Знаеш...се наоѓаме во крајностите. Од тие емоционалните. Така си бараме утеха, се разбираме, наоѓаме заеднички јазик.
Еве ти банален пример. Земаа четврто место кошаркарите, одма сите среќни на плоштад. Од убаво, до штуро и сакато. И Титови леви сили, Бранкови чмарољубци, чети на новиот рајх, утописти-анархисти, синови Груево-Пердикови....па и по некој атеобудист. Тоа беше инцидент, случаен излив на среќа и не фати сите.
Ова денес не е инцидент, по се изгледа ќе биде долга болка и емоционалната ни крајност ќе ја бараме во колективната разочараност. Јас лично не барам да ме утешат овие отпадоциве во влада, присобрани од сокаците во Софија или опозиционериве, засмрдени од грчки пари и влезени длабоко во чмарот на СОРОС.
Барам време. Барам среден рок. Малку трезвеност и планирање. Да ни дадат шанса за промена на генерациите, за ние маалку повозрасните меѓу младиве да можеме полека да се интегрираме таму горе, да можеме да делуваме. Нека остарат на фотељите, нека искрадат, нека се наклукаат пари и нека си одат. Ако бидеме трезвени и се едуцираме меѓу себе место да се плукаме, ако си ги отвориме очите и најдеме заеднички јазик барем за ова едно ебано горливо прашање, без етикети и глупави препукувања, ако еднаш се решиме да делуваме како колектив, којзнае...можеби оваа крајност, екстремна разочараност и очај ќе вроди со плод.
Разбирам фрустрација. Човек не бира кога е нервозен, ни зборови ни противници. Ама да пробаме бе малку без нервози и со памет, без етикети и со разум. М? Редно е веќе да пробаме.