Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Така беше и со грчките обрзници пред да пукне балонот, ниски камати на обврзниците
http://en.wikipedia.org/wiki/Template:Greek_governmental_bonds_2_years_graph

Нив барем Европа пробува да ги спаси, нас само ММФ ќе се обиде да не извлече од кал, под услов на распродажба на се' што е државен и општински капитал за џабе пари.
Да ама Грција имаше окулу 90-100% долг како дел од БДП и дефицит од 9-10% а МК пред да се случи тоа а МК има 30% долг и дефицит од 2-3%. ММФ воопшто не е загрижена за МК. Далеку е МК од Грција од пред 3-4 години. Според мене до 60% државен долг не е проблем а ако се корегира тоа за инфлација и БДП може да значи некаде 2-3 пати има простор да се зголеми долгот без посериозна опасност. Не дека треба тоа да се направи но може. Инаку овој што тупи за надворешен долг ни тоа не е серизна закана на пример британија има 400-500% од БДП надворешен долг. МК најверојатно и треба помалку за да влезе во проблеми но сепак тоа е сега за сега далеку е тоа.
 
2

~2A

Гостин
Само се зема да се гради споменици,а со тоа се повеќе и повеќе се "закопуваме".Не за друго кај народот нема,па уште тој треба да плаќа.А тоа е преку "безвезни" закони што се изгласани за казни,зголемена потрошувачката кошница за храна,ниските плати.
Државата не гледам начин како да ги врати кредитите кога увозот ни е поголем за разлика од извозот,скоро ништо не извезуваме,а се увезуваме.Државната каса се намалува,а тие сеуште по тие скапани споменици.
Ќе почниме да стружиме од тоа спомениците бронзата да ја претвораме во пари па да си ги платиме високите сметки,да купиме нешто за да преживееме денес,па за утре здравје госпо.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
сега за сега далеку е тоа.
Зависи што подразбираш под далеку, 2015 и 16 ќе бидат тешки години, треба да се вратат на половина милијарда долари годишно на име основица без каматите.
Плус цело време се пумпа јавната администрација и се зголемуваат пензиите. Тоа загарантирано ќе го зголеми дефицитот на 4-5% за некоја година.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Да ама Грција имаше окулу 90-100% долг како дел од БДП и дефицит од 9-10% а МК пред да се случи тоа а МК има 30% долг и дефицит од 2-3%. ММФ воопшто не е загрижена за МК. Далеку е МК од Грција од пред 3-4 години. Според мене до 60% државен долг не е проблем а ако се корегира тоа за инфлација и БДП може да значи некаде 2-3 пати има простор да се зголеми долгот без посериозна опасност. Не дека треба тоа да се направи но може. Инаку овој што тупи за надворешен долг ни тоа не е серизна закана на пример британија има 400-500% од БДП надворешен долг. МК најверојатно и треба помалку за да влезе во проблеми но сепак тоа е сега за сега далеку е тоа.
Е ова со Енглезиве никако да го сварим, како може со толкав долг (над 100,000 евра по глава) дужат и пак имаат стабилна економија и висок стандард на живот. Нема шанси нафтата да ги вади.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Зависи што подразбираш под далеку, 2015 и 16 ќе бидат тешки години, треба да се вратат на половина милијарда долари годишно на име основица без каматите.
Плус цело време се пумпа јавната администрација и се зголемуваат пензиите. Тоа загарантирано ќе го зголеми дефицитот на 4-5% за некоја година.
пола милијада се 5% од БДП денес за 3-4 години ќе бидат 4%. Не се тоа многу пари. Едноставно нема потреба да се отплатат тие пари и намали долгот ќе се земаат нови кредити и ќе се рефинанира долгот итн. Има инфлација БДП расте итн. така да. Никој не планира никогаш да ги врати сите пари и долгот да биде 0. Нормално е номиналната вредност на долгот постојано да расте. Само треба да се контролира брзината. Мене државниот долг не ме загрижува многу. Сеуште некоја ситација како Грција е далеку. А за 2016 живи били па видели колку и што ќе прават.:) 2015-16 нема да бидат „тешки години“ поради долгот...може поради други фактори ама далеку е сега да се прогнозира тоа.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.247
Објавено 26 ноември 2012
ЈАВНИОТ ДОЛГ Е НЕОДРЖЛИВ! ТОЈ РЕАЛНО НАДМИНУВА 45% ОД БДП

