Бугарија испорача три услови на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Кој спомна изолација? Кој спомна ѕидови?

Plevneliev e toj sto povtorno vo imeto na Bugarija spomnuva izlolacija i dzidovi (prenosno).

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска повторно упати критики кон Македонија за, како што вели, „недостигот на добрососедски однос и за националистичка реторика“.

На средба со странски новинари во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Плевнелиев рекол дека поддршката на Бугарија на евроинтеграцискиот пат на Македонија не е безусловна. Според него, Извешатајот на ЕК не ја прикажува на вистински начин улогата на Македонија во регионалната соработка.

Софија не се согласува со заклучокот на ЕК дека односите меѓу Бугарија и Македонија претставуваат пример за добрососедска соработка и оти се перфектни.

Бугарскиот претседател истакнал дека жали поради „се поострата националистичка реторика, дискриминаторскиот став кон граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари и за потешкотиите што ги имаат бугарските бизнисмени кои работат во Македонија“.

Критиките на Плевнелиев кон Македонија следуваат по размената на писма меѓу шефовите на дипломатиите на Бугарија и на Македонија Николај Младенов и Никола Попоски.

Младенов минатата недела во одговор на писмото на Попоски предложи три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, за да се осигура поддршката на Бугарија на македонската интеграција во ЕУ: потпишување спогодба за добрососедски односи и соработка, изградба на неопходна инфраструктура и создавање заеднички работни меѓувладини групи за подобрување на односите во клучните области.

Попоски ги оцени трите мерки како конструктивни и во согласност со предлозите што Македонија претходно и ги понудила на Бугарија. Во одговорот до Младенов, шефот на македонската дипломатија ја потврдува определбата за унапредување на добрососедските односи и за градење мостови на соработка со Бугарија, заедничка европска иднина, базирана на европските принципи и вредности и со почитување на меѓусебните чувствителни прашања.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EC30E41CB24203449659ED2003C1186A


.
 
Самиот факт дека зборуваш за руски тип шини е доволен. Тоа е изолациja и нереално поврзуване на двете системи.
Зошто нереално? Па Руските возови возат по Европски шини. Тоа е многу реално пријателе и многу добро решение за Македонија, кое би и дало просперитет бајаги време. Тогаш и на Албанците нема да им се исплати нестабилна Македонија и ќе си живееме во мир и добрососедство. Зарем вас ви одговара нестабилна Македонија?

Нешто повеке, вие заборавате дека К8 не е само возове, а и автопат,електрича система и куп от други делови.
Абе автопатот изостави го во овој момент, преносен електричен систем би бил полезен и исплатлив. Но најударна и најпривлечна инвестиција за Бугарија е евтин транспорт до Драч и Солун.

Зошто би било изолација, да се осигураме дека таа рута ќе ја возат само Македонски возови. Што е сега, не ви се свиѓа тоа ?

Епа вака стојат фактите. Нас коридор 8 не ни е неопходен, и се непотребно фрлени пари, поготово ако не го експлоатираме тој коридор максимално. Вас ви е важен коридорот и ете добивате коридор, а ние на некој начин добиваме економска сигурност на одредено време. Нели ни мислите добро? Ете подобро од ова не може да биде.

И поради таа добрина што сте ни ја наравиле, ние ќе изградиме споменик во чест на „незнајните Бугарски жртви на Македонскиот режим“ и ќе го поставиме одма до музејот на Холокаустот, да се подсетуваме на сличната мака што сте ја имале вие и Евреите од клетите Македонски Фашисти.
 
Нема ништо лошо во статијата,време е веќе да завршиме со омразата,и да започнеме соработка,со оддалечување и изолација ништо нема да постигнеме.Ако го гледаме примерот меѓу Австрија и Германија,меѓу нив никогаш не постоело отуѓување.Доволно штета ни направи комунизмот,и нас и на Бугарија.
 
Зошто нереално? Па Руските возови возат по Европски шини. Тоа е многу реално пријателе и многу добро решение за Македонија, кое би и дало просперитет бајаги време. Тогаш и на Албанците нема да им се исплати нестабилна Македонија и ќе си живееме во мир и добрососедство. Зарем вас ви одговара нестабилна Македонија?
Заштото кога имаш руски тип шини одиш ком изолациja,а не ком поврзуване. Ако имавме интерес от нестабилна РМ имавме неколко можности да ja дестабилизираме. Не се деси тоа. Нестабилна РМ отговара на други сили, не на нас.
Абе автопатот изостави го во овој момент, преносен електричен систем би бил полезен и исплатлив. Но најударна и најпривлечна инвестиција за Бугарија е евтин транспорт до Драч и Солун.

Зошто би било изолација, да се осигураме дека таа рута ќе ја возат само Македонски возови. Што е сега, не ви се свиѓа тоа ?

Епа вака стојат фактите. Нас коридор 8 не ни е неопходен, и се непотребно фрлени пари, поготово ако не го експлоатираме тој коридор максимално. Вас ви е важен коридорот и ете добивате коридор, а ние на некој начин добиваме економска сигурност на одредено време. Нели ни мислите добро? Ете подобро од ова не може да биде.

И поради таа добрина што сте ни ја наравиле, ние ќе изградиме споменик во чест на „незнајните Бугарски жртви на Македонскиот режим“ и ќе го поставиме одма до музејот на Холокаустот, да се подсетуваме на сличната мака што сте ја имале вие и Евреите од клетите Македонски Фашисти.
Врзка на Бугариja со Солун не преминува през вас. Пристаништето на Софиja е Солун и во иднина Лом и затоа се инвестират многу пари во автопатот Софиja-Солун.
Државна подржка и недопускане на конкуренциja (ставане на монопол) е прт во колелото на слободниот економски развоj. Руски тип шини ти блокират и прават вашиот дел автоматски непотребен. На секи вагон ке мора да му смениш талигите на граница и зашто?-за да измини пат долог 200км, па после пак му ги смени на другата граница. Времето е пари ;)
Евее, доjoвме си на зборот. Коридор 8 не ви бил потребен. Таа пиказна е от 100 години. Видовме колко ви е потребен во годините на ембаргото. Уште еднаж докажуваш дека не дека не е потребен коридор 8,а има страв от К8.
 
Зошто нереално? Па Руските возови возат по Европски шини.

А Европските возови возат по Руски шини.

Зошто би било изолација, да се осигураме дека таа рута ќе ја возат само Македонски возови. Што е сега, не ви се свиѓа тоа ?
2
Е след като се разбрахме дека Руските возови возат по Европски шини а Европските возови возат по Руски шини, за што е потребно Македониjа да потроши примерно 2 милиарди евро за да смени шините си, за да може да се троши време за преработка на возовите кои одат от европски на руски и од руски на европски шини, со кое па транзитот ке стане бавен и скап и ке оди надвор од Македониjа

Епа вака стојат фактите. Нас коридор 8 не ни е неопходен, и се непотребно фрлени пари, поготово ако не го експлоатираме тој коридор максимално. Вас ви е важен коридорот и ете добивате коридор, а ние на некој начин добиваме економска сигурност на одредено време. Нели ни мислите добро? Ете подобро од ова не може да биде.

Цел свет се бори за привличане на транзитни товари, само за вас не е битно и необходимо.
 
З На секи вагон ке мора да му смениш талигите на граница и зашто?-за да измини пат долог 200км, па после пак му ги смени на другата граница. Времето е пари ;)
Ти си скаран со логиката изгледа, но нејсе повеќе се отвараш. Значи според тебе, за да не се претовараат на граница пошто времето е пари... ќе се вози транзит со Бугарски возови. Нема што да се претоварат вагони, и разни глупости, вагоните ќе бидат Македонски од утовар, до истовар, може само локомотивата да се смени на граница, што е стандардна процедура, но и тоа не мора.

Евее, доjoвме си на зборот. Коридор 8 не ви бил потребен. Таа пиказна е от 100 години. Видовме колко ви е потребен во годините на ембаргото. Уште еднаж докажуваш дека не дека не е потребен коридор 8,а има страв от К8.


Значи прочитај поубаво, не непотребен, туку не е неопходен во моментов. А пошто вие поставувавате услови за него, тоа значи дека на Бугарија и е повеќе неопходен одколку на нас. А тоа пак значи дека ние можеме цената да ја дигнеме и да најдеме економски исплатлива причина за да го изградиме. Вие си рековте услов, сакаме коридор за добрососедски односи, и крај, не пишува во условот тип на шини и начин на експлоатација. Пазарна еономија, само ја кревам цената на нешт, за што има барање на пазарот.

Страв од коридор 8 има само во твојата глава, пошто никој во Македонија не прозборел против тој проект.
 
Лелее, во ова време уште и услови ни ставаат за поддршка....
 
Ете така за тие што не им се веруваше дека Булгаристан е спремен заедно со Јунанистан да не попречи на патот кон ЕУ, време е за конечно освестување.

Бугарија нема да посочи датум за Македонија

Бугарија ќе биде меѓу земјите кои нема да посочат датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, заклучиле бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов на денешната средба во Софија на која тема била македонската евроинтеграција. Како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател, Плевнелиев и Борисов се согласиле дека евроинтеграцијата на Македонија може да се деблокира „но не преку пропаганда и маркетиншки агенции туку со реални активности за засилување на добрососедските врски меѓу двете земји“.

http://www.makdenes.org/archive/news/20121211/428/428.html?id=24795540

http://www.segabg.com/article.php?id=628404

http://btvnews.bg/bulgaria/balgariy...na-pregovorite-za-chlenstvo-s-makedoniya.html


Еве како се одвивала "работата"

Очекувавме Франција да молчи

Очекувавме дека барем Франција ќе молчи, што значи да не застане отворено зад Грција, но не беше така. Со овие зборови дипломат од една земја-пријател на Македонија го опишува расположението во пресрет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, каде што се очекува да се донесе заклучокот за Македонија.

- Нема единство за параграфот кој предвидува Македонија да добие одложен датум за преговори. Грција, по состанокот на амбасадорско ниво, отворено се заблагодари за поддршката од Бугарија и од Франција. Шпанија исто така беше воздржана. Грција се повикува на солидарноста на земјите-членки - објаснува овој дипломат.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=2EDD03164AFED14F999D81DD1D26A061


Се надевам сега појасно ќе им стане на сите со кого си имаме работа...

Greek-Bulgar.jpg
 
Ете така за тие што не им се веруваше дека Булгаристан е спремен заедно со Јунанистан да не попречи на патот кон ЕУ, време е за конечно освестување.

За прв пат решавањето на спорот со името стана предуслов за отворањето на пристапните преговори со Македонија, оцени шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос, по завршувањето на состанокот на Министрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел.

Toj oцени дека стартот на пристапните преговори не е технократско, туку чисто политичко прашање.
„Во заклучоците што ги усвоивме денес, постигнавме значителен напредок, кој може да дејствува како катализатор. За прв пат решавањето на прашањето за името е поставено јасно со едногласна одлука на Советот, како предуслов за отворањето на пристапните преговори за ПЈРМ. Прашањето за името веќе е клучен елемент со јасни услови, за исполнување на критериумите за добрососедски односи. Поконкретно, како што е наведено во заклучоците, Советот ќе даде оценка, врз основа на извештајот на Комисијата, не само за чекорите за исполнување на критериумите за добрососедски односи, туку и за постигнување решение на прашањето за името во рамките на преговорите под покровителство на Обединетите Нации. Со постигнувањето решение, Советот ќе одлучи да даде наредба на Комисијата да подготви преговарачка рамка за почеток на пристапните преговори со ПЈРМ", рече Аврамопулос.

http://kajgana.com/avramopulos-za-prv-pat-reshavanjeto-na-imeto-stana-uslov-za-pregovori

.
 
Им ги читам форумите од сабајлево низ бугарскиве весници и гледам една масовна хистерија од нивна страна.Ептен им се погодила улогата на ГРЧКИ ИЗМЕЌАР !!!! Нема назад се ми се чини после ова.Која будала сега да видам ќе збори за заедничка историја за братско поврзување...Вака брат не се бидува!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom