deXterche
тадаммм
Мене ми се десило само киселини да ми се јават ако работам абдоменални вежби, пошто се иритира желудникот. Исто така загревајте се пред тренинг, 4-5мин кардио и истегнување. Може и до тоа да е
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако те пече на ниво на лажичката можеби има гастроезофагијален рефлукс.Мене ми се десило само киселини да ми се јават ако работам абдоменални вежби, пошто се иритира желудникот. Исто така загревајте се пред тренинг, 4-5мин кардио и истегнување. Може и до тоа да е
Дечки, кога ќе ја поткренам десната рака под агол од 90 степени ми крцка (т.е подобро би било речено ми ПУКА) рамото, мислам дека ми се јави од вежбање со тегови затоа што пред да вежбам ова не се дешаваше, застапено е веќе неколку месеци, а последнава недела почнав и мали болки да осеќам...
Дечки, кога ќе ја поткренам десната рака под агол од 90 степени ми крцка (т.е подобро би било речено ми ПУКА) рамото, мислам дека ми се јави од вежбање со тегови затоа што пред да вежбам ова не се дешаваше, застапено е веќе неколку месеци, а последнава недела почнав и мали болки да осеќам...
Болки во рамото се честа појава затоа што тој зглоб е еден од посложените.
Прво, можно е да имаш лош бенч. За промена пробај да ги држиш лактите внатре према телото и да не ги шириш толку на надвор.
Второ, прави вежби за ротирачките мускули во рамото (rotator cuff) и тоа пред секоје движење кое вклучува потисок (бенч, потисок над глава итд.).
Трето, заеби вежби како потисок позади глава (многу лошо за рамото доколку немаш добра генетика) и upright rows (не знам како би му дошло на македонски), и практикувај еднорачни тегови и стоечки потисок над глава (military press или обичен overhead press)
Четврто, користи мраз секој ден и олабави малку со тежините одредено време.
Пето, ако нешто не е јасно, прашај![]()
Првата ти е дури полоша и од потисок зад глава, можеби и најлошата вежба за рамо што можеш да ја работиш, втората е одлична.
Јас ја правам првава со слободна шипка и стоејќи (некогаш и со мала помош од колковите, aka push press), и вторава како што е.
Првата на смит машина ми го гори рамото затоа што можам да користам поголема тежина отколку со слободна шипка. Мислам дека поради смит машината голем процент од тежината ми паѓа само на средниот дел од рамото, додека со слободна шипка тежината е подобро распределена на целото рамо.
Не викам дека е лоша првата, се е индивидуално и зависи од тоа што сакаш да постигнеш. Пробај ги двете варијанти па ке видиш што ти одговара повеќе.
Втората е топ. Го оптеретува целото рамо, посебно помалите мускули потребни за стабилизација, и мислам дека помага во градење на здраво рамо.
Upright row со бучици искрено немам пробано, но претпоставувам дека е помалку стресна на зглобот и лигаментите, како резултат на зголемената слобода на ротација поради еднорачните.
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 13:38 ---
@nE0n1nja
Да, и ова е исто битно. Смит машината ти ја ограничува слободата на движење на зглобовите и може да ги доведе во неприродна и лоша позиција. Поради тоа практикувам слободни тегови, комбинација од шипка + бучици.
Јас ја правам upright rows скоро секој тренинг стигнав до 50кг во серија, само прави ја со француска шипка помалце ги оптеретува зголбовите. Скоро секогаш средното раме го почнувам со оваа вежба затоа што е компаунд вежба, потоа правам уште 2-3 серии изолациони (летања со еднорачни, машина, или пак на кос бенч) доволно за да го извежбаш средното рамо како требаДа, мислев со слободна шипка, не можев да најдам таков пример. А со upright rows добив значителна ширина во рамото, а можам да дигам поголеми тежини зашто и трапезите помагаат. Вреди да се проба.
http://www.youtube.com/watch?v=pwiHqKiDxis Најчесто за рамо е правам оваа вежба 1:43 само шо е со тегој и ги кревам рацете погоре, а и да практикувам домашен тренинг...
Успат дали требит да престанам со вежбање некое време? Дали може да се искомплицира оваа појава?