Koментари за контрацепција

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Паниачаммм 4 дена како го испив апчето за ден потоа а никакви промени не чустувам дали е можно да не дејствува бидејќи го испив после 30 часа или пак сум немала потреба од него....НЕКОЈ со го корител да ми даде некој совет..? оти како со гледам повеќето крвареле 3 4 ден од кога го испиле..
Девојче ај смири живци и уживај, сеа и ќе ти касни на психичка база ако продужиш така. И глеј ова апче последно да тине, штетат.
 
Член од
6 декември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
3
свесна сум за тоа колку се штетни....но што да правам веќе го испив.. А како да се смирам коа постојано мислам на тоа сепак сум 19 години и не сум спрема доколку дојде до тоа што не го сакам...Има ли некој што го корител апчето за ден потоа ?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

Ок, нормално дека ти не ти е сеедно, ама мораш да се смириш. Во вакви ситуации и психата игра улога, убаво ти кажа Illuminous, од што толку се напињаш може исто да ти касни. На крај краева, јас би ти советувала и да одиш да се консултираш со гинеколог, имаш 19 години, не мора ни твоите да знаат дека си отишла, а сепак се работи за стручно лице, кое ако му објасниш убаво стручно ќе ти објасни и ќе ти каже како стојат работите.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
свесна сум за тоа колку се штетни....но што да правам веќе го испив.. А како да се смирам коа постојано мислам на тоа сепак сум 19 години и не сум спрема доколку дојде до тоа што не го сакам...Има ли некој што го корител апчето за ден потоа ?
Апчето дејствува дури и после 72 часа. Не бери гајле, знаеш дека и стрес и грижи може да доведат до доцнење на менструацијата, нели? И послушај ја Крејзи ин лов, оди на гениколог, најдобро ќе ти каже. Може имаш полицистични јајници, мене од тоа ми касни.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Pobogu, virtuelno nikoj nema da i kaze dali e, ili ne e trudna. kade ziveete be deca> So koj pamet? Odi na lekar, aman, imas i so plavi kartoni i privatno. Ne e sreden vek, nema da te spalat na klada pod mudata bukefalovi ako si se onakvela pred brak. Amaaaan. Odi na lekar i sledniot pat, povnimatelno.
Baska, moze da si Alkana, so policisticni jajcoj, ili slicno.

Алкарина, ne se lecese toa so antibiotik nekoj?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Како прво, кое малолетниче, 93та година? Ако е вистина тоа 93 до никот, значи има 19 години.
Како второ, форумов не е само за вицови и ЧДА, туку е и за некој да си праша за проблем што го има, а тие што си играат мајтап нареден пат на ваква тема ќе си бидат санкционирани.
Како трето, па не е искусна, убаво си кажа девојчето, она може теоретски знаела и читала, ама не е сигурна па затоа решила да праша за секој случај.
Никој на форумов не се родил учен бе што е со поставувањево? Девојчето фино и културно си постави прашање, само затоа што сте подолго од неа на форумов не ви дава за право да се поставувате арогантно, демек леле не си сексуално образована. И што дека? Битно решила да праша и ако некој знае треба да го одговори тоа прашање, а не да и проповеда и да и суди како тоа во 21 век немала искуство и сексуално образование.
И на тие што имаат сексуално образование и искуство им се случува да испаничат, да не се сигурни, не па девојче кое не е искусно и кое е испаничено и само сака да добие одговор на прашање кое најкултурно го поставила.

Иначе се согласувам за апчињата ден потоа, во некои држави и се забранети, не смееш да ги пиеш често.
Мојот пост воопшто не беше арогантно напишан, грешно беше разбран можеби.
Поентата ми е дека и да имала дилема дали е трудна или не е, тоа не се решава со отварање тема и поставување на истото прашање. Јас ли сум таа што треба да пресуди дали е трудна или не е, или пак мислењата од другите. За вакви дилеми си има решение надвор од форумов.
Воопшто не сум арогантна, ниту пак сум супериорна во однос со неа, незнам, можда сум дури и понеискусна од нејзе, но до кога со темите од типот ваков секс имав и сеа незнам дали сум трудна?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мојот пост воопшто не беше арогантно напишан, грешно беше разбран можеби.
Поентата ми е дека и да имала дилема дали е трудна или не е, тоа не се решава со отварање тема и поставување на истото прашање. Јас ли сум таа што треба да пресуди дали е трудна или не е, или пак мислењата од другите. За вакви дилеми си има решение надвор од форумов.
Воопшто не сум арогантна, ниту пак сум супериорна во однос со неа, незнам, можда сум дури и понеискусна од нејзе, но до кога со темите од типот ваков секс имав и сеа незнам дали сум трудна?
Темава е општо за контрацепција. И темите од болдираниот дел ќе постојат се додека има некој да праша. Секој има право да постави прашање, ако не го знаеме одговорот на истото, треба да го прескокнеме. Не гледам ништо страшно во нејзиното прашање, си прашала и сосема е разбирливо да добие одговор. Ако повеќето се сексуално свесни и образовани или искусни, не значи дека сите се, така што подобро да си праша, па после од тука некој да ја упати. Не реков дека на форумов ќе и се решат проблемите, исто како што не реков и дека е најдобар начин и место да се постави прашањето, но тоа е мое мислење, не значи дека ако некој има потреба и желба да праша, дека треба на форумов да му се чудиме. Не сите исто функционираат. Можеби е срамежлива, се плаши да разговара со некој, а овде има анонимност и полесно и е да ја објасни ситуацијата. Понекогаш треба да се ставиме во туѓа кожа и да помислиме која е причината за одредена работа.
 
Член од
6 декември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
3
извините дали некој знае каде во штип можам да направам тест за бременост преку крвта колку време по односот се прави и колку чини ?
 
D

dirty angel

Гостин
Здраво на сите. Ми треба совет за тестовите за бременост, колку се точни...? Дали овде да се обратам или има друга категорија? Позз
 
Член од
6 декември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
3
Па пишува дека се точни доколку се правилно користат инаку преку крв е најсигурно ја планирам да правам имам ја истата мака...ама незнам каде точно се прави
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па пишува дека се точни доколку се правилно користат инаку преку крв е најсигурно ја планирам да правам имам ја истата мака...ама незнам каде точно се прави
A mor devojce, odi na lekar, na ginekolog, toj najarno ke ti razhasni dilemite.
 
D

dirty angel

Гостин
Па пишува дека се точни доколку се правилно користат инаку преку крв е најсигурно ја планирам да правам имам ја истата мака...ама незнам каде точно се прави
Можеби пишува, ама јас требаше да добијам на 22.11, ми каснеше 10 дена и направив тест Sure Check - негативен, и сеуште немам добиено (17 дена ми доцни) :oops: Затоа планирам да проверам преку крв, а се прави со упат од матичен, ќе ти заокружи таму што треба да се испита и тоа е.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Здраво на сите. Ми треба совет за тестовите за бременост, колку се точни...? Дали овде да се обратам или има друга категорија? Позз
Во суштина се навистина доста точни, убаво е да си купиш и да се тестираш, но без разлика на резултатот, МОРАШ да отидеш и на гинеколог да провериш, затоа што така е уште посигурно, плус гинеколог може и да те посоветува и плус за себе да си направиш контрола.
Па пишува дека се точни доколку се правилно користат инаку преку крв е најсигурно ја планирам да правам имам ја истата мака...ама незнам каде точно се прави
Прво можеш да си купиш од аптека, не се многу скапи, а се доста точни. Потоа, одиш, закажуваш на гинеколог и таму ќе ти објасни се. И претходно ти дадовме совет веднаш да одиш на гинеколог.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.019
Поени од реакции
8.699
Можеби пишува, ама јас требаше да добијам на 22.11, ми каснеше 10 дена и направив тест Sure Check - негативен, и сеуште немам добиено (17 дена ми доцни) :oops: Затоа планирам да проверам преку крв, а се прави со упат од матичен, ќе ти заокружи таму што треба да се испита и тоа е.
Тестот за бременост е позитивен после првата недела од забременувањето, така да повтори го тестот после една недела!
 
Член од
6 декември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
3
Бев на гинеколог пред 6 дена...и му кажав шо како е работата ме прегледа и само виде дека имам циста на десниот јајник..и ми кажа дека може да ми доцни поради таа циста...инаку и норлево пиев пред 6 дена и никакви промени немам ни краварење ни гадење па сакам што поскоро да дознаам дали има нешто има ли некој пиено норлево да ми каже дали чуствува некои промени после пиењето
 
Kajgana Shop

На врв Bottom