Како прво, кое малолетниче, 93та година? Ако е вистина тоа 93 до никот, значи има 19 години.
Како второ, форумов не е само за вицови и ЧДА, туку е и за некој да си праша за проблем што го има, а тие што си играат мајтап нареден пат на ваква тема ќе си бидат санкционирани.
Како трето, па не е искусна, убаво си кажа девојчето, она може теоретски знаела и читала, ама не е сигурна па затоа решила да праша за секој случај.
Никој на форумов не се родил учен бе што е со поставувањево? Девојчето фино и културно си постави прашање, само затоа што сте подолго од неа на форумов не ви дава за право да се поставувате арогантно, демек леле не си сексуално образована. И што дека? Битно решила да праша и ако некој знае треба да го одговори тоа прашање, а не да и проповеда и да и суди како тоа во 21 век немала искуство и сексуално образование.
И на тие што имаат сексуално образование и искуство им се случува да испаничат, да не се сигурни, не па девојче кое не е искусно и кое е испаничено и само сака да добие одговор на прашање кое најкултурно го поставила.
Иначе се согласувам за апчињата ден потоа, во некои држави и се забранети, не смееш да ги пиеш често.