Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа види со контактирај ги тимот од страницата .. дали може така да не биде да депозитираш џабе .Сакам да прашам дали некој повлече пари од dobet.com, знам дека некој пишуваше дека ќе направи депозит?
Јас повлековСакам да прашам дали некој повлече пари од dobet.com, знам дека некој пишуваше дека ќе направи депозит?
Не може !Има некој проблеми да се логира на Бет365?
Поднесов апликација пред недела ипол за Виза електрон во НЛБ тутунска. Идам сеа да си ја зеам, и таму ми даваат само маестро, а ми вика за виза електрон требало дополнително да се пополни барање и за таа картичка се плаќало членарина. Јас колку што знам требаше двете картички да ми ги дадат. Некој поупатен во ова?
Во врска со Манибукерс, данок и сл.
Во Тутунска еден службеник ми кажа дека провизијата е ептен минимална и незначителна, и дека нема потреба да се прави Манибукерс акаунт туку директно да се префрлаат парите на картичка. Според неговите зборови имало клиенти кои месечно работат со по 1м денари и го прават тоа без Манибукерс или сл. Службеник во УЈП (незнам дали некој инспектор или обичен службеник) ми кажа дека данок на државата се плаќа само за суми над 10.000денари.
Некој да ми каже нешто во врска со ова, дали се нашол во ваква ситуација
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=54A10F46DE43A247B4848EEC92A35ECCГраѓаните на Република Македонија од наредната година ќе може да играат интернет игри на среќа организирани од домашен субјект во земјава.
Ова, како што соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, го овозможуваат новите измени на Законот за приредување игри на среќа и забавни игри со кој се предвидува формирање државна интернет лотарија, во која ќе учествуваат со 51 отсто државата преку Државната лотарија на Македонија и приватен капитал со 49 проценти.
Странскиот партнер ќе се бара преку меѓународен тендер што треба да се распише по усвојување на измените на Законот во Собранието на Република Македонија, кој пак предвидува почетокот со работа на ова друштво на здружување да е во рок не подолг од една година од денот на донесување на Законот.
Во заедничкиот потфат државата, односно Лотарија нема да вложува средства, туку ќе го вложи правото на организација на игри на среќа, а приватниот инвеститор ќе биде должен да инвестира финансиски средства, опрема, хардвер, софтвер, ноу хау, кадар. - Ќе бидат поставени високи стандарди со цел привлекување реномиран странски партнер во оваа област, додаде Ѓорѓиев.
Тој истакна дека со тоа што досега во Македонија не беа организирани интернет игри на среќа граѓаните ги играа преку интернет за странски субјекти со што според некои проценки се одлеваа десетици милиони евра.
- Сега со приредувањето интернет игри на среќа од домашен субјект, односно од државата ќе има регулација на системот, средствата нема да се одлеваат од државата, затоа што странските интернет игри на среќа не би биле дозволени, што значи дека средствата ќе остануваат во државата, а државата ќе остварува приход од даноци, рече Ѓорѓиев и додаде дека ќе има и можност за повеќе средства за специјалните ставки на Лотарија кои ги дава за спорт, здравство и слично.