Иако не вадиш некоја поента, ниту пак одржуваш некаков контекст со постов, ќе ти одговорам.
Многу комплексна работа упростуваш. Прво, за да бидеме јасни ќе го повторам делот кој би ја опишал опседноста на Бугарија за изгубената мајка Македонија:
Имам и контекст и поента, ама изгледа не ми успева да ја доловам со пишување,многу полесно би се разбрале со муабет,искрено ме мрзи да пишувам километарски постови.
Јас секогаш тргнувам од она што сметам дека е наш интерес,дали ни одговара или не.
Конкретно за случајов мислам дека само може да добиеме од подобрување на односите со Бугарија.
За тоа дека ги упростувам работите си во право,мислам дека со усложнување на работите се губи непотребна енергија и време на работи кои ниту се приоритетни,ниту нешто менуваат во реалноста.
За тоа дека Бугарите имаат агенда,се сложувам ама тоа не значи дека таа агенда мора да биде на наша штета и дека мора секогаш на нож да ја дочекуваме.Може и од друга, попозитивна страна, да се гледа на тоа.
Таа нивна агенда им овозможи на десетици илјади Македонци да обезбедат егзистенција за себе и за своите семејства,ми овозможува мене и на секој Македонец уште една опција/перспектива -ако се одлучам да ја изберам,секако.
Историски гледано,таа нивна агенда им омозможила на многу наши истакнати револуционери и дејци да се образуваат и да најдат прибежиште во Бугарија.Истото им го овозможила и на еден куп најобични луѓе кои од најразлични причини морале да ја напуштат Македонија.Па секој втор Бугарин има некој предок со потекло од Македонија.
Колку и да бил лош исходот,колку и да сме незадоволни од резултатот од конференциите на кои се решавала судбината на Македонија,таа нивна агенда овозможила присуство/учество на Македонци на тие конференции -Сан Стефано и Букурешт.
Најверојатно истата причина го поттикнала Жељо Жељев да го убеди Јелцин да не признае.
Секако дека таа агенда има и лоши страни,мислам дека доволно се експлоатирани тие,па нема потреба да ги повторувам.Најголемиот наш страв,дека ќе бидеме асимилирани од страна на Бугарија, е оправдан ама мислам дека ја преувеличуваме таа опасност,на крајот на краиштата тоа не може да се случи без наша согласност.