Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
......
Извор: http://www.utrinski.com.mk
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 21:05 ---
„Иако никој од неговите колеги не сака да зборува јавно, генерално, сите имаат исто мислење.“

Уште само да се негови истомисленици. По сè изгледа само Мангаровски е црната овца на Архитектонски факултет. Сите со разлог се против овој kitch проект.; Ова не го извадив од ракав, ми имаат кажувано студенти од Архитектонски што зборуваат нивните професори за проектот.

Па... да ти кажам право, тоа со „црната овца“ е секако со причина, не заради проектов 2014.. него воопшто заради тоа каков е како професор.. и немаат баш нешто високо мислење за него..
Патем имаше пред 4-5 години во еден весник по архитектура. мислам дека беше во издание дали од Арх.факултет, или од Здружние на архитекти.. не се сеќавам точно.. имаше скица од проект на Мангаровски за катна гаража, кој проект го ругаа до бесвест, затоа што бил полн со недостатоци, као на пример, онаму каде што треба да има скали, типов не ставил, па имаш само празен простор - дупка.. или да речеме еден спрат е кократок од друг, а дел од паркинг местата во ист ред се со различна должина.. и слични пикантерии..

штета што го нема весникот во електронско издание.. иначе вака ова што го зборам поише звучи како рекла казала муабет.. на жалост..
 
Нешнл – Абу Даби: Моето сакано место Скопје

Звукот на модерната флота на ала-лондонски даблдекери автобуси е прекрасен, булевари во парсики стил, додека извишените отомански џамии и византиски цркви доминираат со небото над градот: Скопје (кое има 700,000 жители) е главен град на Поранешната Југословенска Република Македонија, повеќе од 6,000 години е старо, и под римјаните бил познат како Скупи.

За жал, пред 50 години силен земјотрес уништи поголем дел од градот тогаш загинаа повеќе од една десетина од жителите – денес тоа е град со ново реконструирани „стари локации“ од времето пред земјотресот. Едно од неколкуте места кои целосно преживеаја е Стариот град (Старата чаршија), минјатурна верзија на Истанбул. Реката Варадр го дели стариот град со неговата нова верзија, но исто така ги дели жителите муслимани (повеќето албанци и турци) од македонското православно мнозинство. Скопје е збунувачки југоисточно европски град: погледнете ги деловите од „Скопје 2014“, контроверзниот проект за регенерирање, финансиран од националистичката влада. Многу неокласицистички зданија, музеи, фонтани и статуи од најмногу грчки херои и други историски личности, се подигнати за да му дадат на градот софистициран изглед. Сега разбирате зошто го нарекуваат „европски Пјонгјанг“ (главниот град на комунистичка Северна Кореја) од страна на вознемирените локални жители.
Комфорен кревет
Скопје не е град на лукзусни имоти кои се управувани од глобални хотелиери. На помалку од тру километри од центарот на градот се наоѓа Александар Палас, хотел со пет ѕвезди кои ги има најдобрите спа и сали за вежбање во градот, казино и затворен базен. Двокреветните соби се со цени почнувајќи од 320 долари за ноќ, и добивате вај-фај, доручек и вклучена хотелска такса.
Ако сакате да сте поблиску до центарот на случувањата, најдобра опција е самопрогласениот со пет ѕвездички хотел Стоун Бриџ, на кејот на реката Вардар, блиску до прочуениот Камен мост, изграден од отоманците во 15-иот век,. Цените за двокреветните соби почнуваат од 142 долари, со вклучен доручек и хотелски такси.
Сами откријте го градот
Истражете го градот почнувајќи од Музејот на град Скопје (слободен влез и работи од вторник до недела, од 9 до 15 часот). Изградена е во 1949 како железнича станица, а внатрешноста е делумно разрушена – тоа е еден од неколкуте остатоци од земјотресот – на него стои часовник на кој времето е застанато на 5 часот и 17 минути од утрото на трагичниот земјотрес, кој се случил на 27 јули 1963. Скромната колекција на музејот содржи важна колекција, меѓу кои има артефакти од неолитскиот период, но и неодамна пронајдената мермерна скулптура на „срамежливата Венера“. Оттука, тргнете преку пешачката улица Македонија. Од десната страна се наоѓа спомен куќата на Мајка Тереза (која работи од понеделник до петок, од 9 до 20 часот), која е посветена на во Скопје родената нобеловка Мајка Тереза. Отворена во 2009, спомен куќата и капелата се едно од новите обележја на Скопје и е изградена на истата локација каде некогаш се наоѓала католичката црква Срце Исусово, каде таа била крстена.
По кратка прошетка, онаму каде завршува улицата Македонија, е плоштадот Македонија, место на националистички кич кој е поврзан со проектот Скопје 2014. Овој дизниленд од фонтани, претерано високи статуи, монументални згради и неклку нови музеи, е местото каде е прикажан новиот македонски идентитет – иронично, но и таму каде завршува. Од другата страна на реката Вардар, која е премостена со Камениот мост, одите кон стариот град. Во овој дел од главниот град има неколку прекрасни џамии од отоманскиот период, меѓу кои е и Мустафа Пашината џамија од 15-иот век, која е најголема на Балканот, и од каде се пружа убав поглед на тврдината Кале која потекнува од 11-иот век. Чаршијата од 12-иот век (турскиот пазар) е најголема од овој вид на Балканот.
Запознајте се со локалните жители
Жителите сакаат да пешачат или да возат велосипеди на планината Водно, од каде се пружа панорамски поглед на Скопје и околината, а на врвот е обележана со новоизградениот Милениумски крст (до каде исто така можете да стигнете и со жичница). 66-метри високата структура, која се гледа од поголемио дел од градот, е направена од челик и составена од 33 дела, преку кои се симболизираат годините на Исус Христос.
Резервирајте си маса
Сместена во стариот отомански ан, во срцето на турскиот пазар, во Пивница Ан можете да пробате традиционални македонски ордевери, во кои има кајмак, сирење, зелена салата, пржени тиквички и модар патлиџан, пршута и домашен леб. Главното јадење, ќофтињата Паша и селско месо, се традиционално јадење со телешко месо и зеленчук, и се исклучитени. За десерт, пробајте ги тенките палачинки полнети со топена алва. Вечера за двајца ќе ве чини околу 30 евра.
Запомнете, ова е ексклузивен ресторан, па затоа сметајте дека ќе платите помалку во околните ресторани.
Рај за шопингување
Од слики на млади македонски сликари до накит и маици на кои пишува „Ја сакам Македонија“, најдоброто место за шопинг, се разбира, е турскиот пазар.
Што да избегнувате
Не зборувајте за лошите односи на Македонија со соседните земји – тоа е табу тема. На пример, Грција не го признава името на државата, ниту пак поврзаноста со Александар Велики, за кои грците велат дека е дел од нивната историја.
Не пропуштајте
На околу два часа возење од Скопје е градот Охрид, заштитен од Унеско, лоциран на прекрасното тиркизно езеро со исто име – тоа е драгиот камен во круната на Македонија.
Како да стигнете таму
Повратниот лет со Флајдубаи од Дубаи до Скопје трае околу пет часа и 45 минути и чини околу 1,716 дирхами, со вклучени аеродромски такси.
Извор: Нешнл – Абу Даби
 
Статијава дали некој шипак дали некој грк ја пишувал. Уште еднаш браво за владата која спука едно богатсво на споменици а нема буџет реклама да даде во весници во местата каде што имаме директни летови. Сакаме туристи а кампања имаме само на CNN. Чорба македонче еден ден ќе научиш дека џабе се ако немаш маркетинг и незнаеш како да си се продадеш. Гарант сега ќе има навала од Абу Даби најбогатиот емират затоа што ептен ги заболе нив како изгледа европскиот Пјонгјанг.
 
Што има да се дискутира , се изгради, тоа е тоа. Ајде да дискутираме за сонцето дали е топка или светилка.
 
Што има да се дискутира , се изгради, тоа е тоа. Ајде да дискутираме за сонцето дали е топка или светилка.
А дека се збореше додека не беше „изградено“? Отворија ли јавна трибина, го прашуваа ли народот дали го сака сето тоа? Секако дека не. Пастирот и Коце наумија и уво не им чу што другите мислат.
 
Колку само за споредба меѓу нашиот генијалец Груевски и Кензо Танге.

52255457na6.jpg


SK64.jpg


%D0%A2%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B5_002_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%8C%D0%B5.jpg
 
Јапанецот имал проектирано пирамида, а ние му се лутиме на Грујо за портата. :D
 
Централата на Инвест Банка или сегашна Шпаркасе Банка 2009
2930283866_e52c20b52b_b-800.jpg

Шпаркасе во иднина по планот на патриотите
sparkase.jpg



Болен ум, болен за власт, болен за разболување на уште неразболените од неговата болест.Болно!
 
Пирамидата на страна,види како изгледаат зградите.Ко нуклеарни силоси се...

А ова пак на шо личи, глупости, да не знаеле англичаниве барок како се гради, ми градат некои згради што личат на силоси.

c40c5c53d5e2243a90aa61f942bceed4.jpg
 
А ова пак на шо личи, глупости, да не знаеле англичаниве барок како се гради, ми градат некои згради што личат на силоси.

c40c5c53d5e2243a90aa61f942bceed4.jpg
Оваа зграда е светлосни години далеку од силосите на Танге.
 
Колку само за споредба меѓу нашиот генијалец Груевски и Кензо Танге.

И ова ли ти е убаво на тебе? Силоси,хангари,ромбови,коцки,коцки,правоаголници..пирамида. Не ме јеби. Имаш еден дел реализиран..градски ѕид.Замисли го цело Скопје такво и врати се после пиши дали си на исто мислење.
 
Централата на Инвест Банка или сегашна Шпаркасе Банка 2009

Шпаркасе во иднина по планот на патриотите
sparkase.jpg



Болен ум, болен за власт, болен за разболување на уште неразболените од неговата болест.Болно!

Официјално е ова или само се заебава некој , им дава идеи ?
 
Официјално е ова или само се заебава некој , им дава идеи ?
Не е официјално.Ама ако веќе излегло вака...сигурно е некоја проба.Според праксата со ЕВН и -Т-...лошо...
 
Јапанецот имал проектирано пирамида, а ние му се лутиме на Грујо за портата. :D
Ма Јапонецот ќе напраел сф филм од Скопје. Кјубрик можел "Одисеја 2001" комотно да го снима тука или Ридли Скот некој од неговите култни филмови, али ова сега се вика "животот е мојот филм" a.k.a "кога просто ќе прогледа"..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom