Гошев: Јавниот долг е неодржлив! Тој реално надминува 45% од БДП!
Александар Јанев
Јавниот долг е многу поголем од 30% од БДП колку што нѐ информира Министерството за финансии и доколку во него, како што треба според дефиниција, се вкалкулираат долгот на општините, јавните претпријатија, Народната банка и новите задолжувања на државата во висина од 300 милиони евра за буџетскиот дефицит, тој ќе надмине 45% од БДП, истакна ексгувернерот на Народната банка, Петар Гошев. Тој истакна дека овој јавен долг е неодржлив и денеска, бидејќи Владата нема доволно приходи во Буџетот за да ги отплаќа долговите и мора постојано да се задолжува. Гошев тврди дека освен во земјата, Владата почнала да доцни и со исплаќања на долговите во странство, што покажува симптоми на голема неликвидност.
„
Министерството за финансии неточно ги објавува податоците за јавниот долг и за тоа треба да се предвидат најостри санкции во кривичниот законик. Доколку се прикажат долговите на општините, јавните претпријатија, јавните фондови и на монетарната власт, јас мислам дека јавниот долг ќе стигне до 45% од БДП. Затоа веднаш да се фрлат настрана тврдењата дека сме нискозадолжена земја, бидејќи нашиот долг е неодржлив во сегашно време. Владата не ги измирува навреме своите обврски и тоа е факт, а долгот е одржлив само ако имате доволно приходи во Буџетот навреме да плаќате. Има многу земји како што се Албанија, Турција, Русија кои во минатото банкротираа или имаа потреба да го реструктурираат долгот и при многу пониско ниво на јавен долг“, истакна Гошев на дебатата за ефикасноста на управувањето со јавните пари во организација на Институтот отворено општество.
Професорот од Економскиот факултет, Трајко Славески, кој беше министер за финансии токму во времето кога Гошев беше гувернер, не се согласи со тврдењата дека јавниот долг е неодржлив.
„Не е точно дека јавниот долг е неодржлив и за тоа имаме потврда и од сите меѓународни финансиски институции. Јавниот долг изнесува околу 30% од БДП како што всушност објавува и Министерството за финансии, а порано тој долг достигна и до 48% од БДП па не банкротиравме. Многу работи ќе зависат од разрешувањето на оваа глобална криза на која не ѝ се гледа крајот, па затоа пораката до Владата би била дека нема повеќе простор за задолжување и нашата црвена линија е всушност границата за јавен долг од 40% од БДП“, изјави Славески.
Според него, Владата покажува состојба на неликвидност, што е различно од несолвентност. Експертите се согласија дека начинот на трошење на јавните пари е дискутабилен и за да се вратат сите заостанати долгови, од Буџетот ќе треба да се скратат многу непродуктивни трошоци.
Професорот од Правниот факултет, Ванчо Узунов, истакна дека во последните седум години, само за финансирање на буџетскиот дефицит Владата се задолжила за една милијарда евра, а ефектот од тоа е поразителен, затоа што продуктивноста на трудот е всушност на нивото од 2005 година. Зборувајќи за дисциплината во плаќањето на обврските, ексгувернерот Г
ошев сугерираше Владата да воведе рок за плаќање од 30 дена, за да послужи како пример за редовно плаќање.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/90287/goshev__javniot_dolg_e_neodrzhliv!_toj_realno_nadminuva_45_od_bdp!.aspx#.ULOClGSI2Vk.facebook
И јас да го пастирам целиот текст од Гошев и неговиот предлог кој никогаш нема да го дозволат.
Дали нас ни прикажуваат лажни податоци? Дали се нормални бе овие?