Ракометарките на сеанса со психолог, атмосферата пак е на највисоко ниво пред дуелот со Шведска
„Девојките разговараа со психолог, тоа е вообичаена пракса во репрезентацијата веќе неколку години наназад. Веднаш потоа одржавме и тимски состанок и слободно можам да кажам дека атмосферата е на највисоко ниво. На сите им е јасно дека поразот од Франција не е страшен ниту пак срамен бидејќи станува збор за една од најсилните европски селекции. Треба да се фокусираме на следните мечеви, најпрвин на дуелот со Шведска бидејќи станува збор за ривал против кого што можеме да играме и да се надеваме на победа“ - истакна македонскиот селектор Гино Стрезовски.Кормиларот на македонскиот национален тим не е премногу изненаден од прикажаното од шведскиот национален тим на дуелот со Данска.
Тие форсираат високо темпо на игра, дури и во период кога е очигледно дека прават премногу грешки. Сигурно ќе играат идентично и против нас, но и на сите останати средби до крајот на шампионатот. Тие ќе ја играат својата игра, на нас е да го наметнеме сопственото темпо. Како што реков, за разлика од Франција, Шведска е селекција со која што можеме да се надигруваме и да веруваме во победа“ - порача Стрезовски.
--- надополнето: 5 декември 2012 во 18:54 ---
Црногорките ги убиваат Русинките. 8 разлика моментално, 35 минута.