Јавниот долг е многу поголем од 30% од БДП колку што нѐ информира Министерството за финансии и доколку во него, како што треба според дефиниција, се вкалкулираат долгот на општините, јавните претпријатија, Народната банка и новите задолжувања на државата во висина од 300 милиони евра за буџетскиот дефицит, тој ќе надмине 45% од БДП, истакна ексгувернерот на Народната банка, Петар Гошев.
Тој истакна дека овој јавен долг е неодржлив и денеска, бидејќи Владата нема доволно приходи во Буџетот за да ги отплаќа долговите и мора постојано да се задолжува. ......
. Затоа веднаш да се фрлат настрана тврдењата дека сме нискозадолжена земја, бидејќи нашиот долг е неодржлив во сегашно време. Владата не ги измирува навреме своите обврски и тоа е факт, а долгот е одржлив само ако имате доволно приходи во Буџетот навреме да плаќате....
Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, не се согласи со тврдењата дека јавниот долг е неодржлив. Многу работи ќе зависат од разрешувањето на оваа глобална криза на која не ѝ се гледа крајот, па затоа пораката до Владата би била дека нема повеќе простор за задолжување и нашата црвена линија е всушност границата за јавен долг од 40% од БДП“, изјави Славески.
Според него, Владата покажува состојба на неликвидност, што е различно од несолвентност. ...
Професорот од Правниот факултет, Ванчо Узунов, истакна дека во последните седум години, само за финансирање на буџетскиот дефицит Владата се задолжила за една милијарда евра, а ефектот од тоа е поразителен, затоа што продуктивноста на трудот е всушност на нивото од 2005 година....

http://kapital.mk/mk/makedonija/90287/goshev__javniot_dolg_e_neodrzhliv!_toj_realno_nadminuva_45_od_bdp!.aspx
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гошев: Јавниот долг е неодржлив! Тој реално надминува 45% од БДП!

Александар Јанев


Јавниот долг е многу поголем од 30% од БДП колку што нѐ информира Министерството за финансии и доколку во него, како што треба според дефиниција, се вкалкулираат долгот на општините, јавните претпријатија, Народната банка и новите задолжувања на државата во висина од 300 милиони евра за буџетскиот дефицит, тој ќе надмине 45% од БДП, истакна ексгувернерот на Народната банка, Петар Гошев. Тој истакна дека овој јавен долг е неодржлив и денеска, бидејќи Владата нема доволно приходи во Буџетот за да ги отплаќа долговите и мора постојано да се задолжува. Гошев тврди дека освен во земјата, Владата почнала да доцни и со исплаќања на долговите во странство, што покажува симптоми на голема неликвидност.
Министерството за финансии неточно ги објавува податоците за јавниот долг и за тоа треба да се предвидат најостри санкции во кривичниот законик. Доколку се прикажат долговите на општините, јавните претпријатија, јавните фондови и на монетарната власт, јас мислам дека јавниот долг ќе стигне до 45% од БДП. Затоа веднаш да се фрлат настрана тврдењата дека сме нискозадолжена земја, бидејќи нашиот долг е неодржлив во сегашно време. Владата не ги измирува навреме своите обврски и тоа е факт, а долгот е одржлив само ако имате доволно приходи во Буџетот навреме да плаќате. Има многу земји како што се Албанија, Турција, Русија кои во минатото банкротираа или имаа потреба да го реструктурираат долгот и при многу пониско ниво на јавен долг“, истакна Гошев на дебатата за ефикасноста на управувањето со јавните пари во организација на Институтот отворено општество.
Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој беше министер за финансии токму во времето кога Гошев беше гувернер, не се согласи со тврдењата дека јавниот долг е неодржлив.
„Не е точно дека јавниот долг е неодржлив и за тоа имаме потврда и од сите меѓународни финансиски институции. Јавниот долг изнесува околу 30% од БДП како што всушност објавува и Министерството за финансии, а порано тој долг достигна и до 48% од БДП па не банкротиравме. Многу работи ќе зависат од разрешувањето на оваа глобална криза на која не ѝ се гледа крајот, па затоа пораката до Владата би била дека нема повеќе простор за задолжување и нашата црвена линија е всушност границата за јавен долг од 40% од БДП“, изјави Славески.
Според него, Владата покажува состојба на неликвидност, што е различно од несолвентност. Експертите се согласија дека начинот на трошење на јавните пари е дискутабилен и за да се вратат сите заостанати долгови, од Буџетот ќе треба да се скратат многу непродуктивни трошоци.
Професорот од Правниот факултет, Ванчо Узунов, истакна дека во последните седум години, само за финансирање на буџетскиот дефицит Владата се задолжила за една милијарда евра, а ефектот од тоа е поразителен, затоа што продуктивноста на трудот е всушност на нивото од 2005 година. Зборувајќи за дисциплината во плаќањето на обврските, ексгувернерот Гошев сугерираше Владата да воведе рок за плаќање од 30 дена, за да послужи како пример за редовно плаќање.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/90287/goshev__javniot_dolg_e_neodrzhliv!_toj_realno_nadminuva_45_od_bdp!.aspx#.ULOClGSI2Vk.facebook

И јас да го пастирам целиот текст од Гошев и неговиот предлог кој никогаш нема да го дозволат.
Дали нас ни прикажуваат лажни податоци? Дали се нормални бе овие?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
So ovolku administracija i nivni nabildani plati nitu pod razno ne može da se tera ušte dolgo. Heh,vo stopanstvoto plati po 200 evra,administracijata po 400 evra. Ne biva be drugovi,dobro e narodot sto ušte krotko si kuti.
Treba rabotnite mesta vo javniot sektor i kaj državnite monopolisti da se stavat na javna licitacija,rabotnoto mesto neka go dobie onoj što e spremen da raboti za najniska plata.
Toa ti e realna pazarna ekonomija,da vidime kolku treba realno da bidat platite vo državniot sektor.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да ама Грција имаше окулу 90-100% долг како дел од БДП и дефицит од 9-10% а МК пред да се случи тоа а МК има 30% долг и дефицит од 2-3%. ММФ воопшто не е загрижена за МК. Далеку е МК од Грција од пред 3-4 години. Според мене до 60% државен долг не е проблем а ако се корегира тоа за инфлација и БДП може да значи некаде 2-3 пати има простор да се зголеми долгот без посериозна опасност. Не дека треба тоа да се направи но може. Инаку овој што тупи за надворешен долг ни тоа не е серизна закана на пример британија има 400-500% од БДП надворешен долг. МК најверојатно и треба помалку за да влезе во проблеми но сепак тоа е сега за сега далеку е тоа.
Се зависи за каква држава станува прашане. Ако државата има развиена икономика - нема проблем и ако долгот е над 60%. Пример ти са Германиja, Jaпониja. За некои држави може да биде тежко и ако долгот им е 50% - пример ти е Србиja. Се зависи от икономиката ти за да можеш да го сервисираш долгот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
*LION*; што ќе кажеш на изјавата на Гошев и на последната вест што ја постираа?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Е ова со Енглезиве никако да го сварим, како може со толкав долг (над 100,000 евра по глава) дужат и пак имаат стабилна економија и висок стандард на живот. Нема шанси нафтата да ги вади.
При крај се со трошење на капиталот што им го оставија предците.Ако се сеќавате пред 10-15 години колку вредеше фунтата а видете колку вреди денес.Тоа е огромна инфлација.

Кога и да е ќе пукне меурот а тогаш имигрантите и незадоволните кои ги држат под контрола со подкупување преку социјални програми ќе им ја дигнат државата во воздух.
Да не ни почнам како социјалните програми ги прават и зависни,неспособни и најважно меки.
.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Nema frke,sega za praznicive ke se raspuka narodov i ke se napolni *dupkata*. Khm.
:tapp:
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 22:12 ---
*LION*; што ќе кажеш на изјавата на Гошев и на последната вест што ја постираа?
Abe što znae Gošev,nema pojma on.... Khm.
:tapp:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Nema frke,sega za praznicive ke se raspuka narodov i ke se napolni *dupkata*. Khm.
:tapp:
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 22:12 ---

Abe što znae Gošev,nema pojma on.... Khm.
:tapp:
Очекувам Гошев од одличен Гувернер сега да го распукаат дека нема врска, да им дадеме ден два да прочитаат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom