Најтажни филмови кои ги имате гледано?

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Имаме една друга тема Најтажна сцена , ама концептот на оваа го замислив како поинаков (видов низ форумов и немаме тема конкретно за ова).
Вчера размислував кои се оние филмови на кои можам да се сетам во моментот а ме растажиле или направиле да се осеќам глупо.
А да не пишувам некој којзнае каков вовед, да не се изгуби од смислата и од прегледноста. Темава е за филмови кои вие мислите дека се многу тажни. Всушност, некогаш најдобрите филмови се оние кои се многу потресителни (барем за мене).
Да не должам многу, само да напоменам.
1. Во темата Најтажна Сцена има премногу спојлери, овде ве молам не. Овде само спомнете кој е вашиот најтажен филм, или филмови, за ако некој сака да ги гледа да не расипуваме со спојлер за некоја сцена. Ок?
2. Не знам под 2 што да кажам, ако има нешто ќе едитирам.

Еве ја мојата листа (на која сега можам да се сетам)

1. The Elephant Man (1980)
Добивам впечаток дека кога ќе се спомене Линч ретко се споменува и овој филм. Мислам дека ова е најдобриот филм на Линч воопшто досега направен. Се работи за огромното срце на човечкото суштество и за тоа дека надворешниот изглед нема никаква врска спрема она што навистина сме длабоко во себе. Секој кој ќе го гледа овој филм мислам дека ќе се потсетува на него уште многу пати во текот на животот.
2. Radio (2003)
Филмов мислам дека е еден од најпотценетите воопшто. На имдб има едвај 6 и нешто. Куба Гудинг Џр. фасцинира со неговата улога во филмов. Сум го гледал одамна, можеби потсеќа на I am Sam, ама е нешто сосема подруго. Филмов е must see! Ед Харис исто е овде ѕверот!
3. Le scaphandre et le papillon (2007)
Француски филм базиран според вистинита приказна. (заборавив погоре - и Човекот Слон е базиран според вистинска приказна). Се работи за човек кој е целосно парализиран, освен неговото лево око. Една од најтешките и најтажните драми кои сум ги гледал некогаш. Французиве прават опасни филмови.

Да не должам многу, ете од мене три филма. После повеќе. Се надевам ќе направиме горе долу малку поголема колекција на "тажни" филмови за ко ќе сакам стварно да гледам филм да гледам некој од понудените.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Modigliani (2004)

Вистинската приказна за еден од моите најомилени уметници кои некогаш постоеле. Сторија за неговата љубов кон Жан, за неговата страст кон сликањето, измешана со боемскиот живот, суетата и ривалството кон Пикасо...

Не знам што во филмов ми беше потажно. Дали приказната која би ја гледал кога не би го знаел неговото име и дело (при што би гледал од сосема различна перспектива, ако некој некогаш го гледа, ќе можеме да правиме споредба), или онаа, поврзана со уметноста - со ингениозниот натпревар на двајцата великани и нивното различно влијаење врз самите себеси. Во секој случај, ова е едно од ретките филмски дела, кои ќе ги памтам по тоа што ми измамиле солза.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
I am Sam





Тоа што го направи Шон Пен во филмов е нешто брилијантно. Дури и мене ме онака штрецнаа некои ситуации. Потресен филм како и да е... Да не бидам спојлераш - последната сцена и монологот...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Џимеј ми ја погоди темава... сега да направам една листа за плачење и ќе ја уфрлам.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
I am Sam


The pursuit of happuness


Love Story(постар филм ама тужен ми е ептен)


Толку ми текнуваат сега за сега.Друг пат поише:pipi::helou:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Me потсети Красулка за Will Smith, aма 7 pounds повеќе ме растажи. Ѕверски филм. :smir:
 
D

DartWader

Гостин
Im Legend ,тажен филм човекот е сам цело време , си зборува со кукли. Посебно е тажно кога
му го убиваат кучето и кога се фрла во зомбињата со бомба.
Spoilers ahead! :)
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Животот е убав


Од сите филмови за Холокаустот, овој ми е најтажен и најдобар. Иако и "Пијанист" е добар, "Животот е убав" е многу пред него.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
My life




Мајкл Китон и Никол Кидман, рак, бременост...Тажно како и да е...Вреди да се гледа иако има само 6.6 оцена од imdb.


 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
1. The Elephant Man (1980)
Добивам впечаток дека кога ќе се спомене Линч ретко се споменува и овој филм. Мислам дека ова е најдобриот филм на Линч воопшто досега направен. Се работи за огромното срце на човечкото суштество и за тоа дека надворешниот изглед нема никаква врска спрема она што навистина сме длабоко во себе. Секој кој ќе го гледа овој филм мислам дека ќе се потсетува на него уште многу пати во текот на животот.
2. Radio (2003)
Филмов мислам дека е еден од најпотценетите воопшто. На имдб има едвај 6 и нешто. Куба Гудинг Џр. фасцинира со неговата улога во филмов. Сум го гледал одамна, можеби потсеќа на I am Sam, ама е нешто сосема подруго. Филмов е must see! Ед Харис исто е овде ѕверот!
Браво за овие 2 си ме погодил! :vozbud: Феноменален избор!

Еве ја мојата листа, без редослед.

1.The Green Mile.
2.Awakenings.
3.The Straight Story
4.Cast Away.
5.Crash.
6.A Beautiful Mind.
7.Schindler's List.
8.Mystic River.
9.Magnolia.
10.Babel.
11.The Deer Hunter.
12.Once Upon A Time In America.
13.Amores Perros.
14.BraveHearth.
15.Shawshank Redemption.
16.Whats Eating Gilbert Grape.
17.Stand By Me.
18.Into The Wild.
19.Million Dolar Baby.
20.Arlington Road.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Еве:

1. Love Story (1970)
Филмов, класика. Сигурно има и потажни, ама мене овој секој пат ме погодува. Велам секој пат, зошто сум го гледал двоцифрено. Мислам дека ова е најголемиот мал филм кој некогаш е снимен.

2. Million Dollar Baby (2004)
OK, што да ви кажам, Клинт Иствуд... ако не ве погодува несреќата на една млада и убава девојка, имате проблем со емоциите...

3. Sibirskiy tsiryulnik (1998)
Еден од моите омилени филмови. Филм на Никита Михалков, со Џулија Ормонд во главната улога. Тажна приказна а во филмот има барем две сцени многу тажни сцени за кои не би пишувал заради спојлери.

4. Nuovo cinema Paradiso (1988)
Ако размислам подобро ова е веројатно за мене најдобриот филм кој некогаш е снимен. Ова не ми е листа на најдобри филмови па затоа и не е најгоре. Инаку, филмот е преполн со емоции.

5. The Passion of the Christ (2004)
Сега, јас одамна не сум религиозен, ама ако овој филм на Мел Гибсон не ви е тажен, незнам... чисто измачување и страдање...

6. Seven Pounds (2008)
Веројатно најсериозниот филм на Вил Смит, за еден човек кој пати поради грешката која ја направил и се обидува по секоја цена да го врати долгот. Вака го формулирав ова заради спојлерите...

7. The Virgin Suicides (1999)
Ова е многу темен филм на Софиа Копола, не е за секого.

8. Rebel Without a Cause (1955)
Бунтовник без причина, класика, што да ви расправам...

9. La vita è bella (1997)
Ова е или најтажниот смешен филм или најсмешниот тажен филм. Во секој случај, Роберто Бенињи направи вистинско ремек дело и како режисер и како актер.

10. Cinderella Man (2005)
Вистинската животна приказна за Џејмс Бредок, одлично одглумено од Расел Кроу.


Ова сигурно не е the ultimate list, повеќе се филмови кои сега ми паднаа на памет. Сигурно ќе ми текнат уште 10 други кои можат да влезат во оваа категорија, па ќе пишам и друга листа понатаму...
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
My sister's keeper-Го прикажува општиот живот на некоја личност заболена од неизлечлива болест(рак,тумор,леукемија итн) и сите тешкотии,несогласувања,страдања и последните убави моменти на секое семејство.........
 

Kajgana Shop

На врв Bottom