Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

L

Luki Junior

Гостин
Стварно, мислам дека храната е еден артикал што може конкурентно да се извезува. И секоја чест за тебе. Домакински тип, штедење струја, производство на нива...:)

Не знам дали е подобро да се концентрираш во одредена работа пример само производство на свежо овошје. Мислам дека со една работа подобро ке ја специјализираш, и контролираш.
Ширење на работата во производство на овошје, па преработка и производство, па продажба...бара многу предуслови, носи одредени ризици...
Тава са желби и планове. Доволно сам свесен оти може и никојпат нема да се остварат. Ама колку се остваре, толку.
Затава го правеме на етапи. Прво да набилдаме доволно производство, за да може да тераме пари од дека да направеме ладилник. А за да набилдаме производство треба ниви, садници, и механизација. Ниви под концесија не дават на сите. Затава се оде на варијантата на купувајне ниви. Е сега човек требе да изваде вишок пари за да може да купува ниви, шо моментално го правеме.
Гледаме барем секоја година да се купат 5-6 декара земја и да се подигат нови насади. (250 до 300 евра ти е декар. У декар одат 30-35 садници секој по евро и пол).
Механизација имаме, ама у наредните 3 години тракторо требе да се смене/ или да се купе оште еден + приклучна механизација на него ( плуг + фреза+ култиватори). Таква инвестиција е некаде околу 10 до 15 000 евра.

Е сега, пари у македонија лесно не се печалат. Да добиеш еден обичен кредит од ИПАРД требе првороденото да си го таксаш. Заради тија работи се удара на штедејне од дека шо може да се заштеде, наблега се да се изваде повеќе производ од моменталните дрва за да има евро плус за инвестирајне.

Бројката шо сакаме да стигнеме на производство е негде 60 тона годинашно. За 2ца човека шо се занимават рекреативно со таа работа е супер (не е основна дејност).
И сега идејата е да се откупат оште 60 тона, и сето тава да се сместе у ладилник и етапно да се изнесува од македонија. Може модул варијанта и за сушејне, или правејне компот, а може и двете. Ама е идеја. Дали ќе се остваре, не знам.
Убаво е шо дава државата субвенции, јас сам секојпат благодарен за тај благодет од власта колку и социјалистички и популистички да изгледа. Они сами отплатиле голем дел од садниците.

Јас менаџер и економист не сам. Немам школо за таква работа. Ама знам да си направам сметката и да видам дека сам у плус дека сам у минус.

Не викам оти мојте нешта шо ги произведувам имат огромна вредност, или носат милиони у девизи за државата. Не. Не носат.Моментално некаде производството годишно бруто е околу 12-3 000 евра. Најголем дел го собират за извоз, мал дел останува у Македонија по пазарите.
Ако ме гледаш од економски отпечаток, јас сам мравка спореден со големите играчи на пазаро.
На локално ниво е ногу поразлично. Давам на човеци шо немат, неам пушка да ги пукам тија шо ме крадат, наемувам работници коа не можам да надваксам, позајмувам механизација и совети на комшии и пријатели, наваѓам пласман и за други човеци шо имат производство ама не знаат/не са информирани дека да го продадат. Градеш си статус, наваѓаш си го местото у општеството. Живот компот... Од нула сме почнале дома пред ногу години, па сме стигнале додека шо сме стигнале.

Поуката од мојта практика:
- Работа, работа и само работа.
- Помалку црева у администрацијата (сигурно 3-4 се влечат на мој грб)
- Колку и да е сиромаштија, или колку и да е напредна една држава, јадејне мора да има на масата. И секојпат ќе има човек шо е спремен да плате за добро јадејне.
- Производство и извоз на јадејне може да направе позитивна промена за наплив на девизи.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Sve u red,ali jas lično ne opravduvam isplatuvanje na subvencii. Ako e taka i na rabotnicite vo stopanstvoto neka im se davaat,a ne samo na zemjodelcite. Nelogična rabota so što povtorno se optovaruva industrijata i zaposlenite tamu.
 
Не дека сам согласен, ама едноставно кажувам оти са ми помогнале у одреден степен. А ако направат механизам да го стимулират целото стопанство, нека дават слободно. Нека има малку cash flow. Поарно у стопанството, отколку за цревата у администрацијата.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Се тоа убаво лаки,ама за подигање на стопанството, и да почне обрт на пара ни треба некаква војна, дали дома дали у комшии небитно, освен со војна не гледам друг начин како би имало поголем слободен обрт на пара,во ваква криза
 
И ти си у право. Да му осамне на некој, требе да му се стемне на некој друг. Јас преферирам само да ми осамнува. :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па, гласајте за Бранко и на сите ќе ни се стемни и нема никад да има изгрејсонце.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
И ти си у право. Да му осамне на некој, требе да му се стемне на некој друг. Јас преферирам само да ми осамнува. :icon_mrgr::icon_mrgr:
Размисли кога имаше највеќе пара, од кога до кога.
Војни конфликти ембарга бунтови од 93 до 2001 траеа парите до кај 2005 2006 се потрошија си еба мамата.
Кога највеќе имаше пари во македонија ? За време на конфликтот и после конфликтот резервистите имаа по 25 000 денари поголем дел од нив не ни имаа работено негде пред тоа или се беа стечајци.
Јас викам да се договориме со шпоновиве да се размааме едно месец два ,ќе фрламе петарди, ќе пукаме со ќорци, ќе се мааме со дрва и камења, ќе покажуваме тазе лешеви на тв умрени од државна ( ионака неделно повеќе умираат во државна отколку што погинаа за цел конфликт) абе има да има пари за сите, и за транспорт и за земјоделци, и прехрамбена индустрија и за текстилна. Кој има кола ќе ја рента на државата 300 евра месечно и ќе си се вози со неа . Абе МИЛИНА ќе биде.
Башка и единство невидено и патриотизам ќе има :)
После може и со грцине да се договориме и со нив да се размаваме, и нив ќе ги извадиме од гомна, по некое време ког ќе снема пари,пак ќе ги скачкаме србине и косоварине.
Странски мисии невладини организации, хуманитарни здруженија се ти е тоа пара бре.
Додуша како мал земја можеме сам од конфликти да живееме, заеби туризам индустрија остали срања, ќе си правиме ние воен туризам,секој европеец што ќе сака да се чуствува хумано нема да мора да оди дури до африка во хуманитарни мисии тука ќе доаѓа и тука ќе си ги остава парите :)
 
F

FARANG

Гостин
Сега за сега не е некој проблем. Непишано банкарско правило е дека клиент може без проблем да сервисира кредит од 5,5 до кај 7 пати неговата годишна заработка. Ако МКД од даноци собира некој си 2 биљони евра тогаш до кај 12-13 бил и не би било проблем. Потоа сме наебале.

Проблемот е што не туркаат кон тоа. Ако не приметувате од сите страни ни нудат по 200 - 300 мил со „поволни“ камати. Брзо ќе стигнеме до таа цифра а ако не најдеме како да ги зголемиме приходите - да се вработи народ па естра данок или покачување на постоечките даноци. Мислам дека имаме кадри луге што го разбираат ова, едно време враќаа неповолни кредити и пред време, сега градат (мада треба повеќе инфраструктура) кога приватниот сектор ни е пред колапс што е правилна одлука. За менаџирање на економијата мислам сме ОК, ме плаши тоа што не гледам визија, не гледам стратегија за напред.

Лутаме по светот за да прибереме инвестиции а не сме направиле анализа како да ја зајакнеме домашната економија и како да ги привлечиме инвеститорите од соседството. Па ние сме една ебана населба во истанбул АЛО а они ни се стратешки! Доаѓа претседател на нивна стопанска комора и у сред скопје кажува дека нема интерес од Мак фирми за соработка. Државата не разбира дека грин филд инвестиции не се лесни, дека кога е друга култура друг менталитет тоа не иде така. Знаете ли која заебанција е да дојде странска банка и да отвара филијали во МКД од почеток? Да бара луге, клиенти итн итн кога може да купи и ребрендира МКД банка со негов дневен профит (пример Охридска банка). Земи среди ги домашните фирми, работи малку на Mergers and Acquisitions, укрупни ги земјоделците следи светски трендови... Визионерство - дај 200 стипендии секоја год во Турција, Кина, Јапанија, Кореа, Индонезија ама дај ги на прави луге. Заеби мамини татини синови, заеби бубалици... Дај ги на курајбери што ќе знаат да направат врски да напарават контакти за утре да бидат трговци, претпримачи со извозен дух. Праќаат промотери низ светот кој се срамат да се сретнат со нашите иселеници, од тој ли утре очекуваш пласман? Многу работи ги правиме добро ама за многу сме сеуште слаби.

Ќе не биде ама не во догледно време за жал.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Го прочитав само првиот дел и кога видов дека незнае што е државен а што надворешен долг остатокот не го читав.....
Ако не си ја разбрал поентата на темата во првиот пасос, и многу си читал ....
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 22:54 ---
Во контекст на темата ( да не премине до крај во меѓусебно препукување:) ), еве како животната стратегија на Луки е рецепт за економски напредок на Македонија:

...Летно време да не трошам струја иаме летно купатило, шо се грее на сончева енергија без пари топла вода...
Намалување на непотребни и непродуктивни трошоци на државата
Намалување на потрошувачка на продукти од увоз и замена со супститути од домашен пазар
Стратегии за намалување на енергетска зависност на државата
Намалување на одлив на девизи од државата

... производство на свежо овошје ... произведувааме со тони бостан, компир и житце ...сега идејата е да се собира трпезно овошје...
Производство. И производство. Производство за домашен пазар како супститут на увоз, производство за извоз, производство за....
И стимулации за производство, и олеснувања за производители и ....

....разладни комори (100-150 тона капацитет) + индустриска сушара и Казанче за конзервација.Проблемо са 140 000 евра од дека да се најдат. Не сам толку богат, ни па банките дават толку ногу пари на кредит да се започне.Физибилити студија и истражување... иам .. идеја како да го направам....
Инвестирање ( па и преку странски кредит ) во инвестиции што оплодуваат капитал и прават додадена вредност....

...Извозо си беше стандард ..., ама ...И здравје ако успее плано, Луки ќе продава тегли на запад... Шом има храна, западните бизнисмени и купувачи идат....
ИЗВОЗ ! И точка.

Луки за министер (n)
Само тоа аватарот малку чуден....:icon_lol:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
И подетална анализа од бизнис портал....

http://faktor.mk/archives/9804

......За 251 милиони евра се зголемила надворешната задолженост на земјава на годишно ниво. Ова го обелоденува најновиот извештај на Народната Банка што се однесува на третиот квартал од годинава. Мерењето на НБРМ покажува дека заклучно со јули, бруто-надворешниот долг изнесува 63,3% од Бруто домашниот производ, показател што земјава ја вбројува во групата на “висока “ задолженост......„.
Според “критериумот за умерена задолженост“, бруто-надворешниот долг треба да се движи меѓу 30 отсто и 50 отсто од БДП.
До средината од 2010 та надворешната задолженост се одржува под нивото од 60% од БДП, по што на крајот од истата година се пробива овој процент и во годините што следуваат е во постојан раст. Еве како се движеше динамиката на раст на задолжувањата кон странство.

.........Она на што во континутет предупредува домашната експертска јавност не е само динамиката на раст на долговите туку и прашањето за што и за какви цели се задолжува земјата. Неодамна за “Фактор “ и Никола Поповски, поранешниот министер за финансии од редовите на СДСМ изјави дека власта треба да биде внимателна со задолжувањата.....
„ Владата продолжува и со задолжувањето кон надворешните девизни пазари, .. ...
Од 1 ви јануари Владата ќе го подигне новиот кредит од 250 милиони евра, .......Во исто време, за отплата доспеваат 175 те милиони евра по основ на Еврообврзницата.......
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Невороватно некои фаци незнаат да разликуваат надворешен долг од суверен долг.:facepalm:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Невороватно некои фаци незнаат да разликуваат надворешен долг од суверен долг.:facepalm:
У оваа држава не смееш да кажеш дека не е се розово....Одма или не разбираш, или си предавник или си опозиција......;)

Еве, те повикувам ТИ да презентираш официјални податоци за долгот ( надворешен ли, јавен ли, суверен, несуверен...) за споредба и тоа моментален, од пред 2 години и од пред 5 години, чисто да видиме, според тебе, каде оди Македонија.

И остај дали разбираме или не разбираме.
Да видам твој став за економската ситуација во врска со задолженоста и можностите за раздолжување....
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
У оваа држава не смееш да кажеш дека не е се розово....Одма или не разбираш, или си предавник или си опозиција......;)

Еве, те повикувам ТИ да презентираш официјални податоци за долгот ( надворешен ли, јавен ли, суверен, несуверен...) за споредба и тоа моментален, од пред 2 години и од пред 5 години, чисто да видиме, според тебе, каде оди Македонија.

И остај дали разбираме или не разбираме.
Да видам твој став за економската ситуација во врска со задолженоста и можностите за раздолжување....
Во кратки црти суверен долг 30тина % од БДП и е релативно стабилен. Буџетски дефицит 2.5% oд БДП. Кредитен рејтин ББ+. Приход на 10 годишни обврзници 4-5%. Не ја знам цената на CDS на МК ако воопшто постојат. Стабилна валута...Не е лошо...сега не е идеално. Нема сериозни проблеми со финансирање на долг. Јас може да ти кажам како инвеститор не ме загрижува многу државниот долг дури слободно би инвеситрал во него. Сега за сега не е проблем...сега за сега не ме загрижува работата многу. И нормално е да расте малку за време на рецесија барем така треба според Кензијанската економска политика. Ќе видиме што ќе биде после рецесијава дали ќе одат со порестриктивна политика па може пак да се оценува. Се занимавам со финансии едно 10-15 години и мене не ме загрижува многу државниот долг моментално.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Ќе видиме што ќе биде после рецесијава дали ќе одат со порестриктивна политика па може пак да се оценува. Се занимавам со финансии едно 10-15 години и мене не ме загрижува многу државниот долг моментално.
Проблемот е што е сосема можно да нема нешто како период „после рецесија“.
Не знам дали можеш да замислиш како би изгледало евентуално решение на европската криза?
Јас мислам, можеби грешно, можеби не, времето ќе покаже, дека западната економија чиј дел сме и ние веќе го достигна врвот на економски развиток и дека следните 10-15-20 години, ќе оди надолу или ќе биде на плато.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Приход на 10 годишни обврзници 4-5%.
Така беше и со грчките обрзници пред да пукне балонот, ниски камати на обврзниците
http://en.wikipedia.org/wiki/Template:Greek_governmental_bonds_2_years_graph

Нив барем Европа пробува да ги спаси, нас само ММФ ќе се обиде да не извлече од кал, под услов на распродажба на се' што е државен и општински капитал за џабе пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom