се на нивно место па после суди.
Гледам со шлепери со пари доаѓаат нашиве тука.Ако имаш знаење и со Македонски пасош ќе успееш.Никој не спори дека помалите градови ни се бедотија но толку да се трчало по бугарски пасоши тоа е чудо невидено.Немој да мислиш дека на нашите им е лесно у странство, таму дупло повеќе ќе те експлоатираат отколку тука и ќе земеш нешто повеќе нормално дека имаат повисок стандард.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

Прво ќе те прашам колку години имаш. (Не мораш да одговориш).
Второ, не е работата за шлеперите со пари, работата е голо преживување. Таму некаде барем ќе може да заработи некој, тука тоа со снаоѓањето што го зборуваш не проаѓа. Како да се снајде човек кога:
1. Тотална окупација на партиски, неписмени и полуписмени полтрони на сите места во администрација/фирми кај кои постои и најмала можност за примање со врски.
2. Тотална ерозија на образованието и здравството.
3. Буквално робување кај "газдите" во конфекциите и сличните фирми, каде наместо плата, се добива болест.
4. Тотално угушување на можноста за самостоен приватен бизнис, (ако не е поврзан со криминални зделки или поврзан со луѓе од власта кои ќе ти дозволат да работиш).
Си пишал дека треба знаење, е ама тоа знаење во Македонија можеш да го искористиш само во неколку компании и на квизови. За се друго ти е потребна врска.
Познавам мал милион луѓе, меѓу кои и мои роднини, кои овде буквално беа дотерани до питачки стап, без работа, без никаква социјална заштита, се молеа позајмуваа, извадија пасоши, сега сите се во Италија. Не се милионери, ама живеат нормален живот, како луѓе и не сакаат да чујат да се вратат тука. Такви случаи знам се повеќе и повеќе. Ќе те експлоатираат дупло повеќе (во повеќето случаи ова воопшто не е точно), ама ќе ти платат како на човек на крајот на денот, ќе имаш осигурување и право на одмор, што овде го немаш во најголем дел од "газдинските" фирми.
И јас порано се чудев и ги пцуев тие што го прават тоа, ама кога чукна сиромаштијата на вратата на мои блиски, сфатив колку е часот. Сето тоа што го прават најголемиот дел од луѓето со пасошите е од мака.
 
Прво не е во ред да се прашува за години некого кого не го познаваш тоа е од основна култура и се учи во прво одделение или таканаречен бонтон.

1.Партиските војници ги има не викам не.Ти ако си со факултет(претпоставувам си завршил или уште студираш),образован човек и ако сакаш да работиш и да се задоволиш со 250 евра плата во администрација тогаш џабе ќе дискутираме понатаму.
2.Се средува полека не е тотален хаос како порано.
3.Ова со конфекцииве и нискоквалификуваните работници сите го знаеме не е само кај нас вака.
4.Епа сега јебига ако сакаш да отвориш фирма за обезбедување нормално дека ќе те збришат т.е ако им се поклопат твоите цели со "нивните".Има мал милион млади луѓе со успешни фирми кои работат нормално.

Никој во странство не ти гарантира дека ако имаш бугарски пасош па лесно ќе се снајдеш со работа или ќе се збогатиш преку ноќ.Уствари што расправам јас тука иди утре аплицирај си на време зошто некој спомна горе требало да се иде на курс по буграски да го знаеш нели зошто нели веќе ќе бидеш нивни заложник.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
23.001
Некој да ми ја објасни разликата?
Ако некој земел 100 грша за кодошење на некој војвода пред 100 години за да си ја прехрани фамилијата одма е окарактеризиран како предавник на својот народ.
Ако некој земе бугарски пасош( и сега да не се правиме сите на удрени , секој многу добро ја знае политиката на бугарија према Македонците) исто така за да си ја прехрани фамилијата, тогаш тој што е ?
Оти првите се предавници а овие модерниве не се?
Е тоа сакам некој да ми го објасни.
Инаку гледано како поединец или за своја корист да бугарскиот пасош има бенефиции не велам не.
Но долгорочно гледано баш ради тие пасоши ние како држава уште долго време нема да можеме да ги користиме нашите како што треба.
Мислам и на некој да си се лажеше досега дека не е така , можеше сам да си се увери пред некој ден што точно ни мислат бугарите. Или ете најново тука имаме големо бугарско малцинство кое е репресирано од тукашните власти да се искажат поинаку. А колкаво е тоа бугарско малцинство. Па според бројот на пасошите кои ги имаме издадено досега е приближно околу незнам нека кажат дежурните бугари на форумот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
А колкаво е тоа бугарско малцинство. Па според бројот на пасошите кои ги имаме издадено досега е приближно околу незнам нека кажат дежурните бугари на форумот.
Официјално некаде ооклу 50 000, неофицијално повеќе од 100 000...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
23.001
Официјално некаде ооклу 50 000, неофицијално повеќе од 100 000...
Па на држава од два милиони 100000 потпишани дека имаат бугарски корени па макар и лажеле само за да земат пасош воопшто не е занемарувачка бројка.
Тие можеби утре и ке го фрлат или изгорат, но таму си стои црно на бело дека кај нас има 100000 бугари кои немаат никакви права. И ете ти легален мотив за блокади. Македонија не е за во еу пошто очигледно ги крши човековите права на бугарите .
И после цацко ни е крив.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Па на држава од два милиони 100000 потпишани дека имаат бугарски корени па макар и лажеле само за да земат пасош воопшто не е занемарувачка бројка.
Тие можеби утре и ке го фрлат или изгорат, но таму си стои црно на бело дека кај нас има 100000 бугари кои немаат никакви права. И ете ти легален мотив за блокади. Македонија не е за во еу пошто очигледно ги крши човековите права на бугарите .
И после цацко ни е крив.
Јас не коментирам ништо на оваа тема, иако имам став за ова, но не сакам да се расправам. Само кажав за која бројка се работи. Синоќа бев Софија, и баш разговарав со еден Македонец кој посредува при вадењето бугарски пасоши. Тој ми рече дека само преку него до сега се извадени повеќе од 1000 пасоши...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.739
Поени од реакции
23.001
Јас не коментирам ништо на оваа тема, иако имам став за ова, но не сакам да се расправам. Само кажав за која бројка се работи. Синоќа бев Софија, и баш разговарав со еден Македонец кој посредува при вадењето бугарски пасоши. Тој ми рече дека само преку него до сега се извадени повеќе од 1000 пасоши...
Далеку од расправање, таман работа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Далеку од расправање, таман работа.
Не мислев со тебе, ние сограѓаните не се расправаме меѓу себе. ;) Мислев со овие дечиштата патриоти по темата...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас да сум премиер или да имам некоја важна функција во државава, на сите што ќе извадат бугарски пасош ќе им забранам здравствено осигурување, бесплатно школување итн. Ако сакаш да се лекуваш, за обичен преглед ќе плаќаш 100 евра, ако сакаш да се школуваш, основното ќе биде 2000-3000 евра година.

Луѓето се правдаат дека е беспарица, па затоа земаат бугарски пасош и потпишуваат дека имаат бугарски корени. Демек као некоја трагедија било што се неспособни и не работат за да направат кеш, а забораваат дека некој животот го дал за државата. Морее...
Пример би можел да им забраниш тогаш и на службите од државата, продавачите да не им запираат ДДВ, такси, и останати давачки на тие граѓани.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Јас да сум премиер или да имам некоја важна функција во државава, на сите што ќе извадат бугарски пасош ќе им забранам здравствено осигурување, бесплатно школување итн. Ако сакаш да се лекуваш, за обичен преглед ќе плаќаш 100 евра, ако сакаш да се школуваш, основното ќе биде 2000-3000 евра година.

Луѓето се правдаат дека е беспарица, па затоа земаат бугарски пасош и потпишуваат дека имаат бугарски корени. Демек као некоја трагедија било што се неспособни и не работат за да направат кеш, а забораваат дека некој животот го дал за државата. Морее...
После немало дискриминациja и антибугарска кампанja во РМ?! И со што са различни например земените френско државенство например или србско со бугарско?
--- надополнето: 19 декември 2012 во 21:13 ---
Некој да ми ја објасни разликата?
Ако некој земел 100 грша за кодошење на некој војвода пред 100 години за да си ја прехрани фамилијата одма е окарактеризиран како предавник на својот народ.
Ако некој земе бугарски пасош( и сега да не се правиме сите на удрени , секој многу добро ја знае политиката на бугарија према Македонците) исто така за да си ја прехрани фамилијата, тогаш тој што е ?
Оти првите се предавници а овие модерниве не се?
Е тоа сакам некој да ми го објасни.
Инаку гледано како поединец или за своја корист да бугарскиот пасош има бенефиции не велам не.
Но долгорочно гледано баш ради тие пасоши ние како држава уште долго време нема да можеме да ги користиме нашите како што треба.
Мислам и на некој да си се лажеше досега дека не е така , можеше сам да си се увери пред некој ден што точно ни мислат бугарите. Или ете најново тука имаме големо бугарско малцинство кое е репресирано од тукашните власти да се искажат поинаку. А колкаво е тоа бугарско малцинство. Па според бројот на пасошите кои ги имаме издадено досега е приближно околу незнам нека кажат дежурните бугари на форумот.
Според официалните податоци таа година веке треба да са стасали ком 55-60 000.
Едно мене не ми е jaсно,за што е виновна Бугариja овде? Ако некоj лаже, тоа е негова работа и законот не е едноставно за Македониja,а за сите бугари останати надвор от границите на Бугариja. Тоа са бугари во Србиja,тоа са бугари во Молдавиja,Украjна и така натаму...
Направете вака што вашиот пасош да вреди исто колкото бугарскиот и нема да има апликанти.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Прво не е во ред да се прашува за години некого кого не го познаваш тоа е од основна култура и се учи во прво одделение или таканаречен бонтон.

1.Партиските војници ги има не викам не.Ти ако си со факултет(претпоставувам си завршил или уште студираш),образован човек и ако сакаш да работиш и да се задоволиш со 250 евра плата во администрација тогаш џабе ќе дискутираме понатаму.
2.Се средува полека не е тотален хаос како порано.
3.Ова со конфекцииве и нискоквалификуваните работници сите го знаеме не е само кај нас вака.
4.Епа сега јебига ако сакаш да отвориш фирма за обезбедување нормално дека ќе те збришат т.е ако им се поклопат твоите цели со "нивните".Има мал милион млади луѓе со успешни фирми кои работат нормално.

Никој во странство не ти гарантира дека ако имаш бугарски пасош па лесно ќе се снајдеш со работа или ќе се збогатиш преку ноќ.Уствари што расправам јас тука иди утре аплицирај си на време зошто некој спомна горе требало да се иде на курс по буграски да го знаеш нели зошто нели веќе ќе бидеш нивни заложник.
Бон тон умре пред многу време. Сепак тоа не е темата тука.
1. Партиските војници и неписмените се насекаде, и во администрација, и во приватни фирми и во факултети, стануваат доктори, судии, ја раководат државата како што и сам можеш да видиш. Не е работата да се задоволиш со 250 евра. Работата е да живееш нормален живот, кој во Македонија со оваа ситуација можат многу мал број луѓе да си го дозволат.
2. Ти очигледно не живееш во Македонија.
3. Е баш тоа е проблемот и баш најголем број од тие луѓе ги земаат пасошите.
4. Отвори каква сакаш фирма, и ова со мал милион исто така не ти држи вода, затоа што фактичката ситуација го кажува спротивното, можеш да видиш и статистика и некој поупатен во економија да објасни.

Никој во странство ништо не ти гарантира, затоа што си тугинец, ама сите што отишле никој не се вратил, затоа имаме и депопулација, негативен прираст, затоа и ќе не снема еден ден.
Државата го уништува народот, државата кумува на уништувањето на сопствената младина, со една цел, останување на власт и остварување профит на одредени гарнитури. Никој не ја сфаќа маката на другиот додека и самиот не се најде во истата каша. Ви велам, повеќето од тие луѓе маката ги натерала тоа да го направат.
--- надополнето: 19 декември 2012 во 23:18 ---
Некој да ми ја објасни разликата?
Ако некој земел 100 грша за кодошење на некој војвода пред 100 години за да си ја прехрани фамилијата одма е окарактеризиран како предавник на својот народ.
Ако некој земе бугарски пасош( и сега да не се правиме сите на удрени , секој многу добро ја знае политиката на бугарија према Македонците) исто така за да си ја прехрани фамилијата, тогаш тој што е ?
Оти првите се предавници а овие модерниве не се?
Е тоа сакам некој да ми го објасни.
Инаку гледано како поединец или за своја корист да бугарскиот пасош има бенефиции не велам не.
Но долгорочно гледано баш ради тие пасоши ние како држава уште долго време нема да можеме да ги користиме нашите како што треба.
Мислам и на некој да си се лажеше досега дека не е така , можеше сам да си се увери пред некој ден што точно ни мислат бугарите. Или ете најново тука имаме големо бугарско малцинство кое е репресирано од тукашните власти да се искажат поинаку. А колкаво е тоа бугарско малцинство. Па според бројот на пасошите кои ги имаме издадено досега е приближно околу незнам нека кажат дежурните бугари на форумот.
Мое мислење:
Прв болд: Со оглед на тоа кој ни ја води државата овие 20 години, продавање на името, знамето, терористи во власта, криминалната приватизација, армија невработени, неписмени луѓе на раководни места, "државна мафија", мислам дека поголемите предавници се таму горе, и ги полнат вреќите додека овде ние си ги вадиме очите.
Втор болд: Баш поради тоа веќе имаме проблеми и со пасоши, и со т.н добрососедски односи, не сметаат за држава што не води сметка за малцинствата и тн. што е далеку од вистината.
Сум зборувал со луѓе што имаат бг пасоши и тие си се чувствуваат македонци, само не знаат дека со самото тоа имаат пасоши и што се запишале таму, веќе фигурираат како бугари и и прават проблеми на државата.
Сепак мислам дека народот само си го бара чарето, требаше државата уште поодамна да потегне конци и да почне да ги решава основните социјални и егзистенцијални проблеми. За разлика од тоа, власта континуирано работи исклучиво за свој материјален интерес, па како последица настана ситуацијата што ја имаме денеска
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom