Цени на плин (LPG) на бензинските пумпи

  • Креатор на темата Креатор на темата nekojtamu
  • Време на започнување Време на започнување
Не се замарај, сите кои јас ги знам имаат од Плимонт и се задоволни.
 
Абе луѓе, вие сеуште не сте слушнале за НАШ ГАС??? Се работи за бензиска пумпа специализирана само за плин. 4 полнења во исто време и пак има гужва. Цената на плинот е најмалку 10% поефтина од другите места односно во моментов е 40 денари. НАШ Гас се наоѓа карши Охис (пред ЈИСК и Џерси сервис) има натпис, треба да се сврти десно и да се извози поред 100-200 метри.

Кој еднаш наполнил таму, не бара друго место. Слушнав дека имале и на уште една локација во Скопје но незнам точно каде. Од мое искуство досегашно квалитетот им е добар - но најдобар репер се скопскиве таксисти кои безмалку сите полнат таму. За резервар од 40 литри заштедата е 150-160 денари.

Друга можност е Лукоил но само бензиската што е на Првомајска (после Супер Тинекс гледано од центар). Само на оваа Лукоил бензиска плинот е редовно најмалку 0.5 или 1 денар поевтин од другите Лукоил бензиски. Причина??? (хмм, незнам - можеби поради тоа што ако продолжиш уште 2 км право ќе стигнеш до Наш гас.
Od nas gas koga staviv 10 litri pominav 64 kilometri i ostanav bez plin, koga stavam od makperol ili od makoil si pominuvam 100 kolimetri,takada vise ne stavam od nas gas
 
Според мене т.е моите искуства со полнење на плин во возило најдобар плин имаат Лук Оил и Макпетрол. Иначе цената сега е претерано висока 47,5 денари/литар и тоа е вештачко предизвикана заради многуте префрлања на возила од бензин на плин.
 
Секој што си мисли нека си мисли.Тоа е негово право.За ставање на плин сум ставал секаде.Најлош е стакларскиот.Макпетрол и Лукоил и така и така......Најдобар и најевтин плин има во Железара....Тој мора да е квалитетен бидејки печките работат со него.......Не за џабе врие од коли постојано таму а има цена иста на плин и во ОКТА ШУТКА и други места.....А втора работа е тоа што цената на плинот вртоглаво расте без никој од владата да се заинтересира за овој народ во смисла зошто на поединци да му ги полни џебовите кога реалната цена на плинот е околу 30 денари
 
Пљачка,жива пљачка....АМАН нека превземе мерки и за овој проблем!
 
за сите што имат еплинови на дизни односно секвент плински уред, а такви се на денешно време скоро 90% од возилата. без оглед од која марка е... да ви даде чичо онак еден бесплатен совет...

испразнете ја боцата (потрошете ја нормално) и идете ставете плин од која бензинска сакате... нас гас, окта, макпетрол и слично... кој каде милува значи... и идете веднаш со тој плин кај вашиот сервисер и/или монтажер на плинскиот уред. нека ви направи прештелување-калибрација на плинскиот уред според тој плин што го сте го ставиле. од тогаш па натака, секогаш ке турате од кај нив и возилото секогаш ке ви троши нај малку од таа плинара... јас користам ИСКЛУЧИВО од нас гас и сум презадоволен.. било кој друг да го турам ,колата или е по тромава и сецка а троши исто, или се е во ред, си иде нормално ама троши... разликата е во смешата... значи без филозофии, возилото треба се прештелова според горивото, а со овие плински уреди е лесно... закачува кабел, двапати стиска ентар и завршена работа. јас во плимонт местев плинови, таму е беспари вакво нешто. незнам како е во другите плинари, но она што го слушам како цена за вакво нешто е само 100 денари...

п.с. ви објаснува човек кој вози на плин од периодот кога немаше атести за плински уреди и плинот чинеше 7 денари за литро...
 
Ова важи и за форд мондео 2002?
 
за сите возила кои имаат инјекционен систем на вбризгување на бензин... меѓу нив и за форд мондео...
 
Секој што си мисли нека си мисли.Тоа е негово право.За ставање на плин сум ставал секаде.Најлош е стакларскиот.Макпетрол и Лукоил и така и така......Најдобар и најевтин плин има во Железара....Тој мора да е квалитетен бидејки печките работат со него.......Не за џабе врие од коли постојано таму а има цена иста на плин и во ОКТА ШУТКА и други места.....А втора работа е тоа што цената на плинот вртоглаво расте без никој од владата да се заинтересира за овој народ во смисла зошто на поединци да му ги полни џебовите кога реалната цена на плинот е околу 30 денари
Печките ги споредуваш со мотор на возило...па печките ќе горат да ставиш и весници а не пак плин :) .
Додека бензиската накај шутка е поевтина заради тоа што не е окта туку приватна и јас се лажев дека е Окта со поевтина цена за 3-4 ден и прашав
и ми кажаа дека ја изнајмувале од Окта а иначе плинот бил од Марија Трејд - Велес. Избегнувам да ставам по приватни бензиски заради две работи:
1. Крадат ко луди
2. Кај нас во државава нема кој да ги контролира, може и воздух да ти шиткаат
 
Дали може атестиран плин од еден автомобил, да се извади, и да се монтира на друг автомобил и повторно да се направи атест на истиот ?
 
Ако ги имаш документите од уредот може
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom