Македонска берза

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Не бе нема влијание не донесувањето на буџетот за 2013 и све тоа што го набројав во последните 10 постови на оваа тема никако таман работа:D
Мали, ај не замарај. Денес МБИ10 падна заради падот од 10% кај Топлификација, која е една од двете компании со суперкотација на акциите.
Скоро цела година паѓа поради лошите вести од европската економија и нашата економија, благе везе нема со случувањата околу буџетот од 2013.

А, да те потсетам дека буџетот во 2004 бил донесен со задоцнување од 3 месеци поради блокадата на твоите политички пулени, па никој не останал без државна плата или пензија
www.youtube.com/watch?v=DXOZhsDtBWM#t=6m35s

Ама ова не ти го кажале во штаб.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Абе големи кај добар дел од компаниите од МБИ 10 има пад во последниот месец, така да нема да е само до топлификација:) Инаку ќе гледаме во следните месеци ако не се усвои буџетот дали МБИ 10 ќе урива рекорди ;) А зошто гледам си адвокат на СДСМ да те информирам дека тогаш Вмро не поднесе над 1000 амандмани а не носењето на буџетот навреме беше поради што на 15 септември победија твоите миленици па додека се договореа со учките заборавија дека треба и буџет да состават и со закаснување почнаа да го прават буџетот, знам дека не го знаеше ова, и не ти го кажале на бихачка. Тогаш редовно каснеја пензиите и платите затоа не се осетило многу:D
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Бла, бла, бла, СДСМ, бла, бла, бла, Вмро, бла, бла Бихачка, бла, бла.​
Ти си уникат (во негативна смисла) кој унишува аполитичка тема која е толку години стара.
Никој до сега не спомнал партии, само ти мора да ги спомнеш по 10 пати во секој пост, а што е најтрагично не си ни акционер, ните те заболе за Македонската берза.

Што е следното, да почне некој да трола и сеир да фаќа дека берзата паѓа поради крајот на светот на 21.12?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ти си уникат (во негативна смисла) кој унишува аполитичка тема која е толку години стара.
1.Никој до сега не спомнал партии, само ти мора да ги спомнеш по 10 пати во секој пост, 2.а што е најтрагично не си ни акционер, ните те заболе за Македонската берза.

3.Што е следното, да почне некој да трола и сеир да фаќа дека берзата паѓа поради крајот на светот на 21.12?
1. Во првиот пост каде што ги спомнав зошто го кочат буџетот ти на наредниот пост се стави во нивен адвокат каде што ме прашуваш колку ме плаќаат да го спомнам нивниот збор. Во пост каде што објаснувам што прави опозицијата и како ќе се одрази на компаниите и економијата тоа што опозицијата го прави ,а чим на компаниите ќе се одрази тоа нема да е далеку ни времето кога ќе се одрази на берзата.А приватниот сектор на Македонска берза котира не на Марсовска. Ти на таков пост еве ти го твојот одговор. П.С БЦ ниеднаш не е спомнат на тој пост или било кој пост на оваа тема!
Колку те плаќаат за партиско-платенава пропаганда? По 500 денари од споменување на БЦ и СДСМ?

Инаку темава е за Македонската берза, па би те прашал колку акции имаш ти и од која компанија?
Или онака партиски тролаш на сите економски теми, како хоби?
2. Ако мислиш дека ќе почнам да се фалам колку акции имам во која компанија и за која цена ги имам купено се лажеш. А убеден сум дека можам да те купам тебе со се партали и со се твоите акции.
3. Еве уште еднаш што апелира бизнис заедницата . И кажи ми дека тролаат без потреба и дека ти повеќе си загрижен од нив:)
Задоцнувањето на донесувањето на буџетот на Република Македонија во која било форма е неповолно и донесува дополнителни доцнења во делот на исплатата на буџетските обврски на државата кон реалниот сектор, изјави Антони Пешев,потпретседателот на Стопанската комора на Македонија.
За Стопанската комора, додаде, недонесувањето или временото функционирање на буџетот ќе значи намалување на економската активност.
Цениме дека Македонија треба да најде сили, да не прави циркус од овој процес и да го донесе буџетот и по цена на потенцијални грешки што може да се случат. Нема полоша работа од тоа државата како еден од најголемите корисници на македонската економија да не е во состојба да функционира поради недонесувањето на буџетот. Затоа препорачуваме и би сакале да видиме донесување на буџетот на Република Македонија“, изјави Пешев
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ти си уникат (во негативна смисла) кој унишува аполитичка тема која е толку години стара.
Никој до сега не спомнал партии, само ти мора да ги спомнеш по 10 пати во секој пост, а што е најтрагично не си ни акционер, ните те заболе за Македонската берза.

Што е следното, да почне некој да трола и сеир да фаќа дека берзата паѓа поради крајот на светот на 21.12?
Лично не мислам дека влиае многу ова со буџетот на берзата...ама во никој случај не е позитивна работа. А за партиски препукувања очигледно е тоа за многу луѓе тука што им е филмот...сакале признале или не...
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Подобро од 2012...ама сепак релативно слабо ММФ е малку пооптимистичка дава +2%
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130

Подобро од 2012...ама сепак релативно слабо ММФ е малку пооптимистичка дава +2%
Како и да е,јас сум еден од ретките оптимисти на мби10 кој се уште вложува и се надева дека ќе тргнат работите кон подобро.
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
Кои компании ти се на пик? Ако не е тајна.
Моментално идам на тоа да го дополнам моето портфолио со евтини компании како ГРНТ и КМБ но купувам и компании кој делат дивиденда,се малце посскапи од другите но мислам дека се исплати да ги имам МТУР и АЛК.

Можете и вие да ја кажете вашата стратегија со која тргувате на Мак берза.Секако ако не е тајна.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Можете и вие да ја кажете вашата стратегија со која тргувате на Мак берза.Секако ако не е тајна.
Сепак ти имаш на располагање поголеми суми за инвестиции, моите се доста ограничени.

Лично имам тргувано само со акции на банки, поточно со ТНБ и КМБ и со двете сум во загуба.
Сепак големите банки остануваат профитабилни и во ова кризно време, па се надевам на подобри денови после 3-4 години.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Моментално идам на тоа да го дополнам моето портфолио со евтини компании како ГРНТ и КМБ но купувам и компании кој делат дивиденда,се малце посскапи од другите но мислам дека се исплати да ги имам МТУР и АЛК.

Можете и вие да ја кажете вашата стратегија со која тргувате на Мак берза.Секако ако не е тајна.
И КМБ и ГРНТ даваат дивиденда...Генерално јас преферирам дивидендари ама сепак има и добро компании кој недаваат дивиденди како например ТНБ или БЕСК.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Тријте раце вие што имате акции во АЛК :) .... че рипне!
Според мене шпекулација, Подравка има многу малку заедничко со дејноста на Алкалоид.

Плус, на Подравка не и цветаат рози во овој период, има преполовена добивка оваа година
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Според мене шпекулација, Подравка има многу малку заедничко со дејноста на Алкалоид.
Плус, на Подравка не и цветаат рози во овој период, има преполовена добивка оваа година
И да е шпекулација, ми се чини дека сепак ќе оди горе вредноста на акцијата... доволно е што веста ја пренел Блумберг, па макар и повикувајки се на ХР извори! Ќе се раздвижи малку нели ти се чини, се зациментира на 4000!
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Па нема баш некој голем избор на МК берза. Акции кој ги бива се десетина АЛК БЕСК ФЕРШ МТУР АЛК ГРН ТНБ КМБ РЕПЛ ТЕЛ и може уште 2-3. Се друго е крајно не ликвидно или соминтелно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom