Нешнл – Абу Даби: Моето сакано место Скопје
Звукот на модерната флота на ала-лондонски даблдекери автобуси е прекрасен, булевари во парсики стил, додека извишените отомански џамии и византиски цркви доминираат со небото над градот: Скопје (кое има 700,000 жители) е главен град на
Поранешната Југословенска Република Македонија, повеќе од 6,000 години е старо, и под римјаните бил познат како Скупи.

За жал, пред 50 години силен земјотрес уништи поголем дел од градот тогаш загинаа повеќе од една десетина од жителите – денес тоа е град со ново реконструирани „стари локации“ од времето пред земјотресот. Едно од неколкуте места кои целосно преживеаја е Стариот град (Старата чаршија), минјатурна верзија на Истанбул. Реката Варадр го дели стариот град со неговата нова верзија, но исто така ги дели жителите муслимани (повеќето албанци и турци) од македонското православно мнозинство. Скопје е збунувачки југоисточно европски град: погледнете ги деловите од „Скопје 2014“, контроверзниот проект за регенерирање, финансиран од националистичката влада. Многу неокласицистички зданија, музеи, фонтани и статуи од најмногу грчки херои и други историски личности, се подигнати за да му дадат на градот софистициран изглед. Сега разбирате зошто го нарекуваат
„европски Пјонгјанг“ (главниот град на комунистичка Северна Кореја) од страна на вознемирените локални жители.
Комфорен кревет
Скопје не е град на лукзусни имоти кои се управувани од глобални хотелиери. На помалку од тру километри од центарот на градот се наоѓа Александар Палас, хотел со пет ѕвезди кои ги има најдобрите спа и сали за вежбање во градот, казино и затворен базен. Двокреветните соби се со цени почнувајќи од 320 долари за ноќ, и добивате вај-фај, доручек и вклучена хотелска такса.
Ако сакате да сте поблиску до центарот на случувањата, најдобра опција е самопрогласениот со пет ѕвездички хотел Стоун Бриџ, на кејот на реката Вардар, блиску до прочуениот Камен мост, изграден од отоманците во 15-иот век,. Цените за двокреветните соби почнуваат од 142 долари, со вклучен доручек и хотелски такси.
Сами откријте го градот
Истражете го градот почнувајќи од Музејот на град Скопје (слободен влез и работи од вторник до недела, од 9 до 15 часот). Изградена е во 1949 како железнича станица, а внатрешноста е делумно разрушена – тоа е еден од неколкуте остатоци од земјотресот – на него стои часовник на кој времето е застанато на 5 часот и 17 минути од утрото на трагичниот земјотрес, кој се случил на 27 јули 1963. Скромната колекција на музејот содржи важна колекција, меѓу кои има артефакти од неолитскиот период, но и неодамна пронајдената мермерна скулптура на „срамежливата Венера“. Оттука, тргнете преку пешачката улица Македонија. Од десната страна се наоѓа спомен куќата на Мајка Тереза (која работи од понеделник до петок, од 9 до 20 часот), која е посветена на во Скопје родената нобеловка Мајка Тереза. Отворена во 2009, спомен куќата и капелата се едно од новите обележја на Скопје и е изградена на истата локација каде некогаш се наоѓала католичката црква Срце Исусово, каде таа била крстена.
По кратка прошетка, онаму каде завршува улицата Македонија, е плоштадот Македонија, место на
националистички кич кој е поврзан со проектот Скопје 2014. Овој
дизниленд од фонтани, претерано високи статуи, монументални згради и неклку нови музеи, е местото каде е прикажан новиот македонски идентитет – иронично, но и таму каде завршува. Од другата страна на реката Вардар, која е премостена со Камениот мост, одите кон стариот град. Во овој дел од главниот град има неколку прекрасни џамии од отоманскиот период, меѓу кои е и Мустафа Пашината џамија од 15-иот век, која е најголема на Балканот, и од каде се пружа убав поглед на тврдината Кале која потекнува од 11-иот век. Чаршијата од 12-иот век (турскиот пазар) е најголема од овој вид на Балканот.
Запознајте се со локалните жители
Жителите сакаат да пешачат или да возат велосипеди на планината Водно, од каде се пружа панорамски поглед на Скопје и околината, а на врвот е обележана со новоизградениот Милениумски крст (до каде исто така можете да стигнете и со жичница). 66-метри високата структура, која се гледа од поголемио дел од градот, е направена од челик и составена од 33 дела, преку кои се симболизираат годините на Исус Христос.
Резервирајте си маса
Сместена во стариот отомански ан, во срцето на турскиот пазар, во Пивница Ан можете да пробате традиционални македонски ордевери, во кои има кајмак, сирење, зелена салата, пржени тиквички и модар патлиџан, пршута и домашен леб. Главното јадење, ќофтињата Паша и селско месо, се традиционално јадење со телешко месо и зеленчук, и се исклучитени. За десерт, пробајте ги тенките палачинки полнети со топена алва. Вечера за двајца ќе ве чини околу 30 евра.
Запомнете, ова е ексклузивен ресторан, па затоа сметајте дека ќе платите помалку во околните ресторани.
Рај за шопингување
Од слики на млади македонски сликари до накит и маици на кои пишува „Ја сакам Македонија“, најдоброто место за шопинг, се разбира, е турскиот пазар.
Што да избегнувате
Не зборувајте за лошите односи на Македонија со соседните земји – тоа е табу тема. На пример, Грција не го признава името на државата, ниту пак поврзаноста со Александар Велики, за кои грците велат дека е дел од нивната историја.
Не пропуштајте
На околу два часа возење од Скопје е градот Охрид, заштитен од Унеско, лоциран на прекрасното тиркизно езеро со исто име – тоа е драгиот камен во круната на Македонија.
Како да стигнете таму
Повратниот лет со Флајдубаи од Дубаи до Скопје трае околу пет часа и 45 минути и чини околу 1,716 дирхами, со вклучени аеродромски такси.
Извор: Нешнл – Абу Даби