Најдобра слаткарница во Македонија?

Член од
24 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
19
Прашање на вкус,но според мене најдобрите падобранци,локум и обланди има во Ригара,на почеток на Стара Чаршија,надолу од црквата Св.Спас.Пробајте,нема да зажалите.
Го заборави шприцерот со боровница ;)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Според мене во скопје најдобри слаткари се Канела, Апче и Ваташа.
Канела- најубави торти и слатки, Апче- најубава боза, тулумби, еклери..., Ваташа- најубава боза, сладолед.:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Во последно време ми се допаѓаат слатките во Специјал, а доста интересна ми е новата американска слаткарница К8 во чаршија.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
478
Поени од реакции
128
Во последно време ми се допаѓаат слатките во Специјал, а доста интересна ми е новата американска слаткарница К8 во чаршија.
Не е американска туку е албанска.Тој е албанец а женаму е американка.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
252
Поени од реакции
333
Aj да ја живнеме малку темава. Ќе ми доаѓаат некои гости кои се по благото па се мислам каде да ѓи однесам.
Зборував со пријатели вака и дојдовме до констатација дека денес воопшто го нема тој квалитет како порано.
ЗНачи не се бара евтино и убаво, туку само убаво, каде што употребуваат квалитетни состојќи

Од она што имам пробано,
Не сум задоволен од:

- Палма Аеродром ( не има болено стомак истиот ден,откако јадевме со пријател) Прво него, а мене не, а по неколку дена откако отидов и мене ме утепа стомак. Криво ми е што не се слушнав во меѓувреме на телефон со него, бидејќи ќе ми кажеше и немаше да отидам.
АЈ што е скапо па и неубаво.
-Специјал: Oвие кога отворија мислев дека уште првиот месец ќе затворат. Материјали катастрофа, квалитет лош, самото тоа што употребуваат белка наместо шлаг во колачите ми е јасен знак за скокање.

-Шехерезада и Aпче: Гроза од колачи, без желба и да се потрудат за поквалитетно.

- Капиштец на самиот влез: Има еден рестроран-слаткарница, долу има за биљард, а горе слатки и ресторан ( незнам како се вика) Нека ме потсети некој. Првиот пат бев јадел едни еклерчиња и беа супер. Вториот пат катастрофа. Не тазе и со едно ќило шеќер

- Блондина: На почетокот беа супер. Сега се катастрофа. Индијанќи еклери полни со шеќер. Цел на купувачи им се веројатно ромите од шутка, па изгледа сега гледаат да имаат само цена.


- Од познативе ги немам пробано Канела, но мислам дека и тие се тука некаде со квалитет.
Други кои би ги препорачале, али онака да сте навистина задоволни. Постои ли воопшто слаткарница каде може да се најде навистина квалитет
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
@Albertos
La creme - karshi Enriko restoranot
Kremisimo - doagja negde karshi Kafe Li

Zafir pravat dobri torti, za kolaci ne sum probal
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.182
Малага праат убав сладолед и лимунада добра има.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Ла крем колачи и Зафир торти препорака и од мене(y)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
За торти препорачувам Зафир и Канела во Козле. Внимавајте, има две Канели. Една црвена една плава. Не ми текнува каква е таа во Козле, но таа е подобра според мене и има поголем избор.
Зафир е скап, но тортите се врв.

Од другите слаткарници, најдобри според мене се Апче, благите им се скоро сите добри, а имаат и добра боза и лимунада, а и трилече, за најубава боровница во Ченто на последна автобуска станица, а имаат и многу добар сладолед на точење. Убава боровница има и во Шарлота.
А за сладолед, Дежа Ву Аеродром е врвот. Ги шие сите во градот. 40 денари е топче, но се исплати за секој денар.

Во Палма Аеродром строго не одам. Катастрофа е се. Од услуга до квалитет на благите.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.331
Палма па Дежа Ву имаат најдобар сладолед. Во Палма строго само сладолед (колачите им се прескапи, а не се нишо посебно). Дежа ву сладоледот е добар, ама уште подобра целина е кога ќе го стават во нивен тазе корнет (не купечки). За другите слаткари, еклер е класика тоа па тоа, ништо посебно не може да има во еклер и тулумба. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom