Читав дека за Баерн имал клаузула со поголема сума близу 50м ЕУР

Не дека е проблем, ам искрено тоа што некој играч бил фан на некој клуб апсолутно ништо не значи. Ќе го спомнам Хумелс. Цел живот играл за Баерн па после, ко ја имаше клаузулата за 8м ЕУР да си замине, го одби Баерн и продолжи до 2016 во Дортмунд. Исто така Гроскројц кој е страстен фан на Дортмунд изјавил дека можеби некојпат ќе замине во Англија да игра. За разлика Геце е роден во Меминген, град 100км оддалечен од Минхен, нема врска со градот и клубот освен што како дете навивал за нив. Но рано се преселил во Дортмунд и цела младина ја помина во клубот. Би рекол, со Дортмунд е повеќе поврзан него со некој друг клуб ама крајно тоа не значи ништо.