Македонска берза

Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Какво е вашето мислење за ова?Има ли шанси во брза иднина да се воведе вакво нешто и кај нас?

http://www.poslovni.hr/burze/i-domacim-ulagacima-otvara-se-svijet-nafte-i-zlata-217746

Мислам дека добро ќе дојде за зголемување на понудата и ќе ја размрда малку нашава берза...
Мислам дека мораат ако сакаат во ЕУ. Но таа мерка ја одлагаат до последен момент бидејќи им е страв од одлив на капитал. Но мислам дека нема да биде добро тоа за МК берза. Проблемот со МК берзата е што нема никакви инструменти шортови опции итн...сега може пари да се прават само со раст а не и со пад на цената. Ако грешам за шортови и опции нека ме исправи некој баш драго би ми било.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Реплек остварува добра добивка очекувано за фармацевска фирма обично се доста отпорни на кризи. А Тобако убадува дека не пропаѓа...иако не е многу за верување. Инаку Тобако имаше ИПО пред некој месец.

РЕПЛЕК АД Скопје оствари позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во периодот 01.01-30.09.2012 година.

1. Консолидиран финансиски резултат

Групацијата РЕПЛЕК оствари консолидирана оперативна добивка во износ од 106.594 илјади денари што претставува зголемување за 53% и добивка пред оданочување во износ од 113,854 илјади денари, односно зголемување за 40% во однос на истиот период претходната година.Зголемувањето на консолидираниот финансиски резултат во најголем дел произлегува од зголемувањето на прометот на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ на странските пазари за 124% во однос на истиот период во 2011 година.

2. Неконсолидиран финансиски резултат

РЕПЛЕК АД Скопје оствари неконсолидирана оперативна добивка во износ од 8,916 илјади денари што претставува зголемување за 41% и добивка пред оданочување во износ од 100,035 илјади денари, односно зголемување за 70% во однос на истиот период претходната година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од пренесената добивка од поврзаните друштва која е остварена во 2011 година, во износ од 84,239 илјади денари.

Тобако: Не пропаѓаме, продолжуваме да се шириме

По информациите во јавноста дека пропаѓа најголемиот малопродажен синџир Тобако, од компанијата демантираат дека се соочуваат со финансиски проблеми.Извршната директорка на Тобако, Ирина Чепељугин, во изјава за „Капитал“ тврди дека затворањето на дел од продажните салони на Тобако е дел од оперативното работење на компанијата и најавува дополнително ширење на мрежата.
„Затворањето на подружници е дел од оперативното работење на компанијата. Се затвораат продажните салони кои не се рентабилни, а предвидено е да се отворат нови. Моментално сме ангажирани на изнаоѓање нови атрактивни локации за ширење на мрежата на Тобако“, изјави Чепељугин за „Капитал“. Таа потенцира дека нерентабилноста на дел од салоните е како резултат на финансиската состојба во која се наоѓа државата, но и покрај тоа компанијата ќе продолжи со реализирање на развојните планови за раст и развој на синџирот.На почетокот на неделата, Централниот регистар објави дека од сопственоста на Тобако се избришани 13 продажни салони, од кои два во Скопје, а останатите во другите градови низ државата, а воедно се затворени и пет продажни салони на друштвото за посредување при осигурување МК Осигурување, кое е во сопственост на Тобако.
На почетокот на октомври годинава, на официјалната интернет-страница на Државната лотарија беше објавено известување до играчите на игри на среќа, дека продажните места на Tobacco и Together времено нема да вршат уплата и исплата на игрите на среќа, кои ги приредува Државна лотарија на Македонија. Неколку недели подоцна Јавното претпријатие Водовод и канализација го раскина договорот со Тобако, со објаснување дека се незадоволни од досегашната соработка, бидејќи уплатите направени во овие мрежи, несоодветно се евидентирале.Во сопственост на Тобако, според информациите на интернет-страницата функционираат 45 продажни салони на Тобако и Together.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Денес во јавноста беа пласирани две информации кои би значеле можно заживување на Македонската берза. Првата конкретно се однесува на измените на Законот за персонален данок на доход, кои предвидуваат ослободување од плаќање персонален данок на капитална добивка што се остварува на Берзата. Конкретно, Владата предлага во период од три години (2013, 2014 и 2015 година) граѓаните да се ослободат од плаќање персонален данок на капитална добивка. Ослободување од оданочување се предвидува и на приходите што се остваруваат во вид на паричен надоместок од страна на националните уметници, согласно со Законот за национални уметници.

--------

Има некој повеќе инфо за ова?
 
Тоа е добра вест...Ставревски го рекол тоа значи сигурна работа е...Инаку друго ново е што Охридска Банка отиде надвор од берзата а Оилко на Макпетролци ќе се појави.
____________________________
Приходите што се остваруваат во вид на паричен надоместок од страна на националните уметници согласно Законот за национали уметници, според измените од Законот за персонален данок на доход, нема да се однаночуваат.
Министер за финансии, Зоран Ставрески, ова го изјави на вчерашната седница на владата на која најави и редица други измени законите од областа на оданочувањето и хартиите од вредност.
Од плаќање персонален данок се ослободуваат и приходите што се однесуваат на капитални добивки и тоа во период од 3 години.
Според ова во 2013, 2014 и 2015 година, заклучно со крајот на 2015, ќе се ослободат од плаќање на персонален данок капиталните добивки што се остваруваат на берзата, рече вицепремиерот.
На седница владата ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност. Со измените се акционерските друштва, добиваат задолжителна котација но тие ќе добијат исклучително долг преоден период кој ќе изнесува пет години и тоа од 30 април 2013 до 30 април 2018.
Измените ќе има и во делот кој се однесува на структурата на органите на управување и на работењето на Комисијата за хартии од вредност.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Се случува ли нешто на берзата? Односно со некои акции... вредноста на пр. на УНИ банка пораснала за една недела за 150% а не сум знаел дека и континентал котира (сигурно не на МБИ10 каде што одвреме навреме ѕирнувам) Велат тепачка за акција од Континентал, рипнала за 7 пати! Еве каде налетав на таква информација. http://faktor.mk/archives/12913
Овој пак пишува како вчера да умре А. Јазбек, па ете причина за раздвижувањето, пошто ќерка му не ја бивало! Не ја бива? Па ако не ја бива акцијата може само да паѓа. а не да се покачи 700%.... навистина не го разбирам типов. Инаку Јазбек како замина има година и кусур
 
За Континетал прочитав дека сакаат да го тргнат од листинг на берза и купуваат акции од мали акционери за да има помалку акционери. Инаку прометот на овие акции е минимален дали по 1000 евра кога рипнале. Значи само 1-2 ќарува и тоа ситно. Не се баш интересни...
 
Член од
8 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Поздрав до сите .. :) Ја прочитав целата тема :) Ме интересира инвестирањево во хартии од вредност :) Што мислите , откако сега го допревме дното , добро е сега да се инвестира или не ? Или да се почека уште некој период за уште повеќе да паднат акциите ? :)
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130

Мк берза ти е бунар без дно,така да никогаш не се знае каде е дното само можеме да си нагаѓаме.Ако почекаш може и да пораснат,гледам грциве почнаа да сеат оптимизам.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мк берза ти е бунар без дно,така да никогаш не се знае каде е дното само можеме да си нагаѓаме.Ако почекаш може и да пораснат,гледам грциве почнаа да сеат оптимизам.
Ќе биде и тоа...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom